Зависи чии деца Стефусе...секој се бори за своите. Знам дека треба да е така ама дали сме ние отворена економија, со отворен пазар на труд, конкуренција...и се она што влегува во една нормална економија? Мислам дека не сме па затоа не би да се споредуваме со Британија и Тачер затоа што и во криза британците можеа и можат да се префрлат како работници и како работодавци во другите држави, посебно во делот од Комонвелтот. Башка што таму функционираа и синдикатите и организациите за заштита на работниците. Далеку сме од нив.
не мораше да боли ако се намалеше бројот на локални единици, ако се прекинеа вработувањата осим во исклучителни случаи и ако се тргнеше со административна пензија уште со време. Сето тоа бидна ама обратно. И за некој смета дека ќе извлече поголем профит за 50.000 семејства односно 200.000 луѓе ...а заборава дека како приватник тој живее од тие луѓе. Башка ќе треба да плаќа за нивно осигурување, социјала, проекти и потпроекти...а инвестиции во она што го збориме ниту имало кога имало дупло помал број, ниту ќе има. Како да не е планирано да се развиваме.