Графички карти

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Цела страна го консултиравме, али како што е обичај во подфорумов џабе беа советите :)
Него ајде било што било, биднало си ја земал. Проба ли со друга игра? Кои драјвери ги инсталираше, тие од паковањето или најнови од нет? И симни GPu-Z и кажи таму колку ти покажува мем. клок.
 
Мастер разбирам... али ако запнев за GTS450 GDDR5... требеше минимум Битола да одам... а ги споредив на една страна GeForce GTS450 DDR3 и GDDR5 и само 5 % беше послаба DDR3 во перформансии... затоа е земав DDR3... иначе со Memory Clock-от заебава нешто навистина !

Еве проверете и сами :) (Пишува официјално дека Memory Clock-от на картичкава е 1200 MHz...)
http://imageshack.us/f/641/gts450.jpg/

Успат... GeForce 9400 GT ми беше подобра :)
 
Бендвит само 17.1GB/s? Ете зашто ти викав да земеш со DDR5, зошто ќе имаше многу поголем бендвит, и доста подобри перформанси при AA/AF уклучено. Разликата е доста поголема од 5%.
Иначе што се однесува до клокот стварно е низок, ефективниот кај DDR3 се множи x2, а кај DDR5 x5, али пак испаѓа низок 1100MHz... можда е до bios-от на картата, искрено не знам.
А да, иако е со DDR3, пак е многу побрза од "добрата" 9400GT :)
 
Побрза тоа јас не го заприметувам во игриве... апсолутно исти се...
Иначе што да и правам сега? Навистина мн. сум разочаран од ова GPU срање...:(
 
Кај GDDR5 ефективната се множи со 4, пример 1000mhz (4000 mhz effective) :)
да те поправам :)

Побрза тоа јас не го заприметувам во игриве... апсолутно исти се...
Иначе што да и правам сега? Навистина мн. сум разочаран од ова GPU срање...:(
Друже ти имаш 17.1 GB/S bandwith.... gddr5 има 57.7.
Твојата има 144 шејдери!!! ти дале осакатена верзија... гддр5 има 192.
твојата има 533 mhz ( 1066 effective) gddr5 има 902 ( 3608 effective)
texture fillrate 18.8 gddr3 наспроти 25.1 gddr5
Pixelfillrate 4.7 ddr3 наспроти 12.5 gddr5
Твојата картичка има силина измеѓу 9500гт и 9600гт
bandwith 17.1GB/s твојата - 16.0GB/s ( 9500гт) - 57.4 GB/s( 9600гт)
texel fillrate 18.8 Gtexels/s твојата - 8 Gtexels/s (9500gt) - 20.8 Gtexels/s ( 9600гт)
pixelfillrate 4.7 Gpixels/s твојата- 4 Gpixels/s мојата(9500gt)- 10.4 Gpixels/s( 9600гт)
Ако можеш одма враќај го ова... бидејќи срање не е соодветен термин за тоа што ти го убутале така... башка на тоа ти дале само 1 година гаранција... ЛОЛ
Ова е некое репарирано осакатено срање.... ( тоа е расипана картичка која ја враќаат кај производителот, кој ја поправува и ја враќа назад, и истите луѓе и ставаат некое скриено знакче кое вообичаено не би го приметил и ја продаваат пo двојно поефтина цена со цел да предизвикаат ефект од типот ...WOOOW за 3500 денари ќе имам гтс450!!! и тоа со 2 GB RaM!! Но притоа даваат помала гаранција... половина година... година)
не е чудо што ти сецка на NFS the run...
проблемот е лоциран и тој е твојата графичка карта.
Иди кај што си ја купил графичката и кажи им да ти ја сменат со друга во тој ценовен ранг и покажи им горенаведените факти...ваљда имаат 6750, 5750, 6670, 5670... или доплати ако можеш за нешто поасално... или види што ќе ти понудат за замена и консултирај се тука, бидејќи или те заебале поштено... или е проблемот само во картичката!
9600гт да ти дадат пресреќен би требало да бидеш... со оглед на тоа дека твојата картичка е послаба од 9600гт а треба да е во јачина со 9800gtx+ ( барем гддр5 верзијата)!(n):(
 
Војвода благодарам за целата твоја подршка, и секако на останатите... утре ќе се јавам од каде што е зедов графичката и ќе гледам за замена... (AMC)... мора да го заменам ова срање... значи апсолутно не се надевав на ваква грешка... значи сепак сум бил во право до некаде... 9400 GT беше 333 MHz... е оверклокнав на 410 и тоа значи било 820 MHz... (со оглед на тоа дека е DDR2... a DDR2 и DDR3 се исти...) Ќе видам што ќе направам и ќе постирам во најбрзо време тука :) Поздрав
 
АМЦ... хех
кога идев на пракса таму пред 4 години... и кога ги прашав сервисерите од каде ги склопуваат нивните компјутери за дома...дали од амц... тие ми рекоа... од АМЦ?? ти будала ли си ??????? xD
што очекуваш повеќе од нив...
иначе цената??? Колку ја плати графичката???
таа дефинитивно ќе е показател на тоа дали е репарирана или не.
за подршка нема гајле, тука сме.... кој колку може и сака... си помага :)
поздрав
 
Споредба меѓу мојата и твојата карта...

Y3GSL.png

Мојата треба да биде послаба од твојата, ама бројките зборат сами за себе.
Али интересниот дел е заокруженото со црно (изгледа другите не го приметивте). Бидејќи веќе пиша дека имаш тиња процесор, моја претпоставка е дека имаш уште по-тиња матична. Затоа и картата ти работи на PCI-E 1.1, или со други зборови - не го постигнува својот максимум. И нема ни да го постигне дур не смениш матична.
 
И мојата треба да биде послаба од вашите, и постара е.Али ете, не е.

gputyi.jpg

Taa GTS450 лично ја имам тестирано и тоа ГДДР5 верзијата, и ќе ти кажам едно.За неоптимизирана игра, GTA IV ја можам со ултрава на вери хај со се и тоа најнов пач 1.0.7, освен сенки на хај, пошо меморија на графичката неам, а со таа неможеш ни на лоу со најнов пач.Има огромен лаг.Исто квадкор е и тој пц кај што ја имам тестирано, дури тој има 2.0 слот, али ете.Не е само на GTA IV истотака.
 
Значи останав без зборови и јако сум заебан... бтв. графичката е зедов за жал 5.490 мкд. :)

БТВ. old_School не е тоа тоа... 17 GB Bandwidth... omG Исто ко ќор да сум :S 9400 GT ми беше 13 GB... навистина страшно...
 
Ниту пола нема да искористиш од тие 600вати
Апсолутно си прав, и јас се мислев на 500 ватно ама планирам да му го земам на брат ми напајањето, а он да земе 700-800 ватно. Ја гледав таа ватажа на "12v rail", 480W е кај 600 а помалку кај 500тката, па си викам ајде. Ќе послужи во иднина на наекој или друг начин, ако не оди во Купувам-Продавам :)
Чим кажа АМЦ ми стана јасно :pos:
+1
Иначе Војвода во право си за цената во Мебиус, ама имам братучед кој работи во Анхоч па ја земав пониско. Вортекс има добри цени а и добри производи се наоѓаат. Мебиус исто. Искрено се радувам кога ќе видам квалитетен производ на ценовник на некои од фирмиве. Ептен тиња проиводи почнаа да продаваат. Од барем 5-6 фирми имам слушнато дека за ова го посочуваат прстот кон АМЦ, наводно носи срање за евтини пари, народов наш неук и вечно сиромав купува кинески ствари.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 23:29 ---
И мојата треба да биде послаба од вашите, и постара е.Али ете, не е.
Абе квалитетна картица си е квалитетна картица. Да не е ептен стара, инаку и тие од пред неколку години се носат со mid-range графички картици.
 
Дечки ова стварно ме изначуди... сега сваќам дека АБЕР немам од компјутери... БТВ. 31.1.2012 е зедов графичкава (т.е вчера) значит по тој закон ќе может и да ми ја вратет... + Гарантен лист... фискална сметка се чувам... ако може некако ќе се смени... (АКО ми одговара) ако не ќе им побарам парите назад... хардверот "напред" :)
 
Абе момци да ве прашам за мислење. Прееска ја клокав таа 6850-ката. Брат ми се фураше малку, па као ај не претерувај. И качив јадрото на 900MHz, меморијата на 1100MHz, морав малку и волтажата да ја покачам зашто Каталистот го ограничува клокот на јадрото на 850MHz. Прочитав доста форуми и сајтови, солидно имаше АнандТек напишано и ми служеше како референтно (топ страна и за други ствари). Одев полека, со стапка од 10MHz и немаше проблем и на горе наведената фреквенција. Температурата достигна до 84 степени. Вентилаторот на графичката ако не се лажам на 100% се качи. Па прашањето ми беше што мислите за таквата температура? Дали е ок или е прилично висока. Ако не се лажам, графичкиве имаат "failsafe" на 105 степени да се гасат т.е. да го намалат клокот на фабричко.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom