- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Перо Антиќ
Тројката на Илиевски ќе ме „тресе“ до крајот на животот
![](http://oleole.mk/images/stories/anticnosecka1.jpg)
Успехот на кошаркарската репрезентација на Европското првенство во Литванија ја одбележи 2011 година на спортски план во Македонија. Четвртото место освоено од момците предводени од селекторот Марин Докузовски донесе толку емоции и славје во нашата држава што случувањата во септември ќе бидат прераскажувани уште долго, со години, децении...
Капитенот Перо Антиќ не беше само еден од најдобрите поединци, туку и лидер на националниот тим, а токму во Литванија докажа зошто и како ја заслужил капитенската лента. Олеоле.мк смета дека Антиќ е не само спортист, туку и личност на годината во Македонија, па решивме да поразговараме со него и да ги слушнеме неговите ставови за се што се случуваше и ќе се случува некаде 100 дена по големиот резултат на Евробаскетот.
2011 година ќе биде запаметена како историска за македонскиот спорт. До крајот на животот ќе ја памети и Антиќ. „Оваа година ми беше највозбудлива во кариерата, се што се случуваше пред, во и по Литванија кај мене остави длабоки траги. Емоциите се враќаат кога и да помислам на тоа или видам некоја фотографија. Неверувањето кое се јавуваше на почетокот веќе избледува и останува само желбата за повторно доживување на истото. Иако првичниот шок помина, емоциите се уште се многу силни.“
![](http://oleole.mk/images/stories/antic.jpg)
Македонските навивачи покажаа неверојатен карактер во епизодата Литванија. Дел од нив патуваа илјадници километри за да ја следи репрезентацијата во првата фаза, за потоа да пристигне и поголема група. Приказната заврши со пречекот во Скопје. „Најдобро ќе ви одговорам на ова прашање ако ви кажам дека имам најголема трема кога играм во „Борис Трајковски“, пред нашата публика. Кога ќе ја видам целата сала полна заедно со огромните знамиња се чувствувам прекрасно. Голема благодарност до сите навивачи што дојдоа во Литванија, но и до оние што се радуваа, плачеа и се нервираа заедно со нас. Таа љубов која ја чувствувавме беше најголем мотив за нас.
По претходното ЕП во Полска, во Скопје ве пречекаа само најблиските. Одејќи низ новите аеродромски простории помисли ли дека пак ќе биде слично...
„И тој ден ќе го паметам додека сум жив. Пристигнавме премногу изморени, физички и психички исцрпени и се уште под големи импресии од пропуштената шанса да освоиме бронзен медал. Додека минувавме низ аеродромот се беше мирно, но кога се отвори последната врата...ништо веќе не беше исто и никогаш нема да биде исто“ – вели емотивниот Антиќ.
![](http://oleole.mk/images/stories/antic1.jpg)
Првенството во Литванија донесе големо славје, но кошаркарите имаа и тешки моменти со кои мораа да се соочат на турнирот со густ распоред. „Имав многу кризи и тешки моменти. Тешко ми беше после двата порази од Русија, по поразот од Црна Гора на првиот натпревар и по сите навредливи коментари на интернет по само еден пораз. Долги години сум во кошарката, но навредите на почетокот ми паднаа тешко. На крајот, победата над Литванија неутрализираше се што се случуваше дотогаш“ – вели Антиќ. Кога се споменува четврт-финалето, на сите низ мисли ни прелетува тројката на Владо Илиевски. „Не паметам што помислив во тие неколку секунди додека топката одеше кон кошот, но знам што ми прелета низ мислите по тројката. Тоа чувство го имам и денеска и ќе ми биде најубав спомен од Евробаскетот.
Со големиот успех во Литванија, Македонија доби можност за славје каква што досега немала. Но, резултатот на кошаркарите ќе биде и тешко достижен предизвик за идните генерации. „Не можам да тврдам дека е така, затоа што и ние генерациски имавме многу проблеми, но еве се случи Литванија. Дури и таму можевме уште повеќе, но дојде повредата на Тоше кој беше психички столб на тимот и други околности кои не спречија да завршиме на подобра позиција. Сакам да кажам дека најважно е да се смени свеста и менталитетот во државата, децата од мали нозе да се насочуваат кон спортските терени, а компаниите да вложуваат во македонските екипи и репрезентациите“ – потенцира Антиќ.
![](http://oleole.mk/images/stories/antic3.jpg)
Откако Европското првенство останува во историјата, во новата 2012 година следува нов предизвик за Антиќ и неговите колеги. Предквалификацискиот турнир ќе биде последна можност за македонската репрезентација да обезбеди пласман на Олимписките игри во Лондон. Имаме ли реални шанси за такво нешто?
„Не би сакал да дадам конкретен одговор на ова прашање, не поради суеверие, туку најмногу поради многуте фактори кои се пресудни за да се случи Лондон. Можам да кажам дека мојата екипа продолжува таму каде што застанавме во Литванија, останува истиот мотив, големата желба и секако нашата целосна посветеност.
Домаќин на турнирот неочекувано ќе биде Венецуела. „Тука има многу фактори, пресметки и различни влијанија на многу поединци, па и цели земји. Јас би сакал до крајот на мојата кариера да играм на првенство во наша организација и се надевам дека дотогаш спортот ќе го добие вистинското место и Македонија ќе се претстави во вистинско светло.“
Побаравме и препорака за фановите како да издржат до рано наутро за да ги следат натпреварите. „Сите ние што сакаме кошарка од деца сме седеле по цела ноќ за да гледаме НБА натпревари. Според тоа, не верувам дека на некој наш фан би му било проблем да остане толку доцна за да не следи, освен можеби на најмалите.“
![](http://oleole.mk/images/stories/antic4.jpg)
По завршувањето на Евробаскетот, Антиќ потпиша договор со Олимпијакос и доби можност да настапува за еден од европските кошаркарски великани. Дали Грците го пикираа нашиот капитен уште за време на турнирот во Литванија?
„Иако немав договор за оваа сезона, постојано нагласував дека додека трае првенството, не би сакал да си правам дополнителен психолошки товар со преговори и потпишување договори. Некако се поклопија работите, па веднаш по Литванија ми се случи Олимпијакос и веднаш прифатив.“
Што пресуди за капитенот да ја прифати понудата на црвено-белите од Атина. Дуда Ивковиќ, финансиската понуда или амбициите?
Се заедно значеше една супер понуда во која беа вклучени авторитетот на Дуда Ивковиќ, Евролигата како најпрестижно натпреварување и големината што со себе ја носи Олимпијакос. Сето тоа вклучувајќи го финансискиот дел не ми остави голем простор за размислување.“
Антиќ претходно настапуваше за АЕК, па нормално се поставува прашањето дали по игрите во Литванија, неговите грчки колеги го гледаат со други очи. „Не постои такво нешто. Моите пријатели Грци кои ги стекнав додека играв во АЕК се тука и нашиот однос е ист, иако некој од нив се репрезентативци. Некогаш се шегуваме на оваа тема, но сепак нас не спојува искрено другарство.“
![](http://oleole.mk/images/stories/antic2.jpg)
Олимпијакос веќе се пласираше во фазата Топ 16, но сигурно тоа не е крај на амбициите на клубот сезонава. „Сметам дека Олимпијакос уште има што да покаже. Мислам дека ќе имаме уште многу победи во Евролигата така да се е можно.“
Малиот Лука го претставуваше својот татко на доделувањето на „Спортските оскари“. Дали тоа значи дека уште отсега можеме да очекуваме дека еден ден во репрезентацијата ќе игра и вашиот наследник? „Рано е да каже такво нешто, но Европското првенство го заинтересира и првпат пројави желба да се запознае и фотографира со некој кошаркар. Претпоставувате, тоа беше Бо Мекејлеб.