Колку им е тешко на некои да се извинат ... цело време струшките муслимани бараа оградување и извинување за навредите во Вевчани , а некои од преголема гордост не можеа да речат извинете , нема да се повтори.
Сега веќе излезе надвор од контрола , на лошото и се врати со уште полошо ... не знам кој тоа одбиваше да се извини и да превземе одговорност за Вевчани , кој што беше организиран од општината , но и од Министерството за Култура со 50.000 евра , пари и на муслиманите , а со тие пари се направија провокативни сцени во Вевчани против сите муслимани.
Односно , јас му давам некому пари , а тој со тие пари ми отвара гроб.
Што им кошташе да се извинат?
Најискрено ви кажувам , кога ја прочитав веста , реков , тпху срамота , како можеле ... од почеток секој требаше вака да изреагира , и немаше ништо лошо да се случи ... но, се затворија ушите ... и сега чекај ги последиците од сите страни ...