Кучиња (грижа, општи дискусии)

L

Ligeia

Гостин
Ај вака нешто да прашам. Значи понекогаш Лулу бара нешто од мене (лае гледајќи накај мене) но мене не ми е јасно што сака. Тоа е најчесто кога ќе седнам пред компјутер :). Штом одам до неа веднаш го завзема ставот за играње, спуштен преден дел од телото и кренато газе. Ќе ја смирам, пак ќе седнам на компјутер и пак исто. А додека чистам дома или спремам вечера не се однесува така, значи сама си игра со играчките. Ова ми се случува и после шетање и трчање во парк, ќе си легне некаде саат време ќе поспие и откако ќе стане знае пак да лае. (не сакам да лае навечер, комшиката ми се буни..)
Љубоморна е на компјутерот хахахаха! :) Да...и обраќаш внимание и бидејќи и удоволуваш мисли дека секој пат ќе биде истото.Навистина пробај малку да ја игнорираш,ќе потрае но мислам дека ќе биде ефективно :)
 
bube_rott

ловџија
Член од
16 јануари 2012
Мислења
16
Поени од реакции
9
ne bube ne sakam da go zemam,imam jas sarplaninec
onaka cisto informativno me intersira sto kuce e,moj zaklucok a i na drugi lugje sto imam praveno muabet e deka e sarlaninec ama meles :)
Можно е, ама мелез ептен измелезен :D
Инаку убаво си е кучето
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ај вака нешто да прашам. Значи понекогаш Лулу бара нешто од мене (лае гледајќи накај мене) но мене не ми е јасно што сака. Тоа е најчесто кога ќе седнам пред компјутер :). Штом одам до неа веднаш го завзема ставот за играње, спуштен преден дел од телото и кренато газе. Ќе ја смирам, пак ќе седнам на компјутер и пак исто. А додека чистам дома или спремам вечера не се однесува така, значи сама си игра со играчките. Ова ми се случува и после шетање и трчање во парк, ќе си легне некаде саат време ќе поспие и откако ќе стане знае пак да лае. (не сакам да лае навечер, комшиката ми се буни..)
А да почнеш да гледаш The dog whisperer..? Верувај таму ќе ги најдеш сите одговори што ти требаат, можеш сите сезони да ги симнеш како торент...и верувај има прилично добри совети, све е супер објаснето... ќе си одговориш многу прашања.
 
Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
Вака....бидејќи сум со прво куче во мојот живот прв пат наидувам и на проблем ако може така да се нарече. Мојот 3,5 месечен златен ретривер не сака да јаде.....односно поубаво да се изјаснам некако не сака да ја јаде кучешката храна(Natural Trainer) додека кога ќе му дадам нешто ’’домашно’’(иако не му давам такви работи) или овошје ги јаде без проблем. Не знам зошто сега би правел проблем со неговата храна кога си ја јадеше еден месец без никакви проблеми. Што се однесува до неговото однесување нема никакви промени по тоа прашање. Повторно си е растрчан, едноставно да кажам жив......Дали може да биде проблем тоа што во последниве неколку дена го носам на Водно по 2-2,5ч на ден? Дали тоа е премногу за негова возраст
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
^
Да пробаш да му ја смениш храната?
Можеби не му се допаѓа таа,мислам не мора да сум у право,да почекаме да дојде некој од поискусниве па ќе ти кажат нешто посигурно.
 
Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
мислам дека нема проблем со храната бидејќи он 40-50% од дневната доза ја јаде но не и 100%
 
Член од
20 март 2008
Мислења
377
Поени од реакции
280
мислам дека нема проблем со храната бидејќи он 40-50% од дневната доза ја јаде но не и 100%
И моето кога беше мало кучешка храна нејќеше да помириса, нека го нека порасне уште малце па тогаш ќе видиш...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Вака....бидејќи сум со прво куче во мојот живот прв пат наидувам и на проблем ако може така да се нарече. Мојот 3,5 месечен златен ретривер не сака да јаде.....односно поубаво да се изјаснам некако не сака да ја јаде кучешката храна(Natural Trainer) додека кога ќе му дадам нешто ’’домашно’’(иако не му давам такви работи) или овошје ги јаде без проблем. Не знам зошто сега би правел проблем со неговата храна кога си ја јадеше еден месец без никакви проблеми. Што се однесува до неговото однесување нема никакви промени по тоа прашање. Повторно си е растрчан, едноставно да кажам жив......Дали може да биде проблем тоа што во последниве неколку дена го носам на Водно по 2-2,5ч на ден? Дали тоа е премногу за негова возраст
Он си јаде колку што е гладен, ништо чудно да не ја сака кучешката храна, али со тек на време ќе се свикне на исатата. Ако јаде овошје и зеленчук тоа е супер. Можеш да му даваш како додаток. А тоа што го шеташ по 2, 2 и пол саати на ден... тоа за 3 и пол месечно кутре е ПРЕМНОГУ. Можеш многу работи да си искомплицираш. Поради нивната хиперактивнвост, нема да и подлегнат на физичката активност на која што го изложуваш, но рачунај, можеш да предизвикаш кутрето да има болки во зглобовите, а тоа си носи други ствари кога ќе порасне. Имаат нежни зглобовите, како и нежни колкови, т.н. дисплазија на колкови и зглобови (генетска маана). Премногу му е толку време во денот. Тоа е доволно за возрасно куче, но не и за бебе. Намали го времето на прошетките.
http://www.youtube.com/watch?v=kI4EbABtJQ0
 
Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
Утер ќе одам да купам друга храна да видам дали ќе има напредок. Доколку почне да ја јаде новата храна стварно не знам што да правам со некои 16кг храна што ми е останата.

Но и друга мисла нон стоп ми поминува низ глава. Кога ја купив вреќата со храна извадив едно 3кг и ги ставив во кеса додека останатите 16-17кг ги ставив во два пластични сада. Првите 3кг кучето ги јадеше без никаков проблем. Кога ми заврши таа храна извадив од пстанатите кг но тука почнаа проблемите. Дали е можно пластиката во која е сместена храната да ја предизвикува целава ситуација?
 
Не туку кога за прв пат пробал од домашната храна таа му се видела поубава :D и сега чека да му дадеш од неа но ако не му дадеш ке види не ке види ке мора да јаде од кучешката храна
 
L

Lu

Гостин
Ај вака нешто да прашам. Значи понекогаш Лулу бара нешто од мене (лае гледајќи накај мене) но мене не ми е јасно што сака. Тоа е најчесто кога ќе седнам пред компјутер :). Штом одам до неа веднаш го завзема ставот за играње, спуштен преден дел од телото и кренато газе. Ќе ја смирам, пак ќе седнам на компјутер и пак исто. А додека чистам дома или спремам вечера не се однесува така, значи сама си игра со играчките. Ова ми се случува и после шетање и трчање во парк, ќе си легне некаде саат време ќе поспие и откако ќе стане знае пак да лае. (не сакам да лае навечер, комшиката ми се буни..)
Игнорирај ја.

А во врска со обоениот дел од текстот...
Она сака внимание и кога ти си на компјутер она сака да ти го привлече вниманието и сака да си игра со тебе ...

НО позади таа игра се крие една многу важна работа, а тоа е Алфа статусот.
Значи ... кога *Лулу* те повикува за игра никогаш немој да си играш со неа.
Почекај 2 - 3 минутки да се смири малку па потоа *ТИ* повикај ја да си играте.

Ова е психолошка игра.
Значи немој да дозволиш да западнеш во ситуација *Лулу* да биде онаа која што ќе ти дава наредби (бидејќи во овој случај Лулу те повикува на игра, и ти одма стануваш од компјутер и почнуваш да си играш ... тоа значи дека и ги исполнуваш наредбите) туку бити *ТИ* таа која што ќе дава наредби и играј си со Лулу кога *ТИ* ќе посакаш, а не кога *Лулу* ќе посака :)

И доколку не си го прочитала текстот за Алфа статусот обавезно прочитај го, текстот е малку поголем, но многу е корисен и поучен ... препорачувам сите да го прочитаат (поготово почетниците со кучиња).
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Зедов лабрадор пред неколку дена и го чувам во стан. Сега е моментот на карантин и има уште долго и ајде се учиме хигиенските работи, тешко ни оди некако и грешава на многу пати каде треба да се покака и помочка но има некој напредок по малку. Да преминам преку тоа дека се ми изгриза по дома, сношти дури и слушалки од 100 евра ги направи на неколку делови по моја кривица зошто заборавив да ги фатам на сигурно место, ама имам проблем кога го оставам сам.
Живееам сам и во текот на денот треба да излезам на неколку часа и кога ќе го оставам сам во собата, се пика во најтемниот агол во собата под кревет и најверојатно таму го поминува цело време уплашен. Кога ќе се вратам ми треба неколку минути да го довикувам или пак молкнам од под кревет за да излези од што е преплашен. Имал некој ваков проблем да кажа како го решил или пак е само момент на адаптација од причина што денеска го најдов малку повесел за разлика од претходните пати кога го оставав сам?
 
N

Nessa Alcarin

Не се секирај, ќе почне да излегува од под кревет и да те бара само што ќе излезеш :) Ќе си стекне навика, подобро сега да е смирен и да не лае и така да се научи бидејќи покасно ќе ти биде тешко да го оставаш сам бидејќи ќе се буни. Пред да излезеш некаде не му обраќај внимание (без галење, без зборење без играње, дури не го ни гледај) околу 10 - 15 мин. и излези од соба како никој да нема во неа. Така ќе се научи дека е во ред да го оставаш сам, пред да почне да развива separation anxiety.
Сега околу грицкањето.. Додека е мало и му се менуваат запчињата, ќе бара нешто за грицкање. Жиците се меки и затоа најдобро му легнуваат.. Само внимавај да не изгрицка нешто што е поврзано за струја зошто може да го мавнат 220 волти. :) Штом си поминал само со слушалки, добар си, рекордот на Лулу е слушалки за компјутер, слушалки за нокиа, 2 полначи за мобилен и 3 кабли за поврзување на мобилен со компјутер. Секогаш пред да излезам сега го покривам компјутерот и ги средувам жиците да не се гледат за да неможе да ги грицка. Сега веќе знае дека не смее да се доближи до компјутерот (не и е интересен повеќе), зошто секогаш ја прекорувам кога го душка. Жиците ги заменивме со играчки за грицкање, најомилено и е едно плишано меченче (со извадени пластични делови за да не ги голтне) стапчиња за грицкање (има во Веро, пакување од повеќе стапчиња со различна мекост, сеуште и се поубави тие што се помеки) и памучен јазол (исто од Веро). И се разбира да не ги заборавам кондурите и чизмите, како и папучите, кои се многу вкусни (затоа секогаш се наместени во шкаф за да неможе да дојде до нив).
За навиките за мочкање, додека е помало повеќе пати во денот му треба изнесување надвор, за да сфати дека надвор се вршат тие работи. Значи кога ќе стане од спиење или кога ќе се најаде, веднаш надвор или во твојот случај зошто си во стан на тераса или каде и да сакаш да ти мочка (песок, најлон, пелена). Ако не се измочка веднаш, ќе седиш таму и по 30 мин се додека не се измочка. :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Некој да ми каже од каде да купам четка за да го чешлам самоједот?
И колку пари е отприлика,треба да го чешлам досадново мое лавче :pos::pos:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Некој да ми каже од каде да купам четка за да го чешлам самоједот?
И колку пари е отприлика,треба да го чешлам досадново мое лавче :pos::pos:
Јас земав од продавницата за животни кај Зелен пазар. 190 ден. од едната страна има метални како боцки, а од другата страна е како четка. Само послатка ни е за грицкање отколку за чешкање... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom