Гневни корисници на Blizoo во салон (видео)

Дали сте задоволни од дигиталната платформа на "Близу"


  • Вкупно гласачи
    76

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Колку ли црепови шетаат по нашава земја со интернет и кабловска за која до вчера не ни знаеле дека постои? Луѓево кај нас се просто да се чудиш. Кога сме кај инциденти кај Близо и македонската урлачка некултура и јас бев сведок на ваков инцидент и тоа поприлично голем кај мене во нивниот салон.

Се случило да ги исклучат кориснициве со неплатени сметки без никакво предупредување, според кажувањето на луѓево. Пусто комунистичко, уште чекаат некој на телефон да им се јави за да им каже: Драг мој кориснику имаш сметка за плаќање. Ај ако сакаш плати ја! Никој не се сетил дека на сметката ти пишува до кој датум треба да ја платиш за да не те исклучат. И идам гледам редица каква што немам видено во животот. Внатре едно 2-3 мажи истовремено и се дерат на жената што работи, абе мислам дека ја преплашија. Тоа закани по живот, пцуење, жив резил. Срам ми беше да ги слушам. Отидов да си ја платам сметката во 11 часот, успеав после неколку пати одење да си ја платам тек вечерта во 8 и немав никаков проблем со тоа. Арно ама заради урлањето на секој можен кој влезе, а кој сака да покаже супериорност и македонското: "можам да те испцујам на 100 начини ако сакам", веројатно ќе успеев тоа да го направам многу порано. Нејсе. Кога влегов внатре влегле пет шест души и си прават муабет, а никој не плаќа сметка. Па они биле запрепастени, една на секој можен внатре му раскажа како тоа детето нејзино сирото не можело да си гледа цртани дента, па она многу се потресла. Пола саат пет души плаќаа сметка. Последниот се погоди ретардос па почна да и се развикува на жената. Ај си ќутев до тогаш, ама просто морав да реагирам. И викам на жената во салон: Добро како цел ден ги трпите луѓево. Поголема некултура немам видено, на што личи ова викање овде? И типот ни две ни три: Па ќе викам бе, кога сум корисник. Добро му викам, што ти е женава крива? Па не ми е, ми вика. Чудесии.

Кога се работи нивните услуги. Јас користам целосен нивен пакет и сум задоволна. Нетот не ми паѓа, неограничен, телефонската линија е одлична, а на кабловска гледам само ФОКС и Еуроспорт, па не ми недостигаат други програми. Во секој случај, кој не е задоволен нека раскинува договор. Многу едноставно, имате ставка во договорот која ви го овозможува тоа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
^ Да, мене малце ми се чудни тие што викаат сметката не им стигнала па не платиле. Па знаеш дека секој месец до одреден период треба да ја платиш. Ако не ја добиеш на време сметката, оди во салон и плати. Ко да не знаат какви се поштиве и поштариве кај нас, едно стига, две не стигаат.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Па греота се вработените. Тие не се за ништо криви и колку и да се револтирани граѓаните не треба нив да им се дерат.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Добро у кој век живеете па телевизијата да ви е битна? за данлоуд сте чуле? па мајку му стара, тоа што го има на нет, е едно 1000 пати поинтересно за гледање него она што на нашите мизерни телевизии го има! ај да се бунат стари луѓе за нив ок е, ама кога ќе видам некој на форум да плаче дека телевизијата не чинела ми се сере!
друже ја ретко гледам телевизија освен вести да чујам и дискавери. не оправудвање ПА ИМАТЕ ИНТЕРНЕТ.. ако ми беше за интернет ке земев таков пакет со една услуга а не со 3. ако незнаат да си ја завршат работата нека си вработат квалитетен кадар.
Интернетов е супер, еднаш на 3 месеци се дешава да снема.
Дигиталнава е исто добра, само спиздив ради ППВ каналиве шо ги исклучија, за спортклуб ку* ме боли.
Фиксниов го користам 2 пати месечно, така да не коментирам.
Во глобала задоволен сум;) плус сеа гледам нешо нови ресивери со снимање и паузирање.
новите ресивери што се за снимање и паузирање ги даваат ИСКЛУЧИВО само со пакетот каде што имаш ХД канали. мислам 1600 беше од прилика.

у темата за близу интернет напишав километарски пост опичувајки ги сите нивни недостатоци и фалинки. ја живеам у бутел и најголем проблем имам со фиксната телефонија. недај боже да теба да викнеш брза помош од фиксен ке ти умре човекот дома - крчи шушка ехо се јавува на сред муабет се гаси од никаква причина прејака струја доаѓа до апаратот и ред други работи.

П.С тие што им се сервисерите им се брзи у пичку материну. пријавувам проблем ми викаат у текот на утрешниот ден ке поминат - поминаа ПОСЛЕ 5 дена и момакот шо го средуваше проблемот ( немав интернет и фиксна ) ми вика екипата шо била претходно грешно ги врзала каблите на бандера па морал да смени конектор и ми вика „како си имал ти интернет и фиксна со овој конектор“ а претходно е беше океј. ај сеа вие најдете нзс на ова.

П.С тие шо се оставени во салоните апсолутно не се криви па некој да им се дере. ја да сум на нивно место ке ги пцујам криснициве зашто се глупи некои едноставно глупи се ! а одговорните лица незнам дали сте занеле им работат САМО во среда и дирекцијата им е некаде кај раде кончар (стар аеродром) пази одговорни лица САМО еден работен ден у неделата.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.816
Поени од реакции
11.440
Уште кога беа кејблтел смрдат. Сега па се најникакви.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Јакиот дел со близу е шо те обврзуе да поптишеш договор за пакет од разумна сума, арно ама тој договор е на 2 години, и 2 години нема мењање пакет. поголеми педери нема.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Уште кога беа кејблтел смрдат. Сега па се најникакви.
Братче кога беа кејблтел беше тип-топ.



Од кога превземаа Близу почнаа проблеми со нетот!, телевизијата многу многу не ме засега.
Пред пола саат разлистувам кајгана, снемува нет 5-10 мин. чекам ..си чекам и..си викам не го бива срањево , одам да спијам.
Кога на бегање се упали портокаловко доле на рутерот и ми текна да разлистам по темиве.

Не сум бил единствен со тиња нет, брз е кога има но не е стабилен. Често паѓа.

Уште еден пример, пред недела - дена си идам дома накај 00:00 нема нет, а сабајлето имав испит ..и шо ќе правиш сакаш нејќеш мора да учиш:pos:
Учев од 00:00 do 06:00 и пред да си легнам проверив пак нема нет. Значи 6 саати без нет, станувам за полагање кај 11 часот пак нема нет! после полагање се враќам накај 14-00 конечно ИМА. Значи најмалце 12 часа бев без нет.

нек си ибат мајката ..при крај сум со договоров нека заврши па ќе бараме друго чарее :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас се каам што потпишав договор со овие преваранти и непрофесионалци...Како прво во договорот за дигитална телевизија, пишува точно кој канали ќе ги фаќаме, а нема врска...1/3 од истите ги нема...И еве неколку дена не работи ресиверот за диг. тел...
Ако не санираат ова, ќе ги пријавам во АЕК и понатаму не им плаќам...Ич не ми е гајле - они прво треба нивниот дел од договорот да го исполнат, па јас мојот како корисник...Нека ме тужат ако сакаат, ништо не ми можат...Сега имам само обична кабловска, зашто тој ресиверот не работи...Среќа интернет и телефон шо не стаив преку нив...
Се јави ти за рисиверот?

Мене не ми работеше, се јавив, дојдоа и ми дадоа нов. Ако имаш од тие белите (уште кога беа Кејблтел), да знаеш дека се фалични и треба да се сменат.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 07:25 ---
Јакиот дел со близу е шо те обврзуе да поптишеш договор за пакет од разумна сума, арно ама тој договор е на 2 години, и 2 години нема мењање пакет. поголеми педери нема.
Не знам која ти е поентата, кај сите интернет оператори е вака. Па дури и кај мобилните оператори.

Ако веќе ги ругаме, да ги ругаме за нешто што не е светска пракса. :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.514
Поени од реакции
87.502
Само од интернетот сум задоволен, знае да снема двапати во месецот ама кратко, другото е катастрофа, и она бабичкана што се дереше, ги жалам нејзините дома што ја чуваат :facepalm:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
За 1000ка вие сакате и мувите ватерполо да ви играат :pos:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Се јави ти за рисиверот?

Мене не ми работеше, се јавив, дојдоа и ми дадоа нов. Ако имаш од тие белите (уште кога беа Кејблтел), да знаеш дека се фалични и треба да се сменат.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 07:25 ---


Не знам која ти е поентата, кај сите интернет оператори е вака. Па дури и кај мобилните оператори.

Ако веќе ги ругаме, да ги ругаме за нешто што не е светска пракса. :)
Предходниот договор шо го имав со кејблтел, беше општо за услугите на кејблтел, т.е те обврзуе да користиш нешто, ама не кој пакет, (освен ако не си од тие промотивните шо беа, моќни а ефтини), и практично можевме да го смениме пакетот еднаш у 3 месеца таму колку беше, сега немоеш така, т.е немоеш уопште да го смениш пакетот, па дури и поскап пакет ако е, без да го раскинеш договорот и да испоплаќаш пенали.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Па греота се вработените. Тие не се за ништо криви и колку и да се револтирани граѓаните не треба нив да им се дерат.
Многу си во право тука. Нека се стават бабите на нивно место.
 

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.464
Гледам сега го намалиле бројот на канали од дигиталната телевизија и веднаш не чинат. Не е крив за тоа Blizoo туку ЗАМП. Едноставно не дозволуваат да се реемитуваат сите странски канали кои имаат бренд како национални HRT1/2, RTS1/2, TRT1, RTL, VOX, OBN, NOVA итн. Замислете SkyNet има концесија за национална и сателитска, а ја нема на ниеден сателит и програмата ја дифузира преку стрим!!! Канали кои се дозволени за реемисија од страна на ЗАМП се апсолутно неатрактивни. Одете во Пробиштип, Зелениково и гледајте кабелска, таму не важат државните закони, се реемитува се и сешто што е забрането од ЗАМП. Во Словенија членка на ЕУ не се забранети за реемисија странските национални канали, заклучок нешто многу смрди овде кај нас или диригент е некој друг? Мораме да гледаме само наши национални телевизии, без можност да споредиме какви се странските. Напишав во еден пост "ние сме коњи со оние на очите како се викаат и не смееме да гледаме настрана". Да не ме разберете погрешно ниту работам во Blizoo ниту пак имам намера да ги оправдувам едноставно мораат да ја следат законската регулатива, а таа како да е дел од политиката на Северна Кореја?
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Дабе грујо е крив, или бранко, зависи која партија си...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom