Македонија е секуларна држава ! - Тоа подразбира дека законот е над верата, каква и да е.
Македонија има закони ! - Твое право е дали ќе се придржуваш до нив или не.
Секуларна за муслиманите. За Православните е верска ... пример на секој каментемелник организиран од Власта, мора да има верски служења од поповите ... во земја каде рапортот меѓу христијани и муслимани е 60:40.
Законите се чудни , за навреда кон македонците ти идат специалци дома , за навреда на албанци или муслимани ... тоа е слобода на изразување.
Ако имаш некој проблем со нешто што се случува во државата си поднесуваш тужба !
Од вас никој тоа не го сторил !
Кога се пали македонско знаме , никој не поднесува тужба , самата полиција реагира , за 30 минути го најдоа господинот од Струга .. и му поднесоа кривична.
Кога се пали албанско знаме и кога се упатуваат навреди во Ниш и Београд ... никој не слушнал ништо ... иако претседателот беше на истата сала со навредувачите , дури на ракометарите им даде награда ... на тие што во демократски земји би трпеле сериозни казни од федерацијата ... пример во Англија.
Колку се ефикасни нашите судови и власти ... досега се покажало често ... дечкото од Арачиново што лежеше затвор и што му ги “скршиле“ јајцата тепајќи го .. после неколку години го пуштија на слобода ... велејќи му , ГРЕШКА БИЛО.
Вевчанци сами си знаат дали треба да се извинат или не, ТИ не смееш да им судиш што треба да направат.
Во многу земји има обичаи посилни од законите.
“Господинот“ македонец што уби албанец и рани друг во Чаир , доби смешна казна за делото (2-3 години) ... велеа бил јак со власта , не можеле да го осудат повише ... плус тоа убил албанци ... не им се дава повише казна за тоа дело ... кога излезе од затвор ... стапија во сила обичаите ... му се одмаздија одма.
Ако власта не сака да казни , казнуваат обичаите.
Најдобро беше на почеток да казнуваше власта , да ги фатеше за уво тие “циркузантите“ од Вевчани , и советот кој дозволил тие да настапуваат ... да ги пикнат у келија ... па ќе се смиреше состојбата.
Сега има две решенија ... да се казнат Вевчанците ... да се казнат тие што се обиделе да палат цркви.
Или да не се казнат и двете.
Што треба да направите? Да удрите по МПЦ?
Ако нешто не ти одговара од Вевчанците, ако си маж, оди таму и пресметај се со нив. Што ме мешаш мене со тоа што палиш црковни објекти, м?
Не сум јас пироманот , нити подржувачот ... што ме мешаш мене.
лош пример... на пример ако знамето го наречеш вентилатор (исмевање) никој нема да т исе замара а за куранот несмееш А да кажеш
За Куранот можеш да кажеш А ,, Б ... Ц ... но не навреди.
За знамето ако кажеш дека е вентилатор ... ако не добиеш казна од законите ... тогаш добиваш од граѓаните.
Пример Билјана Секуловска кажува нејзино мислење за Гоцевата Раса , не е забрането тоа ... но вие ја нарекувате со 300 навредливи имиња.
Еј, конечно сфати дека црквите и религијата не се криви и дека маскираните не се попови, а најверојатно ниту верници. Ова треба да се прослави.
Уште твоите инцестоидни, мутирани во мозокот сонародници да сфатат и нема потреба од дискусија.
Повторно сакате да ви се извинува некој што не е виновен.
Ако си ти Вевчанец и немаш никаква врска со маската би се чувствувал ли должен да им се извинуваш на сите муслимани? Нека се покрене пријава против тие што се дрзнале да си играат уметност. Сепак, Македонија треба да одлучи дали ќе биде Саудиска Арабија или европска држава.
Не да сватам , туку тоа го велев од почеток ... Одмазниците оцениле дека со тоа дело , најдобро би ги погодиле чуствата на навредувачите и нивните подржувачи.
Вевчани е и село , и општина ... имаат совет на општина ... не е големо село , колку што разбрав вевчанци се собрале на состанок и одлучиле дека не треба да се извинат.
Должни на извинување не се сите селани и сите македонци ... туку тие што имале прст во таа маска и сцена ... дали е тоа Општината , Мин. за Култура , организаторите на карневалот ... итн ... кој и да е.
Има и една работа : Ако Вевчанци се казнуваат , но не се извинуваат ... проблемот не би се решил.
Повише би помогнало на состојбата едно искрено извинување , него ли казнување без извинување.
Карневалот постоел и кога немало држава, кога немало Општина Вевчани и кога не земал никој пари од никого. И да престанат да им даваат пари, тие пак ќе си прават маски и ќе излегуваат. Немој само да ми кажеш дека ако не земале пари за карневалот, ОК ќе беше навредата. Ќе ја сметавте за индивидуален акт. Шипки варени.
Нека постои карневалот .. секако дека од наредната година не треба да добијат пари од Министерството ... исто така треба да пазат што тоа ќе пуштат да шета низ Вевчани , и какви пениси ќе се пушат пред децата.
Не е исто кога едно дело е сторено од некој со болен ум , и кога на еден болен ум , му се дозволило од здрави умови да настапи така.
Организаторите знаеле што ќе се појави ... дозволиле ... државните преставници ... виделе што се шета по Вевчани .. не спречиле ... Оваа е организиран настан, намерен.
Во принцип, онаа точка која ве навреди е групен акт на група луѓе, за која вие немате појма дали воопшто се христијани. Можеби се атеисти, како мене. Можеби се и пагани, иако не верувам. Дефинитивно се пијани, што нема врска со ништо.
Кога се работи за тоа да се појават попови на каментемелници , и МПЦ да биде главна верска заедница во државата , велите дека ве има 60% православни и затоа на МПЦ и доликува да присуствува на секоја свеченост.
А кога се работи за лоши дела на христијаните ... се вадите на атеизмот и агностицизмот , демек голем дел од македонците не се православни.
Без разлика , истите што на карневалот изиграваа паганци ... сега организираат стража за чување на црквите.
Сега, зошто вие сите христијани ги ставате во ист кош?
За да речеш ВИЕ ... треба на палењето на црквата да присуствувале илјадници муслимани ... како во Вевчани.
За да бидам јас ВИЕ , треба да речам дека палењето на црквата е ОК.
Јас велам дека палењето на црквата е ЛОШО - НАЈЛОШО , и се ИЗВИНУВАМ на христијаните за дело што го сториле другите.
Ова недостига на другата страна , на Вевчанската страна , досега никој не ги осуди нив , и не понуди Извинување.
Зошто за овој акт треба да биде каменуван автобус со патници? Зошто одмаздата треба да падне врз група рандом патници кои исто така може да се христијани, атеисти, муслимани, пагани... можеби исто така сметаат дека онаа точка не била на место? Зошто да му ја скршите главата на некој онака без врска? Зошто да палите храмови на МПЦ која не е ни организатор нити па има нешто со карневалот?
Одговорот го има на неколку пати погоре.
Кој кого става во ист кош? Кој размислува во множина?
Тие кои досега стрелаа кон сите муслимани, гледај ги навредите на овој форум ... а ние бараме одговорност само од одговорните.