Кире Лазаров

  • Креатор на темата Креатор на темата girl*
  • Време на започнување Време на започнување
Во Лигата на шампионите Атлетико Мадрид ремизираше на гостувањето кај руската екипа Чеховски Медведи 29:29. Кире Лазаров беше прв стрелец кај гостинската екипа со седум гола. (y)
И покрај ремито Атлетико Мадрид остана на првата позиција во групата Б со 12 бода, пред второпласираниот Веспрем од Унгарија кој има осум бода..
 
Луѓе уште колку голови треба да постигне Кирил на Европсково за да направи Историја ?
 
Уште неможам да поверувам оти беше пцуен од пола Македонија после првите 2 кола.. :facepalm:
 
Уште неможам да поверувам оти беше пцуен од пола Македонија после првите 2 кола.. :facepalm:

Пцуен од тие што гледале втор пат утакмица на телевизија... Кире беше пцуен од навивачите уште пред пет години кога загубивме во бараж од Унгарија, па и пред две години кога изигравме нерешено со Литванија и не се пласиравме во бараж за тогашното европско 2010. Во последниве 6 години Кире е тој што ја носи репрезентацијата на грб, по него постојано се лаеше, ама излгеда малку е што направи за Македонија и за ракометот, ако треба да потсетиме најдобар светски и во исчекување европски стрелец (на сите времиња) двапати најдобар стрелец во Лига на Шампиони, два фајнлфор во ЛШ и неколку номинации за најдобар играч во состав на светско и ЛШ...
 
Утре цела репрезентација ќе игра за него. Ќе видите. (y)
 
Утре ќе биде.
ЗА КОГО ?!
- ЗА КИРЕ !! :D
Само напред !
 
Уште неможам да поверувам оти беше пцуен од пола Македонија после првите 2 кола.. :facepalm:

Никој не го пцуеше Кире не трескајте глупости, тоа што беше критикуван беше заслужено. И доста со бранење до толку, Кире е одличен играч и професионалец но нормално е кога ќе прави глупости да го критикуваме. Првите утакмици шутираше од безврска ситуации и притоа не реализираше, кога гледаш не ти оди не шутирај безврска.. подоцна се поправи почна повеќе да подава и се разигра играта во целиот тим а и ја подобри реализацијата.

Не е финтава само како папагали браво браво да викаме, кога треба да се критикува ќе критикуваме.. кога ќе играат како што треба ќе ги фалиме.
 
А кој вика да не се критикува?? И го пцуеја, и тоа како.. Дури некои во пензија го праќаа и слично.. Тоа е тоа што ме изнервира мене, иначе од мене имаше негативна критика тогаш :)
 
Браво Кирил, влезе во историјата! Сите медуми по светов пишуваат за тебе!
Заслужи царе!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom