Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Шега на страна, имам гледано како се снима филмот, мислам на Viasat Explorer. Janine ептен беше унесена во улогата, изнајмуваше професор по глума за да ја долови поавтентично целата атмосфера која ја замислил Данте.

П.С. Ако одат веќе вакви филмови во генералната дискусија за филмови, подобро да се почне од Пиратките. Филмот е повисокобуџетен, сценариото е полно со секакви пресврти, а и глумата е на ниво.
Нема да одат, не се навикнувајте :)
 
ВЉ, го гледам овој Take Shelter... ќе се случи нешто или да си легнам?
 
Ќе се случи... нешто. И да, филмот е бавен, ама ја не ни осетив кога поминаа 100 минути.
Некои филмови вреди да се изгледаат и поради една сцена, а сцената во мензата или што год да беше тоа, ТОП беше.

Иначе многу сакам вакви кадри

Не е кузнае каков спојлер ама ајде...
WevN.jpg
 
Да, сцената во мензата ме остави подзинат, како и реакцијата на жена му на Куртис. Еве сега ја најдов на youtube, ама не би ја ставил во темата за омилени сцени, колку да не расипам на некој. Такада еве ја овде:

Не ме бендиса филмот којзнае колку, но не жалам за потрошеното време. Сепак се работи за филм со релативно мал буџет па не треба ни да се очекуваат чуда. Ќе се потрудам да изгледам се што има со Jessica Chastain затоа што мислам дека ќе биде врвна актерка, иако дури на 30 годишна возраст се појавува во филм, глумела нешто малку по серии порано. Ја гледав во Tree of Life, Help, The Debt и сега во Take Shelter и беше одлична во сите. Остана уште Wild Salome кој како што читам и е прв снимен филм но сеуште не е излезен. Филмот е со Ал Пачино иначе, има оценка 8.5 и претчуствувам добри работи.
 
Овој Wild Salome од памет ме извади кога го видов Оскар Вајлд на постерот. Дури и си реков...добро нели е....умрен...од пред 100 години :) Првпат гледам да стават автор/ сценарист на официјален постер. Инаку, ако веќе сакаш да изгледаш се' од жената која нема време за ништо, освен за снимање филмови, го имаш и Texas Killing Fields на нет.
 
Kaко гледате филм и седете на форум бе.. кога ќе научите? :pos:
Туку овој Take Shelter излезе нешто како The Road? Не го регистрирав многу, ама еве падна муабет овде онака..
 
Инаку the machinist го глеав и ми се свиѓа, барав similar movies to fight club. Уште сум нуб и ги немам гледано класициве (ваљда се класици). Предлози..?
Што знам... во која смисла слични? Бараш трилери со шокинг твист на крајот или бараш филмови со некакво пошироко значење, дури и ако го нема? :P
 
Kaко гледате филм и седете на форум бе.. кога ќе научите? :pos:
Туку овој Take Shelter излезе нешто како The Road? Не го регистрирав многу, ама еве падна муабет овде онака..
Па не знам, горе-долу...
 
Што знам... во која смисла слични? Бараш трилери со шокинг твист на крајот или бараш филмови со некакво пошироко значење, дури и ако го нема? :P
Двете. Психолошки трилери ? Поширокото значење ми е поважно, ама твистот да не е на одмет :)
 
Двете. Психолошки трилери ? Поширокото значење ми е поважно, ама твистот да не е на одмет :)
Некаде има, некаде нема:
Hard Candy
Final Analysis
The Game
Jacob's Ladder
Mr Brooks
Office Space
Falling Down
 
Pluh, Harsh Times не е психолошки трилер, ама е многу добар.
 
Дајте луѓе некој филм за на школо да гледаме :icon_mrgr:
Да има што помалце дијалози, повеќе акција :))))
Повели 2
Нема дијалози :)
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 02:54 ---
Вечерва обавезно да го гледаш филмов.......овакво ремек дело не се пропушта :)
Неможеш да кажеш дека си филмоман/филмофил, а да го немаш ова ремек-дело изгледано :)
Го има изгледано, само никој не ја сфати дека се зеза :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom