Финале: Србија - Данска - [29.01.2012]

Статус
Затворена за нови мислења.

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.747
Поени од реакции
6.689
:cuc: за Данска. Не знам колку и да сакате да ги мразите заради дуелот со нас се гледа од авион дека се совршен колектив и физички и ментално. Уствари ракометот е доведен до перфекција кај нив и кај другите скандинавски земји. Типував за нив против Шпанија, типував и денеска против Србија, а типував и пред првенството за шампион (не си уплатив а се мислев, 6 беше коеф. :tapp: ). Последните првенства слично како и Хрватска стално се во топ 4 и можеше да се очекува вакво нешто. Да влезеш во втора фаза со 0 бодови и да станеш шампион :cuc: тоа не паѓа така од небо. Ние бевме најблиску да ги спречиме да станат шампиони, ама тоа треба да не направи погорди на нашите играчи кои им шибнаа 19 гола за едно полувреме, а Србија одвај тоа го направи за цел натпревар :tapp:. Србите пак, тотална утка. Ако не им беше Станиќ, ќе изгубеа 10 разлика. Е сега некој може и за нас да каже, ако не ни е Лазаров нема кој да дава голови ама Станиќ па сигурно не може да дава голови, тоа треба да го направат неговите соиграчи. Па Србија немала ни леворак десен бек, како ли само стигнаа до финале е просто неверојатно :facepalm:. Форсираат некоја спора игра, дефанзивна, 0-1 голови, фудбалски кажано или некојаси ракометна верзија на Мурињо стил. Нашите мислам дека се добра комбинација, на спора ама промислена игра, посебно во нападот, правиме доста акции, од сите позиции даваме голови ама за тоа секако е најзаслужен Кире, а србите немаат таков интелигентен играч. Оваа 2-ро место дури им е и overrated.

И СРАМ ДА ИМ Е НА СРБИТЕ ИЛИ ЕХФ...КОЈ И ДА ИЗБИРА ИДЕАЛЕН ТИМ НА ЕП... НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ И ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ АСИСТЕНТИ ЧИЈА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА БЕШЕ ХИТ И ЗАВРШИ 5-ТО МЕСТО, ДА НЕ БИДЕ ВО ИДЕАЛНИОТ ТИМ Е ЗА СЕКАКВА ОСУДА!!! ПА УШТЕ И МОМИР ИЛИЌ МВП?!?! АБЕ АЈДЕ...СЕ ВИДЕ ВО ФИНАЛЕТО КОЛКУ Е ЈАК, ДАЛИ ДАДЕ И 2 ГОЛА? КИРЕ ИМ ЛУПНА 13 НА ИСТИТЕ ДАНЦИ. :cuc:
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Данска тепа со два разлика.
Првиот пост на темава. Малце е глупо да се цитирам сам себе ама то е. Да бев вака успешен во предвидувањето и на нашите резултати ќе земевме златен медал. :pos:
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.139
Поени од реакции
5.892
When shit hits the fan, дајте му ја топката на Хансен. Ги УТЕПА денес. А и голманот.... :cuc: 19 одбрани од 38 шута. 50% успешност. Секоја чест.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.466
Поени од реакции
42.742
Зашто така мислиш ... гледај само каква иднина има оваа репрезентација .. Стоилов убедливо најдобар пикер на првенство ...
Оваа репрезентација ја имаше публиката и најмногу поради фактот што беа ко-домаќини на ова првенство и играат пред 10 000 свои навивачи стигнаа до ова 5то место, од овие 10 000 луѓе ако одземеш 9990 и го добиеш бројот на луѓе кои ги бодрат пример во случај да се играше во Шведска или Германија, ниту од првата фаза од групи немаше да излезат со Шундо ко селектор.

Точно е дека ова е феноменална генерација ама за нас македонците ова е стандард самите да си ги комплицираме работите, со Червар сега ќе гледавме финале, или битка за трето место, во секој случај за медал ќе се бореа.

А сега останавме со она лузерското, ЗА МАЛЦЕ, немавме среќа ...

Имаше една дешавка помеѓу Аврам Грант и Мурињо пред неколку години, кога Мурињо беше избркан од Челзи а Аврам Грант ги однесе во финале у ЛШ,изгуби титула во последно коло т.е. до последно коло се бореше за титулата и изгуби во финалето од ФА купот. Аврам му кажа дека за разлика од него стигнал до финале во ЛШ и за малце ќе освоел тројна круна, а Мурињо му одговори, тоа е точно, ти за малце Се ќе освоеше, и ЛШ и ПЛ и ФА куп ама ти ништо не освои, in my philosophy almost is nothing. Затоа и Мурињо со МАЛИОТ Порто освои ЛШ.
Tргнете го Мурињо тука, видете му ја поентата, ова не треба да ни претставува утеха, доста се понашаме ко малечка недорасната земја и доста се тешиме со ова, види, нема ниту еден новинар да им го плесне во фаца ова на РФМ, зашто не Червар а зашто Шундо, и ред други работи да ги запраша ...

Не, сите сега пишуваат за успехов, 5то место на домашен терен пред 10 000 публика, воув, далеку е ова од голем успех како што тоа е претставено во нашава земја, па еве србиве ко домаќини со атмосфера 10 пати полоша од онаа нашата на трибини стигнаа до финале а исто далеку се послаби од останатите гиганти во Европа. 21ви век сме, веќе во 12тата година влеговме од истиот, доста више се однесуваме и се гледаме себе си инфериорно, ко земја која се задоволува со 5ти места и со муабетот, се носевме со големите но немавме среќа.

Се дур се понашаме вака, анемично, и игнорираме проблеми во сопствената држава кои не кочат, ние за голем успех можеме само да сонуваме. Овие од КФМ једино што направија 1 единствен паметен потег, се решија за Бо без кој ќе бидеме просечна кошаркарска репрезентација, по истиот принцип требаше да работат и од РФМ, со тоа што ние имаме феноменален играчки кадар, ама очајни сме на изборот за селекторска функција и тоа одамна е познат факт.
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
246
Поени од реакции
296
Што ви зборев јас да не се залетувате многу;)Данска е перфектна репрезентација, со најчиста игра, брзи напади, одлични поединци. и штом влегоа во ритам знаев дека ќе го освојат првенството.
Видете ја класата сега.Судија последните 15 минути 5-6 пати ги помагаше Србите со судиски одлуки, па пак не ја победија Данска.Да не им беше Станиќ на Србите ни полуфинале немаше да играат.Данците комплетно си ја темпираа формата и кога требаше највеќе да дадат тоа и го сторија.
Ние со Данска го игравме натпреварот на векот.Ги надигравме комплетно и капа долу за момците.Секоја чест.
Хансен мајсторе:cuc::cuc:.Какво играчиште, каков талент, каков шутер, а има само 20 години.Неверојатен играч и за мене дефинитивно најдобар на ова Европско првенство.
 
В

Вори

Гостин
Ја па не сум импресиониран од Данска воопшто,барем не на финалниов натпревар.Имаа одличен голман и ги искористија сите слабости на Србија.На контри ги фаќаа,одбраната беше отсутна и тако даље.
Мене Хрватска и Шпанија подобар впечаток ми оставија отколку данциве.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.218
Поени од реакции
8.055
Хансен мајсторе:cuc::cuc:.Какво играчиште, каков талент, каков шутер, а има само 20 години.Неверојатен играч и за мене дефинитивно најдобар на ова Европско првенство.
Хансен има 24 години.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.838
Поени од реакции
15.988
Џабе им 200 преноси на Сител, кога на крајот прогласувањето на победниците не го дадоа во директен пренос.(n)
Ебате телевизијата каде побитни им се вестите и турските серии.. страшна работа.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Тоа е тоа, идемо даље. Свака част за Данциве, апла се гледа дека го владеат ракометов.

Позитивно е што после долга пауза Србија се враќа у рукомет и во блиска иднина очекувам повторување на успесите на Металопластика и Југославија.
:pos: Данците ги исплескаа како мали дечиња.........Од 01 секунда до 59.59 ги млатат како мали мали дечиња...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
претходниот Македонски селектор кој беше имав слушнато демек се скарал со луѓето од РФМ бидејќи му се мешале во работата и на негово место дошол овој кој што му било задача и да повика за репрезентација некои играчи и да ги форсира со цел да ги се дигне цената, се зборува демек тоа бил и на ова првенство некој од помладите играчи, е сега дали е ова точно незнам, знам смао дека се чаршиски муабети, а колку е точно незнам, само знам дека ми е сумливо зошто баш овој селектор!!!
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Супер си е Шундовски -одлично функционираме вака. Знаеме дека ако дојде некој заебан авторитет селектор може и да се скара со Кире кој е малку инаетчија и недај боже може да се случи да падне моралот кај нашиот најдобар играч.... Е тогаш сме го ебале ежот..
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.139
Поени од реакции
5.892
Абе ја изгледа сум пропуштил еден податок... Момир Илиќ МВП?!?!?! :eek:

Со кој памет бе?!?!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom