Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 509 58,8%
  • Не

    Гласови: 357 41,2%

  • Вкупно гласачи
    866
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
може зошто да не ако заслужиле ваљда не би седеле 50 години и више у затвор
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Сите коментари од типот, кои сме ние да одлучиме да одземеме нечив живот. Да ве опитам нешто.

Лета авионче. Киднаперот оп, и вика улетај се на срет плоштад на концерт на Тоше или маме ти еб*в. Дали ќе прежалиш 100 луѓе у авионот, или 5000 на плоштад?

Па да видам што срце ќе имавте.
Прво, тие 100 луѓе во авионот ќе умрат што и да одбере пилотот!?! Лоша ти е алузијата... Смртна казна се дава откога некој ќе изврши злодело, а не претходно. Така да, не можеш да спречиш ништо со неа. Затоа се вика казна. Тој веќе направил што направил. А научни истражувања имаат покажано дека смртната казна не ги спречува злосторствата во поголема мера од доживотен затвор. Значи исто ти се фаќа дали ќе има смртна казна или доживотен затвор.

Трето, ако има смртна казна секогаш ќе постои ризик од егзекутирање на невин човек. Имало такви случаи многу. еве една алузија за тебе... Што ако те осудат тебе или мене ни криви ни должни на смрт? Посебно порано имало вакви случаи, кога немало ДНК испитувања... Баш имаше еден случај скоро, еден човек спасил жива глава откога со ДНК анализа се покажало дека не е крив. Тоа било во последен момент. Значи, можност за поправка НЕМА.

Четврто, да видиме каде има смртна казна... Во Саудиска Арабија, Иран, Авганистан, Јордан, Пакистан, Кина, Сомалија.... доста набројувам, сфати што сакам да кажам. А Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ сакала, нејќела, не смее да има смртна казна.

Петто, за суровоста и за тоа која е всушност најстрогата казна... Некои луѓе (повеќето од нив затвореници осудени на доживотна казна затвор) сметаат дека доживотната казна е посурова од смртната казна, затоа што немаат надеж, а кога немаш надеж, нема за што да живееш.
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Категорично НЕ! ОД проста причина што сметам дека никој нема право да одлучува кој и дали ке живее. Има подобар/посуров начин да се казнат таквите луѓе.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Четврто, да видиме каде има смртна казна... Во Саудиска Арабија, Иран, Авганистан, Јордан, Пакистан, Кина, Сомалија.... доста набројувам, сфати што сакам да кажам. А Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ сакала, нејќела, не смее да има смртна казна.

http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Death_Penalty_World_Map.png
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Јас мислам никој не заслужува за смртна казна, подобро ке биде цел живот во затвор отколку смртна казна, се ежам од тоа
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Смртна казна неможат да извршуваат луѓе помалку злобни од осудениот.
Гледав пред некој ден уште еден филм, во кој требаше да извршат смртна казна во живо на тв. Мање-више што беше темата во филмот, моментот е важен. Се` што му се случуваше на злосторникот пред да му ја дадат инекцијата беше повеќе од страшно ... врзан цел, се препотува, се мачи, плаче, вика и на цела мака гледа во другата соба како мирни го гледаат адвокатите и судиите. Добро колку треба да е човек гад за да ужива во тоа или баерм да мисли дека постапува правилно? Кој е толку моќен да може да каже овој човек треба да се убие? Што го прави истиот помалку убиец од тој другиот? Затоа што тоа ќе го потврди цела порота со него? Ајде бе ...
Без оглед што злодело извршил осудениот, не е во ред да се убие. Мачи го, тепај го, не го храни, силувај го, но убивање НЕ!
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Ako go ubies ke dobies nekoja pravda vo sebe, no toa ke bide i negova sreka. Ke se spasi od macenje, patenje i dr. Takvite luge treba da patat, za da osetat kakva bolka mu nanele na drug covek. Zatoa ne gi ubivajte, vratete im 1.000 000 poveke.
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
188
Поени од реакции
10
НЕ!!! Никако смртна казна,шо ако излезе после дека човекот невин бил,погрешно го осудиле??? Вака ке го пуштат од затвор,а со смртна казна шо ке му праат? Ке го откопуваат и ке го оживуваат?
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
mislam deka ne treba da ima smrtna kazna nikoj nema pravo da mu go odzema na nekoj zivotot osobeno ne na brutalen i bezmilosten nacin!!! pa povejke bi bilo macenje ako mu dades kazna zatvor edno 40 godini i da puka vnatre, odkolku da go ubies.... so smrtnata kazna ke strada vo momentot ke umre i so ...nisto.... a so ova so zatvorot ima da zgnie tamu...pogolema kazna ili li od toa?!
 
Член од
23 септември 2007
Мислења
43
Поени од реакции
0
Се согласувам дека не смее да има смртна казна!!! Тоа не би сменило ништо доколку се е направено предходно и не е никој толку моќен да осудува на смрт!!!
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Според мене не е во ред некому да се одреди смртна казна,зашто и оној кој ја извршил значи не е ништо подобар од осудениот...меѓутоа на пример за убијци,педофили,силувачи...е,таквите би ги осудила на нај тешки маки и малтретирања до крај на живот....Баш напротив не би ги осудила на смрт па преку ноќ да заборават што направиле...
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
20
Поени од реакции
0
Smrtna kazna kaj nas mislam deka ne e potrebna ima i drugi merki za kaznuvanje na kriminalci ,ama moze samo eden so ke siluva maloletnicki da se obesi na plostad na primer za pamet.Unistil zivot na nekoj i zasluzil da se obesi ili ubie-a za drugi prekrsoci NE.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom