И док кај нас АлКаеда пали цркви, у Балтичко море, трагачи по богатства, на дното,
снимија округли објект од едно 18 метри дијаметар.
НЛО пронајден на дното на Балтичкото море
Шведските трагачи по богатства на дното на Балтичкото море пронајдоа објект кој може да биде откритието на нивниот живот!
Во потрага по потонати бродови со богатство на тајна локација меѓу Шведска и Финска, нуркачите на компанијата „Ocean Explorer“ снимија неверојатна слика на длабочина од 80 метри под површината на водата. Личи на НЛО – вели лидерот на тимот Питер Линдберг, но никој со сигурност се уште не може да каже што е пронајдено на дното на морето – објави Си Ен Ен.
-20 години го правам ова и сум видел различни објекти на дното, но никогаш нешто вакво, вели Линдберг.
Објектот има цилиндрична форма а должината е 400 метри.
Првиот човек на археолошкото одделение на шведските Маритим Mузеи, Андреас Олсон, признава дека е заинтригиран од фотографијата, но останува скептичен околу прашањето што е пронајдено на дното на морето. Тимот на „Ocean Explorer“ нема да остане на дилемите и на пролет во помирни води ќе се врати на местото подетално да испита што лежи на дното на Балтичкото море. Тоа е многу скап зафат, но од тимот се надеваат дека ќе биде исплатлив.
- Најдобро би било да најдеме 60 метри злато, тогаш би биле пресреќни! За подетални пребарувања ќе ни треба нов поголем брод, повеќе опрема, и мора да го испитаме дното и водата да провериме да не има некаков отров – вели Линдберг. Но и доколку објектот не содржи богатства би можел да биде златен рудник за тимот на „Ocean Explorer“ - ако привлече туристи и приватни инвеститори кои ќе плаќаат со подморница одблизу да го видат мистериозниот брод
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=86374