Слични народи сме ние, и верувај постовите на темава на големо се против оние кои Србија ја сакаат повеќе од Македонија, а се МАКЕДОНЦИ. Време е да се стави крај на навивањето на Ѕвезда и Партизан, си имаме ние свои тимови.
Со вас како и со сите други имам односи статус кво. Ми е гајле се дури не ми чепкаат нешто што е мое.
Вистина е дека во вашата земја повеќето ја сакаат Македонија, ама затоа вашата младина ви е ПРО-ГРЧКА.
Вадењто на Грчко знаме во Смедерево неможе да се заборави, а наставките БЈРМ може колку сакате да ги правдате со признавањето на Косово, ама и сами знаете дека двете споредби си немаат врска.
Мило ми е што немаше свиркања од ваша страна дури се пееше химната.
Нека ти текне како се одвиваше мечот Југославија-Македонија (мислам дека 3-1 заврши) во 1999 година. Бев мал ама се сеќавам дека ја пеевте песната ЈУЖНА СРБИЈА, НИКАД МАКЕДОНИЈА.
Признај и сам дека гледате кон нас со потценување.
Демек вие супериорна раса...
Пошто сум член на навивачка група, највеќе ме нервира кога кењаат за наши навивачки групи, божем нивните татковци им кажувале дека гостувањата во Словенија и Македонија биле секогаш најлесни.
Изгледа не им кажале како летаа Делии во Вардар пред 20 години.
На се што е наше, гледате со потценување. На клипови на Комити, Срби ми спамираат со Македонија е Грчка...
И нормално е после да налетувате на вакви коментари
За време на Европското во баскет, прво не омаловажувавте дека сме играле во послаба група, после дека Антиќ бил Србин (најголема лага), па Бо бил ваш дека играл во Партизан...
Тоа потценување може да доведе само до омраза. Затоа немој да се чудиш ако на фудбалскиот меч со вас, го доживеете истото што и Хрватите...
Плус најголема глупост е кога доашате да ја поддржите Русија, и цел меч ни пеете Косово е срце Србије (божем нас не вреѓа тоа.... И сам знаеш кој е ставот за Косово на Македонците).
За Хрватите во право си. Ни ја исвиркаа химната, беа крајно безобразни, а им вративме на дупло полош начин во Скопје
Јас имам статус кво односи со двете нации, ама факт дека Србите премногу не потценуваат, како да сме полу луѓе ние...
Затоа е поголема блискоста на Македонските навивачки групи со Хрватските...