Црвени,
Колоквиумската не само што ме уби туку и ме изолира како од форумов така и од Јунајтед. Го пропуштив со Сити а читам дека била добра утакмица. Некој ако има некое подолго видео освен она 5 минутноно на јутјуб обавезно да го постира тука.
Со Арсенал кога игравме доживував емотивен оргазам кога гледав како Валенсија ги праќа по цигари на децата од Лондон.
Жално е тоа што се повредија Џонс и Нани ама тоа е, ништо ново за годинава.
Малце касно ама битно на Ферги му текна дека мора да наоѓа решение за средината и ја врати на легендата. Му се израдував како мајка на синот кој се вратил од војска. Очите ми се насолзија кога прочитав дека се вратил (од радост секако).
Формата ни се подобрува. Тоа е тоа што ме прави уште поскреќен.
И уште една работа не ми е јасна-Дали нашите играчи се толку слаби (стаклени) или пак противниците се многу груби. Ова веќе нема смисла. Секоја утакмица мора двајца на носилка да ни извадат.
За два дена играме со скаузерите, се надевам дека ке го попапаат како Арсенал и Шити.
Едит: Прочитав погоре дека се враќа Јанг. Па фала богу време беше. Демек две недели пауза а пет се напраја.
Епа тоа е тоа. Се читаме