За Лече и таквите тимчиња зар треба да се чува играч ко џокер на клупа а истиот да е Снајдер или Алварез ? Се знае кои треба да се џокери тука, Зарате, Кастаињос, Коутињо, Оби, Поли ...
Снајдер мора да игра, Милито исто, Пацини е увек у прв план кај Ранко, сеа на сметка на тој џокер пак треба да игра само со тројца офанзивни фудбалери напред ? Многу јасно дека не ... поготово не против Лече кои мораат да бидат победени .... рутински.
Инаку далеку од тоа дека Лече од старт ќе фрли се на една карта, на домашен терен во Италија ретко кој игра класично катанаџо, знаат да се отворат, да нападнат а во една ваква ситуација сигурно Интер нема да биде опасен само со Снајдер, Пацини и Милито, точно е дека играат претпазливо против поголемите тимови, им го препуштаат поседот но сепак има разлика од стилот на игра кај ваквите тимови кога се гости и кога играат класичен бункер и кога се домаќини.
Интер во ниту еден наврат не доминирале на гостински терен, дури и во оваа серија сега на победи, сите победи беа на сила, со Чезена и беа надиграни, единствено за мечот со Милан немам никакви замерки.