да не помисли некој дена го оправдувам шундо, можеше од клупа да се повлечат некои подобри потези во неколку ситуации, но не е само да се смени тренерот, свеста кај играчите мора да се промени, да има почитување на тој што ке биде тренер, тренер се слуша што ќе каже, се постапува по неговите укажувања, дури тогаш и кога си убеден дека тој греши, макар тоа бил и шундовски...работата е во тоа што некои од играчите (кире, аљуш..) имаат играно со него, а на другите им бил тренер во металург(кој добро знаеме како потценувачи металург се откажа од неговите услуги), па можеби и затоа премногу со непочитување се однесуваат кон него, едноставно не е авторитет човекот за нив. истото се случува и во металург сега, за поголем дел од ракометарите лино не е авторитет...најверојатно е до карактерот на тренерот, со арно со убаво, со пријателски однос неможеш да го натераш овој наш спортски менталитет на дисциплина...само со казнувања, викање и слични методи. на червар истото му се случи и во хрватска репрезентација, он ги напраи играчи, на негова заслуга зимаат огромна пара денеска, ама тоа за балич и компанија не е доволно, го заборавија неговото преку ноќ, станаа големи стручњаци, и кој го ебе сеа... сметам дека тоа е до карактерот на човекот, таков начин познава, не умее поинаку, а тоа некој не знае да го цени, и го злоупотребува.
тоа е правило, кога се победува, играчите се добри победуваат, а кога се губи секогаш е тренерот крив, мора да е така без исклучок. за разлика од кошаркарите, кои имаа перфектно водење од клупата, цел стручен штаб не само марин, во овој случај со ракометов, звонко имаше помала улога во нашиот успех