Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ешли Кол нема да игра за Челзи против нас, штета. Секогаш ми е забавно да гледам како Тони го препотува и фрустрира.

Прво веб, сега ешли...не е фер :/
 
Дали некој гледаше денеска фудбал во Агер Сагер од вас.
Ако некој гледал, дали мислите дека имаше смисла паралелно да се гледаат две утакмици и тоа ни мање ни више навивачи на Манчестер и Ливерпул.
 
Заборајв да коментирам за Погба.. Колку бара дајте му ги.. ваков играч не смее да се пропушти. Само кој центаршут го има... колку пати само ги исфрли игралите на Стоук!
Алал нека му е! А и мора да добива повеќе шанса!
Не би рекол дајте му колку бара...он језда е талент, и за негови години игра одлично, но колку што е добар толку е и дигнат. На 18 години да му се курчиш на Ферги и да му одбиваш договори, треба да си малку...осеќам дека ќе го лупнат него парите го глава. Гигс на негови години играл за 120 фунти неделно, и сите знаеме САФ што му рекол откако овој побарал клубот да му купи кола...
 
Дали некој гледаше денеска фудбал во Агер Сагер од вас.
Ако некој гледал, дали мислите дека имаше смисла паралелно да се гледаат две утакмици и тоа ни мање ни више навивачи на Манчестер и Ливерпул.

Не бев денес ама како мислиш паралелно, на еден исти ТВ идеа двете утакмици одеднаш или како што си беше досега, едните доле другите горе?
 
Не, не Фрос...сите горе на спрат, на два различни телевизори:))) И најверојатно е наше последно гледање од проста причина што ние го промовиравме пабот и сигурно по околу 30 000 минимум месечно оставаме. Неам ништо против да стане збиралиште на фанови на сите екипи ама денеска мораше ние да си гледаме доле.
Инаку, фини навијачи бе, имате еден шегаџија поише збори него ли шо фудбал збори:))))
 
Не би рекол дајте му колку бара...он језда е талент, и за негови години игра одлично, но колку што е добар толку е и дигнат. На 18 години да му се курчиш на Ферги и да му одбиваш договори, треба да си малку...осеќам дека ќе го лупнат него парите го глава. Гигс на негови години играл за 120 фунти неделно, и сите знаеме САФ што му рекол откако овој побарал клубот да му купи кола...

Не можеш да споредуваш тогашни 120 фунти со денешни, денес со 120 фунти во Англија нема пари да имаш за леб неделно не па друго :) Ќе го продолжи договорот Погба, и да сака да си оди летово нема да може затоа што САФ ќе ја активира дополнителната година од договорот. А и со тоа што го имаат на клупа и влегува во игра последниве натпревари, значи дека ќе сметаат на него во иднина.

Со Морисон беше друго, САФ го сакаше надвор од клубов. На 17 години да имаш досие како некој мафиозо од Италија е претерано. Сите новинари велат дека ако САФ и Манчестер Јунајтед не те стават на вистинските патеки, нема кој друг. Иако, ако се свести за 3 години може да биде вратен во клубов, затоа што имаше понуди и од други клубови а Ферги сепак го прати кај Алардајс. Мислам ми ја сфаќате поентата.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 00:32 ---
Не, не Фрос...сите горе на спрат, на два различни телевизори:))) И најверојатно е наше последно гледање од проста причина што ние го промовиравме пабот и сигурно по околу 30 000 минимум месечно оставаме. Неам ништо против да стане збиралиште на фанови на сите екипи ама денеска мораше ние да си гледаме доле.
Инаку, фини навијачи бе, имате еден шегаџија поише збори него ли шо фудбал збори:))))

И ние мислиме да бегаме од таму поради нешто слично што се деси пред 2-3 недели + понашањето на тие вработените е катастрофа :/ Гледаш фудбал а тие пуштиле музика у позадина и некои звуци од радувања којзнае од кај идеа. Сто пати им се рече гасете, те гледаат и ништо не прават :/
 
Која среќа се овие Стоук, нека се задоволни шо не јадоја петарда...
Многу груб фудбал играт, насилнички, без мозок...
Погба ѕвер :vozbud:
15 минути изигра а беше еден од најдобрите на теренот !!!
Голем талент ќе биди дечкото !!!
 
Валенсија бе луѓе :O Мислам дека овој човек не 90, 990 е спремен да изигра.90та минута, веќе сите едвај стојат, освен нели тие шо влегле во 75та, ко Погба :D Тони кога ќе се залета таму десно, жалните незнаат шо да праат. :D
 
Не можеш да споредуваш тогашни 120 фунти со денешни, денес со 120 фунти во Англија нема пари да имаш за леб неделно не па друго :) Ќе го продолжи договорот Погба, и да сака да си оди летово нема да може затоа што САФ ќе ја активира дополнителната година од договорот. А и со тоа што го имаат на клупа и влегува во игра последниве натпревари, значи дека ќе сметаат на него во иднина :/

Сакам да кажам, и Гигс тогаш бил голем талент, па не се однесувал како Погба сега. Сегашниве таленти, се уфурани толку многу, што мислат дека ако за нив се пишува по весници и на интернет го достигнале врвот на својата кариера, и се понашаат ко најголеми ѕвезди...
 
Ако си гледал денес, ќе сватиш дека Погба и баш не е таков. :)
 
Чекам линк да ја спуштам утакмицата... :)
Гибсон :cuc:
 
Ако си гледал денес, ќе сватиш дека Погба и баш не е таков. :)
Од тоа што се пишуваше последниов период, дека нејќел да потпише нов договор, ќе заминел во Сити, добив таков впечаток...дај боже да грешам и да биде легенда во клубов како Гигс...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom