Маж без тестиси не оќелавува. Погодете што прават апчињата против оќелавување.
Не баш. Не знаат ни научниците. Прават нешто во фоликулите на влакната, ама сепак се опасни оти го инхибираат ензимот кој го активира тестостеронот.
Ако некој се плаши да употребува вакви средства или нема/не сака да дава пари за неективни или слабо ефективни шампони, креми и растителни продукти не треба да размуслува како да направи да му порасне коса, туку да се помири и да најде начин како да го искористи лустерот во подобрување на изгледот.
Ова беше за тоа хормонското паѓање на косата кај мажите, има и уште многу други причини поради кои може да паѓа коса, како на пример разни хормонски пореметувања, други системски заболувања, па дури до разни заразни микроорганизми на скалпот на главата кои со едно одење на лекар дерматолог може лесно да бидат дијагностицирани.
Затоа не треба сами, на своја рака да земате разни средства и побарајте барем совет од лекар во јавното здравство, зашто знам за случај кој се лекувал од паѓање на коса во приватна дерматолошка клиника во Скопје и му давале лекови за регулација на хормони и совети за да се мачка со јајца и не знам уште што, а тој имал фунги кои лесно можеле да бидат излечени со неколку масти и шампони, ама тие за да не изгубат пациент го повикувале на нивни третмани и тој изгуби добар дел од косата.