Да, ама кога се во прашање уметничките дела, а не и сциентистичките истражувања, оти кај вториве важи токму спротивното-новите сознанија ги „покриваат„ претходните.
Тамам работа ако некоја наука се‘уште се повикува на „праисториски„ експерименти: тоа би значело дека во меѓувреме, таа наука не „мрднала„ од место...
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 09:05 ---
Навредите и омаловажувањата кон неистомислниците, сами по себе не можат да докажат дека Милеровиот славен експеримент ѓоамити навистина ги произвел сите 20 аминокиселни, и тоа „онака„, од „прва„, со почетни и сосема произволни амбиентални услови, кои се комбинирани така, небаре имаме и жив очевидец кој може да ни‘ потврди дека првите аминокиселини се створени токму под условите во кои се одвивал Милеровиот експеримент.
Имаш погрешна претстава за научниот развој. Новите сознанија во науката не ги „покриваат“ старите („погрешни“), туку ги надградуваат старите (кои добро послужиле до тогаш). Ако ти си застанал на нивото од школските учебници и не ги пратиш најновите научни откритија - твој проблем. Ама немој јавно (на форум) да се фалиш со тоа - тогаш стануваш легитимна мета за исмевање.
Немам намера да навредувам и омаловажувам, ама навистина е срамота во денешно време некој да не разбира како (општо) се изведува научен експеримент, како изгледа еден научен труд и што е се потребно таков да биде отпечатен во научно списание. И уште поголема срамота е да не се знае основното правило на научниот експеримент: дека
секој може да го повтори и самиот да се увери дали е точен или не. И ти можеш да бидеш жив очевидец, ако го повториш истиот експеримент.
Прочитај го „античкиот“ научен труд од Милер
http://www.abenteuer-universum.de/pdf/miller_1953.pdf
па ќе видиш дека почетните услови не се „произволни“ и дека навистина (а не ѓоамити) произвел аминокиселини и тоа не од „прва“ и „онака“, туку со длабоко осмислено потпирање на претходните теории од Опарин и Бернал.
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 16:37 ---
Токму тоа што тој експеримет, како и повеќето научни експерименти, е направен во изолирани и контролирани услови, покажува дека експериментот НЕ ОДГОВАРА на реалните некогашни/природни услови, туку експериментот е оттргнат од можниот природен контекст. Природата, сама по себе, НЕ ПОЗНАВА изолирани настани, туку само контекстуални. Тоа што експериментот е изолиран и конторлиран, да не речам „наместен„, ја покажува не неговата моќ да продуцира аминокислени, туку човековата желба да биде бог, симулирајќи претпоставени/невидени (не)природни услови.
За болдот: кога ќе го прочиташ научниот труд од Милер, ќе видиш дека клучниот дел од експериментот е претпоставката дека употребената смеса на гасови одговарала на тогашната атмосфера во природата. А како Милер нашол дека таа претпоставена атмосфера навистина одговарала на тогашните природни услови? Е, тогаш треба да ги прочиташ претходните научни трудови од Опарин и Бернал. А како Опарин и Бернал дошле до тоа? Е, тогаш треба да ги прочиташ претходните научни трудови од... и така натаму, и така натаму. Како што гледаш, треба да причиташ една планина од книги, за да дознаеш научни детали. А за да
помислиш да оспориш една научна теорија (или експеримент), треба да причиташ две планини книги. Одговори на сите овие прашања што не ти се јасни
сигурно нема да најдеш во една единствена книга (дебела, додуше) со краток наслов во златни букви, темни корици и тврд повез.
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 17:08 ---
Prijatele so dolzna pochit, mislam deka ne sfakash kade vodi diskusijava
Neli gledash deka nemash nishto opiplivo vo tvoive postovi
Vo red e shto pokazhuvash osoben interes kon nekoi nauchni disciplini, a gledam i pokazhuvash veshti sposobnosti vo prebaruvanje po internetov.
No ne e toa poentata na diskusijava.
Gledam pogore si mi pishal deka mojata teorija deka homosapiensot ne e plod na evolucijata megju vidovite, e kreacionistichka?
Ova e samo dokaz deka ne ja sogleduvash poentata sto s eobiduvam da ti ja dolovam. Onaa ista poenta sto i Ateist se obiduva da ti ja ukazhe.
Ako Homosapiensot ne e plod na evolucijata TOGASH TOA NE ZNACHI DEKA E KREACIONIZAM U PRASHANJE!!! Kapirash neli?
Ostavi mesto vo tvojot um i za neshto novo, nemoj da mislish deka se si nauchil i deka se znaesh. Toa e najgolemata greshka.
Во моите постови дадов опипливи исправки на твоите фактографски грешки/заблуди и тие во секое време може да се проверат.
За интернетот веќе кажав претходно - тој треба да служи само за почетно информирање. За малку понапредно запознавање со науката служат научнопопуларните списанија (Scientific American, Discover,...), а за сериозно запознавање служат научни списанија и книги.
Јас сум чул само за две теории за настанокот на хомосапиенсот: еволуција и креационизам. Дај кажи која е таа нова теорија, имам отворен ум за се' што е ново и интересно.