Илјада билети и бесплатен превоз со воз за натпреварот Македонија - Србија

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин


Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека е обезбеден бесплатен железнички превоз и билети за 1000 македонски граѓани кои што во текот на утрешниот ден ќе може да присуствуваат на ракометниот натпревар Македонија-Србија, што во рамки на Европското првенство во ракомет се одржува во Белград, Република Србија, се наведува во соопштението од Владата.

MKDFans_800.jpg
Заинтересираните лица денеска (вторник, 24 јануари 2012 година) ќе може да аплицираат на www.ovaemakedonija.mk од 17 до 19 часот, а изборот ќе се направи во 19.15 часот преку директен пренос на првата програма на Македонската телевизија.
Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на ГП Пелистер.
Со ова веруваме дека ќе се даде дополнителна поддршка и стимул на утрешниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација, се вели во соопштението.

После тоа што се случи минатиот пат не верувам дека ќе има голема заинтересираност. (n) Иако да објавам јас можеби ќе сака некој...
VIA KURIR.mkhttp://www.kurir.mk/sport/rakomet/58274-Vladata-obezbedi-1000-vleznici-za-utresniot-duel-so-Srbija
 
Да се надеваме дека овој пат ке бидат по организирани,и ке одат само тие што добиле (дај боже јас) :D
 
ај на една партија табланет.
***
Македонче не може без скандал, така да пак ќе има изиграни
 
тоа што се случуваше за натпреварот со Полска беше неспособност невидена ... -.- неможе толку да се неспособни еден настан да организираат
 
Во колку часот ќе биде тргнувањето за Београд некој инфо ?
 
Џабе е ова пола Агенција за млади и спорт ќе отиде и пола од спортските новинари со нивното потесно семејство. Откако го истретираа народот како стока на железничка ако пак се пријави некој и после кенка дека нема огранизација нека се утепаат тогаш:confused:

П.С Ќе бида пак на МТВ пола естрада ?
 
Imajki vo obzir deka utakmicata se igra vo 20.15,bi trebalo pokasno da se trgnuva,ama koj gi znae ovie nesposobnive!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom