84-то издание на Оскарите

Оскарот за најдобар филм оди за...


  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .
Имаш добри снимки од повеќето. Немој само сега да почнеш со тие 40gb фори :)

Незнам, не пратам многу многу во последно време, незнам кој филм кога е излезен и слично, (за да знам дали има асална снимка) ама како и да е под 720p не гледам. т.е. верзии/рипови од околу 4GB ми се минимум за задоволување на критериумот, уживање во гледањето на одреден филм :)
 
Испитна сесијо што ми стори:confused:
И јас како Psyside ниеден немам од овие гледано, ама ќе ве стасам за недела и пол.
 
Ако некој заслужува да земе оскар оваа година тоа сигурно е Дрвото на животот на Малик, според мене најдобар филм оваа година, ме погоди многу, дури и чекав погоден момент за гледање знаејќи што ни припремил Малик. Ама шипки варени што ќе земе нешто (освен може за фотографија), но добро е, барем Академијава го номинирала за разлика од Глобусите.Моја прогноза е дека оскарот ќе отиде или кај The Artist или пак The Descendants.

За најдобра машка улога, Клуни, мада мој фаворит е Олдман. Кај жените неприкосновена е Стрип, ако она е номинирана, покрај неа нема шанса никој друг. За американците Мерил е национално богатство пандан на Марлон Брандо на времето, искрено ги разбирам, меѓу омилените актерки ми е, не ми е гледан филмот но сигурно растурила. Да се знае: прво иде Мерил па неколку празни места е тек после другите смртници:)

И нешто за шоуто, БилиКристал како водител е добар али више досаден, по кој пат го води не знам. Да се сетеа да направат нешто исто така добро и симпатично како што беше во 2009 кога победи Милионерчето, Хју Џекман беше супер, и водеше и пееше, сцената во Кодак театарот никогаш не изгледала подобро, погледнете го само почетното отворање тогаш :

П.С. Io sono да го гледа клипчето :D
 
Goooooooooo

int77.jpg
 
Уште три филма фалат да ги изгледам Hugo, War Horse и Extremely Loud and Incredible Dangerous, и сите филмови од категоријата за најдобар странски филм.

Иначе разочаран сум бидејќи песната Mastepiece од Мадона не е номинирана, која е вистинско ремек-дело.

Исто така мислам дека фали Тилда Свинтон меѓу номинираните...
 
Се согласувам со погоре напишаното, Тилда Свинтон фали. Искрено, конечно и текна на Академијата да го почести Гери Олдман со номинација, и сеуште се чудам како е можно еден таков брилијантен актер дури сега да биде првпат номиниран. Оние што го гледале Tinker Tailor Soldier Spy знаат за што зборувам, тој покажува неверојатна глума, иако се сомневам дека ќе го освои оскарот. Инаку мој фаворит за најдобар филм е War Horse, навистина прекрасна и трогателна приказна и неверојатна актерска екипа од најнадежните британски актери.
 
Иам две многу важни вести

1 . Миланка Рашиќ направила трансфер и сега е во Сител

2. Е сега што е битно кај е Миланка ? Па она оди со коментирање на Оскари , па тоа сакам да ви кажам , ОСКАРИТЕ ексклузивно на Сител оваа година , со коментар на Миланка Рашиќ . само што дадоа прилог во вестите.
 
Барем ќе имаме поубава снимка него минатата година, но иако МТВ1 годинава добро настапи и се подобрува во квалитетот на снимката, сепак ова повеќе ме радува!
 
Иам две многу важни вести

1 . Миланка Рашиќ направила трансфер и сега е во Сител

2. Е сега што е битно кај е Миланка ? Па она оди со коментирање на Оскари , па тоа сакам да ви кажам , ОСКАРИТЕ ексклузивно на Сител оваа година , со коментар на Миланка Рашиќ . само што дадоа прилог во вестите.
Супер! Баш ме интересира како ќе го преведе Moneyball :P
 
Оскарите без Миланка се како Сител без Латас.
Речиси е јасно дека The Artist ќе ја земе главната награда. Не сум го гледал, не ни сакам многу да го гледам. Ремек-делото Tree of Life оваа година изненади и заслужува барем некое признание. Исто, штета за Алмодовар, Melancholia и Тилда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom