Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
- Член од
- 7 јуни 2008
- Мислења
- 16.676
- Поени од реакции
- 21.233
Продажбата на српската телевизија Пинк на медиумскиот гигант РТЛ, која е повеќе од извесна, сигурно ќе го раздвижи и македонскиот медиумски пазар, каде што Пинк ја поседува Пинк 15. „Капитал“ ексклузивно дознава дека во пакетот на Пинк оди и Пинк 15
Медиумскиот гигант РТЛ најверојатно ќе ја купи српската медиумска групација Пинк, со што преку Пинк 15 ќе влезе и на македонскиот медиумски пазар. Тоа дефинитивно ќе значи размрдување на состојбите во електронските медиуми во Македонија. РТЛ ќе биде повеќе од сериозна конкуренција за постоечките телевизии затоа што работи по многу високи стандарди, има богата програмска шема и многу голема сопствена продукција.
„Капитал“ од раководството на Пинк во Белград ексклузивно дознава дека во пакетот ќе одат сите 15 телевизии на Пинк во регионот, меѓу кои е и Пинк 15 во Скопје. Иако од Белград велат дека освен со РТЛ, преговараат со уште две странски компании, сепак медиумите од Србија јавуваат дека работата со РТЛ е речиси завршена.
„Ние минатото лето почнавме преговори за евентуална докапитализација и досега водевме разговори со три заинтересирани страни: Ringier Axel Springer од Швајцарија, РТЛ од Германија и Мид инвестмент од Велика Британија. До промените во учеството во капиталот најрано може да дојде во мај оваа година, доколку сопственикот на Пинк медиа груп постигне договор околу бараниот износ. Доколку дојде до докапитализација и промена на сопственичката структура, тоа ќе се одрази и на Пинк 15 во Македонија, со оглед на тоа дека се преговара за сите пет земски телевизии и за 15-те кабловски програми што ги поседуваме како медиумската групација“, вели за „Капитал“ директорот на секторот за односи со јавност на српската телевизија Пинк, Дарко Поповиќ...
Извор
Супер! Конечно нешто добро кај нас од телевизииве.