3D во кино Милениум

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.535
Поени од реакции
8.300
Веб-сајт
www.flickr.com
Пријатели на МКЦ & Милениум искрени вљубеници во филмот. Она што ви го ветивме на вашиот Синедејс го реализираме:
КОНЕЧНО ВО МАКЕДОНИЈА 3Д ТЕХНОЛОГИЈА ВО КИНО МИЛЕНИУМ.

Сидрото го креваме на 4ти февруари со филм кој едноставно ни доликува нам и вам.

Приказната за култната перформер, кореограф, танчер и режисер на модерен танц Пина Бауш, на големиот европски и светски режисер Вим Вендерс. Она што во мигов е најактуелна и најскапа 3д опрема на светскиот пазар е веќе инсталирана во Кино Милениум.

milenium_3D.jpg


3Д опрема:
Во светот постојат 4 системи на прикажување 3Д слики, а овој што го поседуваме (Dolby 3D) е со најдобар квалитет на слика.
Нема подобар во светот денес.
Проектор: Имаме комбинација KINOTON-BARCO проектор – најдобриот модел – LX
Платно: HARKNESS (нема подобро во светот)
Сервер: Најновиот Dolby DSS200 – синоним за долготрајност и сигурност
Звук: 7.1 Dolby Digital со најновиот процесор на Dolby CP750

Премиерата е на 4ти февруари во 20 часот, а МКЦ не би бил ваш искрен пријател доколку половина од влезниците според старата добра традиција не ги пушти во редовна продажба, останатите половина се протоколарни.

Веќе во недела, ден потоа, покрај филмот Пина кој ќе остане на редовен репертоар од 22:30, во терминот од 17:30 и 20:00 ќе следува филмот Најмрачниот Час.

Извор: http://mkc.mk/?p=486
 
Одлично... мора да се изглеа некое филмче у Милениум :)
 
Оу, је!
Конечно во Македонија 3Д технологија во Кино Милениум

Киното Милениум најави проекции на филмови во 3Д технологија за прв пат во Македонија, а најсовремената 3Д опрема е веќе инсталирана во киното. Првата проекција од овој тип ќе биде веќе наредната недела.
konechno-vo-makedonija-3d-tehnologija-vo-kino-milenium-72023.jpg

Приказната за култната кореографка, професорка по танц како и балетска режисерка – „Пина Бауш“, на големиот европски и светски режисер Вим Вендерс ќе бид епрвиот филм кој ќе биде прикажан во 3Д технологија во Киното Милениум.
3Д опрема

„Во светот постојат 4 системи на прикажување 3Д слики, од кои (Dolby 3D) е со најдобар квалитет на слика. Имаме комбинација KINOTON-BARCO проектор модел - LX, платно HARKNESS, сервер најновиот Dolby DSS200, звук 7.1 Dolby Digital со најновиот процесор на Dolby CP750“, велат од Кино Милениум.
Премиерата е на 4-ти февруари во 20 часот. Веќе во недела, ден потоа, покрај филмот „Пина“ кој ќе остане на редовен репертоар од 22:30, во терминот од 17:30 и 20:00 ќе следува филмот „Најмрачниот Час“.
„Пина“
Филипина Пина Бауш (27 јули 1940 – 30 јуни 2009) е родена во Солинген, Германија. Пина Бауш е светски познат изведувач на модерен танц, кореограф, професор по танц како и балетски режисер. Со нејзиниот уникатен стил, кој преставува мешавина на движења, звуци и импозантни сценографски решенија, како и со начинот на нејзината работа со изведувачите за време на составувањето на една кореографија (стил познат и како Танцтеатар), нејзината работа прерасна во огромно влијание во светот на модерниот танц.
Режисер и сценарио: Вим Вендерс
Улоги: Пина Бауш, Регина Адвенто
Жанр: документарен филм
Траење: 101 мин
Земја на потекло: Германија
„Најмрачниот час“
Сиот свет одненадеж останува без електрична енергија и настанува хаос. Зад катастрофата стои непознат вонземјански вид, кој има контрола врз електричните мрежи. Во Москва, група млади луѓе успева да се скрие и да ги преживее нападите. По неколку дена кога излегуваат, откриваат пуст град во кој опасноста и понатаму демнее. Препуштени сами на себе, ќе се обидат да преживеат.
Режисер: Крис Горак
Сценарио: Џон Спејтс, Лесли Боем
Улоги: Емил Хирш, Оливија Тирлби, Макс Мингела, Рејчел Тејлор
Жанр: хорор, научна фантастика, акција
Траење: 89 мин
Земја на потекло: САД
konechno-vo-makedonija-3d-tehnologija-vo-kino-milenium-72026.jpg


Се е супер, али бар премиерните филмчиња да беа океј... Овој Darkest Hour има рејтинг -15/10 :pos:
 
абе точно филмовиве се малце без веза али шо е битно конечно имаме 3Д ќе дое кога тогаш некој блокбастер
 
Мх, Мх Нема веќе лапање на досаден филм за средношколците. :vozbud:

Ова не смее да се пропушти. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom