Битно им го излижавме дупето на србите со тоа што ги споивме двете знамиња.Тие нас БЈРМ и грчко знаме,ние знамето нивно заедно со нашето.Али што ќе праиш,тоа е посилно од некого.
Не дека имам нешто против.Да не се случеа срањата во Смедерево на пријателската,ваквиот гест ќе беше сосема добар.Баш фино ќе беше кога навивачи на две различни репрезентации,добро познати соседи,заедно навиваат без никаков проблем.
Ама тие нас со лошо,ние пак со добро.
Не сум националист или нешто слично,ама ми падна глупо.Имав почит голема кон Србија и српскиот народ,ама после некои работи што ги видов и слушнав,почитта малку и ја изгубив.
Тоа е тоа што се однесува на тој план.А што се однесува на спортски план,многу коректни беа србите.Ги одмараа играчите,што е разбирливо,не играа со прв тим,Станиќ беше на клупа.Тоа ни ја олесни работата.
Вака-така,пак тие беа тие кои ни попуштија условно речено.Да чекавме ваква услуга од Данска или Шпанија на пример,никогаш немаше ни да ја добиеме.
Како и да е,одиме да ги прегазиме и словенците,иако ќе биде многу тешко со оглед на тоа дека Словенија е многу добра репрезентација и со оглед на тоа дека нашиве се пола повредени,а пола истрошени и изморени.
Ама остана уште една битка,убаво би било да ја добиеме.За да знаат сите дека не било случајно тоа што до крај сме се бореле за топ 4 репрезентации во Европа и дека не е случајно тоа што можеби го победивме ние идниот европски шампион во ракомет