Македонските граѓани се уплашени, покорни и послушни!

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
МАКЕДОНЦИТЕ ФЕНОМЕН - МНОГУ ДЕМОКРАТИЈА НЕ БИЛО НА АРНО!

Кристина Озимец

М
акедонските граѓани се уплашени, покорни и послушни! Истражувањето за демократската свест на граѓаните на Советот за глобална соработка и Институтот за социолошки анализи покажува дека неверојатни 49% од испитаниците одговориле дека премногу демократија е штетна за граѓаните, додека 57% сметаат дека послушноста е најважна особина.
Истражувањето покажува и дека расте разочараноста на граѓаните од политичките авторитети, а дури 48% од испитаниците одговориле дека живеат полошо од нивните родители.
„Иако граѓаните се оценуваат главно како целосни или делумни демократи, тие покажуваат голем степен на пасивност, а демократијата бара обратно - активно граѓанство во функција на развој на општествените процеси“, вели претседателот на Советот за глобална соработка, Трифун Костовски.
Професорката Емилија Симоска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања вели дека очекувањата оделе во насока дека по 20 години независност авторитарната свест ќе се намалува кај граѓаните, односно тие сè повеќе ќе размислуваат самостојно, наместо да бидат слепо водени, но податоците говорат дека ситуацијата се влошува.
„Авторитарната свест, всушност, е полоша или иста со онаа која сме ја регистрирале во 1986 година. Поголем дел од граѓаните сметаат дека премногу демократија е штетно, четвртина сметаат дека мора да се членува во политичка партија, а дури половина веруваат дека послушноста е најзначајната доблест која може да ја имаат“, вели Симоска.
Очајни граѓани лесно се манипулираат
За половина од граѓаните белата раса е супериорна, а застрашувачки 60% од анкетираните сметаат дека нивниот народ е супериорен.
„Резултатите не мора да значат дека постои голем расизам кај населението поради неприсуството на различни раси во земјава, туку повеќе претставуваат потреба да се биде супериорен над некого“, вели професорката Симоска.
За неа е загрижувачки што повеќе од третина од анкетираните граѓани сметаат дека цензурата во науката, литературата и во медиумите е полезна, зашто така полесно разликувале добро од лошо.
Директорот на агенцијата за истражувања Брима Галуп, Ѓорѓи Кимов, вели дека во земјава граѓанинот е граѓанин само на избори.
„Најлесно е да спинуваш луѓе кои се очајни и незадоволни, по што тие стануваат заробеници на една надеж која не се остварува, а која најчесто партиите ја ветуваат. Граѓанскиот сектор, за жал, е комплетно поразен“, вели Кимов.
Исмет Рамадани, поранешен пратеник, вели дека граѓанинот во Македонија е демократ, ама исплашен демократ.
„Дваесет години имаме мултиетничка влада која владее со мултиетничко општество и ден денес имаме изливи на нетрпеливост. Ние кога се затвораме во нашите етнички кругови понекогаш се прашуваме што се случува со македонскиот народ и со македонскиот идентитет“, вели Рамадани.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Ма премногу мирен народ сме не јебат како сакаат во Грција кога им го утепаа тоа детето од страна на полиција грците ја запалија владата а кај нас кога го утепаа детето правиме геј парадаа,ужассс.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Во принцип македонскиов народ е лесен за манипулација. На прво место му е партијата и религијата а националноста а се останато игра споредна улога. Додека има овци за стрижење ќе има и волна - народна поговорка што го следи нашиот народ од памтивек.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.750
Поени од реакции
1.015
Народецов наш и не е баш да за да му дадеш неограничена демократија ... сеуште за жал не сме на тоа ниво на свесност за да имаме тотална демократија ... не велам дека треба да има диктатура овде ( далеку од тоа ) , но сепак му треба малку цврста рака на народов ... дури и самиот Аристотел кој според мене е еден од најголемите светски мислители , немал баш добро мислење за демократијата .
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Во принцип македонскиов народ е лесен за манипулација. На прво место му е партијата и религијата а националноста а се останато игра споредна улога. Додека има овци за стрижење ќе има и волна - народна поговорка што го следи нашиот народ од памтивек.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.841
Поени од реакции
11.492
Многу се поочајни тие кои сакаат прво да им го преперат мозокот на народот (со нивниот детергент), за да после ги манипулираат, по нивно. Така да ништо ново, непослушен народ не постои. Можеби, но на друга планета.
 
V

Vollstandig

Гостин
Војни,окупации, крадење идентитети, изгубени традиции и наметнати други се резултат на раздвојување на народот и станува лесен за манипулација.Земете ги за пример евреите, колку пати само поробувани биле и истребувани а сепак ги крепи нешто заедно.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Народецов наш и не е баш да за да му дадеш неограничена демократија ... сеуште за жал не сме на тоа ниво на свесност за да имаме тотална демократија ... не велам дека треба да има диктатура овде ( далеку од тоа ) , но сепак му треба малку цврста рака на народов ... дури и самиот Аристотел кој според мене е еден од најголемите светски мислители , немал баш добро мислење за демократијата .
За малку поцврста рака е лесно имаме доста кандидати. Инаку си во право Македонците се доста затуцан народ.
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 16:23 ---
Војни,окупации, крадење идентитети, изгубени традиции и наметнати други се резултат на раздвојување на народот и станува лесен за манипулација.Земете ги за пример евреите, колку пати само поробувани биле и истребувани а сепак ги крепи нешто заедно.
Ти ги гледаш Евреите Ама ние ќе завршиме како Палестиците без држава. ;)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Македонските граѓани глумат дека се уплашени, покорни и послушни додека не си ја завршат својата работа, после тоа си тераат по нивно, за тоа уште постоиме како нација, заради тој инат што го имаме.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Премногу меки сме. Премногу попуштаме, и да, уплашени сме. Али не сме како племето во Грција.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Па Грците се 100 пати подобри од нас дигаат револуција нешто не им е ко што треба се дигаат на асален насилен протест а не ко кај нас геј паради правиме т.е мирни протести што утре пак ке не е*ат!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
20 години визни бариери и транзиции го направија народот затуцан. Што очекуваш од народ за кој Софија и Солун им се странство? За народ кој не е излезен, не е измешан, освен тв и во поново време интернет. 20 години држење на ланци и во социјална беда создава народ лесен за манипулација. Зарем не гледате какви се не фаци седнаа на фотељи? Луѓе кој немаат две чисти се најгласни, луѓе кој уште живеат во камена доба. Од сите страни те трупаат со вести и информации со национален карактер, со религиски призвук и неприфаќање различност. Кај нас се уште во книгите пишува дека хомосексуалноста се лечи. Плус и имаме промена на историјата во последно време, додека ние учевме една, денес друга ни сервираат. Владее општа конфузија. Како нема да си уплашен, покорен и послушен кога незнаш кај се наоѓаш и на каде да тргнеш.
 

--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Demokratija ne e za sekogo t.e. demokratijata e za kolku-tolku intelektualno naselenie, a ne za utucani divjaci i nemismeni ili polupismeni lugje !
Sega da ne me sfatite pogresno, jas strogo sum protiv sekakov vid na totalitarizam, kolektivizam, ednoumie, rezim, diktatura(Komunizam, Fasizam, Nacizam, Rasizam, Nacionalizam i sl.) no isto taka smetam deka i totalnata demokratija i liberalnost ne cinat, osobeno ne za narod koj e dominantno nepismen ili polu-pismen ! Vakvata celosna demokratija povekje bi zalicila na eden vid na Anarhija, sto sekako e negativna rabota.
Umerena demokratija i umerena liberalnost(vo umereni granici) mislam deka se najdobroto resenie !
Inaku demokratijata e imaginaren poim, sekoj si ja tolkuva na sopstven nacin t.e. se si zavisi od covekot ............ na pr. postojat lugje koi i da im se kacis na glava, pa nema voopsto da reagiraat, no za zal ima i lugje koi i voopsto da ne gi dopres, nitu pak poglednes, odma se vzestuvaat i kje ti i*at se po spisok ! Sekakvi ne ima, znaci ipak se si e do covekot, nema vrska toa: nacija, vera, partija, klasa, obrazovanie i.t.n. Sekade ima sekakvi !!!
Ipak treba da postoi nekakva cvrsta raka(zakon i pravo) vo drzavata(bilo koja)sto kje gi drzi koncite, celosnata demokratija i ultra-liberalnosta za mene se Utopia !
Jas sakam demokratija, sakam da ziveam vo demokratija, no problemot e vo toa sto mnogumina ja zloupotrebuvaat istata i zatoa posle kje receme deka nemalo demokratija ili deka demokratijata ne cinela !!!
Demokratija e za pametniot intelektualen covek(kolku-tolku), a ako i dades demokratija i na prostata masa e togas kje nastane kasa i popara !!!
Kako vika eden moj prijatel:
Deneska e vreme vo koe pametnite molcat, a prostite zboruvaat kako bilo, a kako trebalo da bide, je*em ti takvata "demokratija" !!!
So ova saka da kaze deka demokratijata ne e za sekogo, ipak treba da postoi nekakov red i hierarhija vo bilo koe opstestvo/sistem/drzava na planetava, no sekako ne diktatura, totalitarizam, ednoumie, kolektivizam i sl. !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom