MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Која бројка е ?
Кај мене денес приметив дека сите канали се поместени за 2 бројки наназад (ги тргнале двата инфо канали што беа на местото хрт и уште една телевизија)

OBN на канал 72.
Одам уште нагоре, на канал 75 читам HAPPY TV, шо чудо ќе е ова..ама на Хепи ТВ ми излегува ова моментално
ist2_128467-color-tv-bars-non-signal.jpg
 
OBN на канал 72.
Одам уште нагоре, на канал 75 читам HAPPY TV, шо чудо ќе е ова..ама на Хепи ТВ ми излегува ова моментално

А веднаш после OBN и Happy TV се viasat nature i viasat history hd, ги немаше овие досега
 
А веднаш после OBN и Happy TV се viasat nature i viasat history hd, ги немаше овие досега

HD? ..Кај мене не ги гледам. Туку нешто друго видов, канал 123 Viasat Nature, мислам и оваа ја немаше досега. А овие Виасат ХД.. на која бројка се?
 
HD? ..Кај мене не ги гледам. Туку нешто друго видов, канал 123 Viasat Nature, мислам и оваа ја немаше досега. А овие Виасат ХД.. на која бројка се?

На ресиверот што го имам јас му правев мој распоред на каналите така да незнам точно да ти кажам каде да го најдеш, обн и хепи тв не беа на тие бројки што ми ги кажа. Види во менито за прилагодување на каналите, барај ги при крајот (после фејсбук апликацијата и игрите)
 

Најдобрите натпревари од ЛШ и Лига Европа достапни само на MaxTV

· Екслузивно, Македонски Телеком ги откупи правата за пренос на фудбалските натпревари од Лигата на Шампиони и од Лига Европа за сезоната 2012 – 2015 година

· За поголемо спортско уживање, љубителите на фудбалот ќе можат да ги следат сите популарни натпревари во висока резолуција (HD) само на MaxTV

· Спортските фанови во секој момент, без разлика каде и да се наоѓаат, ќе можат да гледаат натпревар освен на MaxTV и на својот мобилен телефон или пак преку интернет

Како компанија којашто секогаш ги следи барањата на своите корисници, Македонски Телеком подготви неверојатно изненадување за сите љубители на спортот. Екслузивно за територијата на Република Македонија, Македонски Телеком ги откупи правата за пренос на фудбалските натпревари од Лигата на Шампиони и од Лига Европа за сезоната 2012 – 2015 година. Корисниците на Македонски Телеком ќе имаат можност да ги гледаат на MaxTV сите натпревари од Лигата на шампионите кои се одржуваат во вторник, сите натпревари во среда освен еден и сите натпревари во четврток освен еден од Лига Европа, за секоја недела во која се одржуваат натпреварите од овие две првенства.

Дополнително, за поголемо спортско уживање, љубителите на фудбалот ќе можат да ги следат сите популарни натпревари од Лигата на Шампиони и од Лига Европа во висока резолуција единствено на MaxTV. Супер куп натпреварот, како и сите полуфинални и финални натпревари од двете лиги, исто така ќе бидат достапни како дел од содржинските понуди на Македонски Телеком.

Со цел да им овозможи на што е можно поголем број граѓани да ги следат возбудливите случувања од фудбалските терени, Македонски Телеком натпреварите од Лигата на Шампиони и Европа лигата ќе ги направи достапни на сите свои платформи, односно достапни преку било кој уред. Па така, спортските фанови во секој момент без разлика каде и да се наоѓаат, а по свој избор, во живо освен на MaxTV ќе можат да гледаат натпревар и на својот мобилен телефон или пак преку интернет.

На овој начин, понудата на содржини од Лигата на шампиони и Европа лигата ќе биде побогата и поразновидна од било кога претходно на територијата на Република Македонија.


Македонски Телеком и во иднина ќе продолжи да го збогатува портфолиото на MaxTV со дополнителни спортски содржини, докажувајќи ја на тој начин својата лидерска позиција на пазарот. Имплементирањето на иновативни понуди, согласно трендовите на пазарот и натаму останува приоритет за компанијата, при тоа обезбедувајќи им уникатни и незаборавни доживувања на своите корисници.

Добар потег од страна на T-Home, уште да обезбедат права за F1. Иначе предлагам темава да се префрли во Телевизии и емисии оти таму се сите дигитални платформи (BoomTV, TotalTV, Blizoo) или евентуално да се направи подфорум „Оператори за кабловска и дигитална телевизија“ оти темава тука послабо се посетува.

 
Добро бе п*****а им м***р 10 дена чекам да го пуштат ова мах тв-во, секој ден им се јавуавам и стандард одговор во централа се обработува. Па не порачав авион да ми склопат.

Колку време се чека ова? Некој од искуство да ми каже
 
Добро бе п*****а им м***р 10 дена чекам да го пуштат ова мах тв-во, секој ден им се јавуавам и стандард одговор во централа се обработува. Па не порачав авион да ми склопат.

Колку време се чека ова? Некој од искуство да ми каже

Од денот кога го потпишавме договорот за 3max optic до денот кога ја наместија опремата, поминаа 11 дена :)
После 10тиот ден и мене вака ме изнервира нивната процедура, па се јавив на 171 да поднесам приговор и им кажав дека ако не се способни да наместат една опрема, слободно може да го поништиме договорот.Утредента дојдоа и наместија, а истиот тој ден двапати ми се јавија од некој си нивни оддел за грижа за корисници да ме прашаат дали сега се било во ред...
 
Од денот кога го потпишавме договорот за 3max optic до денот кога ја наместија опремата, поминаа 11 дена :)
После 10тиот ден и мене вака ме изнервира нивната процедура, па се јавив на 171 да поднесам приговор и им кажав дека ако не се способни да наместат една опрема, слободно може да го поништиме договорот.Утредента дојдоа и наместија, а истиот тој ден двапати ми се јавија од некој си нивни оддел за грижа за корисници да ме прашаат дали сега се било во ред...
Опремата сам си ја наместив јас, само треба да се тестира линијата и да ме мигираат на 3 мах. Најверојатно тоа им е 10 мин работа, само што бајаги го тегнат
 
Македонски телеком стартува сателитска платформа на сателитот Астра 3B 23,5Е. Од Макс тв нема никаква информација, ама тука имате да прочитате кратко: http://teve.ba/article/9040/tri-makedonska-kanala-na-astra-3b

Сега за сега три канали се тестираат на платформата а тоа се Ab Kanal, Sonce и Alfa Tv. Каналите не се кодирани, слободни се и се во mpeg4 формат, DVB-S2.
 
а да ми каже некој како да наместам превод мкд на каналите, и не дека не се потрудив да најдам али стварно немам идеја каде да проверам веќе
 
На копчето Opt. и терај надесно додека не дојдеш кај преводи, после си одбираш Македонски и тоа е тоа.
Само што на секое менување на канал треба поново да го подесиш, незнам зошто уште не го средија тоа.
 
За втор ресивер освен еднократниот надоместок се плаќа нешто плус или си останува истата месечна претплата ?
И дали можи преку еден етернет кабел да се користи и интернет и телевизија преку свич?
 
Дај ако може некој да помогне да ми каже како да ги користам опциите за премотување и снимање ... кога стискам за снимање горе ми пиши снимањето е оневозможено ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom