- Член од
- 25 септември 2011
- Мислења
- 6.448
- Поени од реакции
- 18.283
Ќе издвојам неколку аспекти.„Авторитарната свест, всушност, е полоша или иста со онаа која сме ја регистрирале во 1986 година. Поголем дел од граѓаните сметаат дека премногу демократија е штетно, четвртина сметаат дека мора да се членува во политичка партија, а дури половина веруваат дека послушноста е најзначајната доблест која може да ја имаат“, вели Симоска.
Очајни граѓани лесно се манипулираат
„Најлесно е да спинуваш луѓе кои се очајни и незадоволни, по што тие стануваат заробеници на една надеж која не се остварува, а која најчесто партиите ја ветуваат. Граѓанскиот сектор, за жал, е комплетно поразен“, вели Кимов.
Исмет Рамадани, поранешен пратеник, вели дека граѓанинот во Македонија е демократ, ама исплашен демократ.
„Дваесет години имаме мултиетничка влада која владее со мултиетничко општество и ден денес имаме изливи на нетрпеливост. Ние кога се затвораме во нашите етнички кругови понекогаш се прашуваме што се случува со македонскиот народ и со македонскиот идентитет“, вели Рамадани.
Што очекувате од воспоставување на 20 годишна демократија да тече мед и млеко?? За да ги уживаме демоктратските вредности потребно е самиот процес да биде еволуција, постепено со текот на годините, да помине време за да може да ги уживаме плодовите на демократијата, а не да биде револуција и да пробуваме во овие 20 години, да ги достигнеме високо развиените демократски вредности кои останатите држави ги достигнаа и достигнуваат речиси 100 години. Зашто во анкетата не се вклучени повозрасните генерации кои патат по времето на Тито, а постарите кои сеуште живеат во тоа време и се надеваат дека ќе се врати маршалот. Тоа е најголема штета на процесот на демократија, од таму влече корени и ставот дека мора да се членува во партија. Факт е дека незадоволните луѓе својата последна шанса ја гледаат во партијата и партиската книшка која ќе им ја донесе долго очекуваната работа, но кој е крив за тоа ? Секако партиите кои манипулираат со народот и го прават послушник и потрчко. Не би рекол дека е поразен граѓанскиот сектор. Нека ги извадат податоците колку само невладини се создадоа, колку партиципиенти има во нив и колку пари се внесуваат за нивното работење и делување, покривајќи ги скоро сите области.
На Рамадани незнам зашто му е чудно тоа што половина се исплашени кога албанските политички елити функционираат на типот, ако не ни дадете ова или она одиме во планина.Правата во демократијата се бараат преку дијалог а не преку закани за воени состојби. Мултиетничкото општество ќе има нетрпеливост не 20 туку уште 200 години. Ние не го сакавме тој модел, насилно ни беше наметнат да мораме да ги трпиме албанците и нивниот начин како го добија правото да бидат дел од ова општество. Кога мултиетничкиот концепт го прогласија за тотално промашување една Меркел и еден Камерун незнам што очекува. Ние сме едниствена држава во светот каде секое национално малцинство ги ужива сите можни права.