Од вчера во Црна Гора литар Еуросупер 98 чини рекордни 1,41 евро, а Еуросупер 95 е 1,38 евра, Еуродизел 1,28 евра, што е најскапо на Балканот. Најевтин бензин од земјите во регионот плаќаат граѓаните на БиХ каде литар Еуросупер 98 чини 1,18 евра, Еуросупер 95 - 1,15 евра, а литар Еуродизел - 1,25 евра.
Во Македонија литар Еуросупер 98 се продава за 1,32 евра, Еуросупер 95 за 1,29 евра и Еуродизел за 1,18 евра. Во Србија цената за Еуросупер 95 изнесува 1,31 евра, а за Еуродизел - 1,30 евра за литар. Во Хрватска Еуросупер 98 чини 1,36 евра, Еуросупер 95 е 1,32 евра, а Еуродизел - 1,28 евра. Во Словенија литар Еуросупер 98 чини 1,396 евра, Еуросупер 95 е 1,38 евра, а Еуродизел - 1,305 евра.