За цитатот веќе е образложено дека не се однесува на самата храна.
Од делата Апостолски 10:15
И гласот повторно му се јави: „Она што Бог го очистил, ти не наречувај го погано!”
ова се однесува само на Петар и на ниту еден друг христијанин, тоа го образложив погоре.
Од Посланието до Тит 1:15
За чистите сè е чисто; а за оние кои се нечисти и кои не веруваат, ништо не е чисто, туку им се онечистени и разумот и совеста.
ова не се однесува на храна. Во сите три глави од Посланието до Тит ниту еднаш не се спомнува зборот храна.
Од Првото послание до Тимотеј, глава 4:
1 А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења,
2 преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест,
3 кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.
4 Зашто секое Божјо создание е добро, и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност,
5 зашто се осветува преку Божјото слово и молитвата.
стихот 4 е во контекст на стиховите 1 и 3 - дека во подоцнежните времиња ќе се појават ѓаволски учења, кои ќе забрануваат воздржување од јадењата што Бог ги создал за верните.
Бидејќи Стариот завет (со забраната за јадење свинско) постоел пред да се роди апостолот Павле, тоа што го кажува Павле се однесува на некои ѓаволски учења во иднината, кои ќе забрануваат некои јадења кои Бог во Стариот завет ги има прогласено за чисти (добри)!
Од Посланијата до Римјаните, наместо 14:14
Знам, и уверен сум во Господа Исуса, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној, кој смета дека нешто е нечисто - нему му е нечисто.
многу посилно и појасно е 14:20
Не разурнувај го Божјото дело - заради јадење! Сè е чисто; но е зло за човекот, кој јаде на соблазан.
Признавам, за ова не бев спремен (прифаќам кец!), ама за следниот час ќе се јавам да одговарам за ова. Ќе ми треба време добро да го проанализирам.