Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 508 58,7%
  • Не

    Гласови: 357 41,3%

  • Вкупно гласачи
    865

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
8-часовна работа, со храна и вода заработена од самиот затвореник, плус 70% ќар за општеството, не е бавна халуциногена смрт, леандра. голи оток, солена вода и камшици се твои зборови, не мои.
Каде мислиш да го пратиме да работи?Во банка да не сака?
Ај малку пореално,имаш убава идеја,но неостварлива.Ако сите „нелуѓе“ ги оставиш на широко поље,веројатноста да го убијат чуварот или да избегаат е огромна.Овде збориме за лудаци,што нема да ти копаат секој ден,туку ќе ти ја скопаат главата за брзо време со ладно оружје.
Останува солуцијата доживотна самица која е еднаква на моите зборови,бавна халуциногена смрт.
Ако сака да живее,има голи оток,ако не сака има камења во глава.Уствари многу му е и овој избор.
 
T

Tetro

Гостин

те подржувам во целост.

само мислата ми е на оние кои се осудени со "докази" дека се виновни, а сепак не се извршители на некое тешко кривично дело, но се осудени поради факт што некој моќен ѓи повлекол конците?
 
Г

Господ

Гостин
Ниту работа ниту слобода!
СМРТ!
Смрт за болните девијантни умови од кои добрите луѓе не можат да кренат глава!
На што поточно е жртва карамарков?
Го терал некој да зема дрога?? -НЕ!
Бесилка за таквите!
Го терал некој да убива да краде?? -НЕ!
Бесилка за таквите!
Секој станува криминалец по избор!
Таа "мајка" Liberation не е МАЈКА туку МОНСТРУМ.
Каква е таа мајка која своите фрустрации ги исфрла на невино дете??
Бесилка за таквите!!
И самиот велиш да се спречи навреме!
Која е користа да пратиш некој како карамарков на лечење кога тој кога ќе излезе ќе го повтори својот rampage!!?
Бесилка за таквите!!
Како јас треба да се однесувам со човек кој замалку ќе ми го одземеше животот?
Зарем да дозволам некој друг ден вистински да ме повреди мене или некој коj ми значи?!
Бесилка за таквите и сите слични монструми!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
во Македонија има 1.400 затвореници. сад се со 2 милиони, вкупно во светот во овој момент затвореници се цели 10 милиони луѓе.

може некој да ми пресмета колку пари ќе носат тие ако работат по 8 часа дневно, наместо да се остават по цел ден да безделничат? има да ’рмбаат бре! цел живот има тули да прават, кои ќе се продаваат за цена колку материјалот плус нешто за храна на несреќниците, за да можат сиромашните да си купат градежен материјал и да живеат достојно, колку-толку.
Иако за функционирањето на правниот ни систем имам многу резерви (поради тоа сум резервиран и за смртната казна), сметам дека е апсурдно таквите да ги праќаш на принудна работа (осумчасовна - да не се преработат:tapp:), од која тие ќе живееле достојно. Зошто би живееле достојно?!
Во тоа е и поентата - поради своите (не)дела тие не заслужуваат да живеат достојно. Заслужуваат казна во еднакви пропорции со страдањата кои ги нанеле, дури и повеќе од тоа.
Има тука една интересна работа. Како и да бидат казнети овие „луѓе“ (посебно сериските и масовните убијци) никогаш нивната казна нема да соодветствува со нивните недела. Ако ги гледаме работите на тој начин, правдата изгледа недостижна и за смртната казна како нешто нехумано тогаш не вреди и да се зборува.
И да, не е се во парите. Не треба во секоја прилика да гледаме само на тоа како нешто можеме финансиски да го искористиме. тоа е и една од причините поради кои ни се случуваат срања.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
смртна казна да, за сериски убијци но не со инекција или електрична столица туку бавна и болна смрт
 
Г

Господ

Гостин
Не!
Не смртна казна!
Само смрт!
Ти не ги казнуваш!
Ти ги отстрануваш,како и лебарките и стаорците!
 
C

Celsius

Гостин
А што да правиме со крадците,измамниците и слично?
И нив ли да не ги судиме.
Секој криминален смет треба да се тргне што побргу од улиците.

Smart ass сакаш ефтино да поминеш:
еве ти една ситуација слично на Монти Пајтон

Јавно каменување во Универзлната сала
Си плаќаат гледачите(воедно и џелати) карта и со тоа добиваат камен.
Се доплаќа за други камења и секој трет е бесплатен.
А да сите ќе бидат темелно претресени за да се спречи шверц на камења од надвор.
Милина,ем задоволна публика,ем пун џеб,ем помалку криминални абоминации.
Станува збор за смртна казна, никој не ја заслужува, подобро е доживотен затвор одколку тоа.
Доживотниот затвор ти дозволува долгогодишно преиспитување на сопствените грешки во животот и ти остава доволно простор да размислиш што и како можело да се направи во одредена ситуација. Ем добиваш психолошки напредок ем за него и онака нема спас. Така да си ги постигнал и двете цели без директно убиство. Ако се прашувам јас во никој случај не би сакал да носам крв на своја рака односно таква одлука па не знам кој би можел.
Тие што можат секоја им чест.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
248
Поени од реакции
54

ne be brat ostaj tie muabeti toj tipacot ako mislel ce mislel pred da ubiva a ne poslem demek zaso ubiv ja ceok so mi trebase sea ova jadni rodjaci crna majka mu plache ne be toj ce misli kako da izbega ili da potkupi sudija advokat pa da mu namalat kaznata i da izleze pak i pak da ubiva nekoi mislat sigurno kako pak i pak i pak ce ubivat ljudi niso brat samo besilka najsigurna rabota ti e toa be znaes kako se kazue iz zatvora ikad iz groba nikad toa ti e
 
Член од
18 април 2008
Мислења
15
Поени од реакции
0
А не сваќам што ќе ти е да добие тоа говедо психолошки напредок...Да не планираш да го пратиш пак на слобода да се докаже дека се поправил,дека ако не тогаш и неговото преиспитување не ти врши некоја голема работа-и онака ќе си умре во затвор.А со смртната казна ќе извршиш поголемо влијание врз секој што планирал да направи нешто такво...како што прават во Кина.

Така да ја сум апсолутно за и како што рече членот погоре тие се како лебарки и стаорци и требаат да бидат отстранети.
 
Г

Господ

Гостин
Станува збор за смртна казна, никој не ја заслужува, подобро е доживотен затвор одколку тоа.
Доживотниот затвор ти дозволува долгогодишно преиспитување на сопствените грешки во животот и ти остава доволно простор да размислиш што и како можело да се направи во одредена ситуација. Ем добиваш психолошки напредок ем за него и онака нема спас. Така да си ги постигнал и двете цели без директно убиство. Ако се прашувам јас во никој случај не би сакал да носам крв на своја рака односно таква одлука па не знам кој би можел.
Тие што можат секоја им чест.
Тоа ти е како да чуваш стаорец по дома.
Никаква корист од него,има огромна шанса да ти избега и да направи штета и за џабе трошиш ресурси за да го одржиш во живот.
Sirian убаво кажа,требало да си мисли пред да го стори тој злочин.
Плус,би можел да си ги натопам рацете со крв на створ кој не го сметам за човек.
Дајте ми ги,главен џелат ќе бидам!
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
секако дека НЕ. животот е најсветото нешто на светот кое ни е дадено од Бога и никој човек по никоја основа нема и не смее да има право да го одземе некому или на тој начин да казнува!!!!!!!!!
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
До кај стигнавте значи, смртна казна за крадење.. Ма хардкор до краја бе. :eek:jea:
 
Шо збораеш бре...баш би сакал да знам дали си вегетеријанка...
И дали кога ќе се разболеш идеш на лекар.
Пошо и пилињата и прасињата и телињата а богами и бактериите се живи.
Кажав 1001 пат ќе кажам пак!
Тоа не е казна туку отстранување на сметот.

До кај стигнавте значи, смртна казна за крадење.. Ма хардкор до краја бе. :eek:jea:
Све е за бесилка!
Лопови,убијци силувачи...све тоа стуткај и фрли у ѓубре!
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
И локалните копиљи по 12 години шо украле по банана-чоколатце од локалната продавничка.
Ма еби им матер нели?

:pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom