Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за 20 проценти.

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Лурц абе ќе има и програма за (до)образование, ако незнае администрација освен со кафе и пенкалото во рака нешто друго да работи има курсеви во Работнички ќе се платат 6 месеци не е проблем. Како ние што не сме во администрација цел живот се дообучуваме, заврши Правен, работи како механичар или чистач на конци во текстилна фабрика. Сега јас разбирам дека некому му звучи страшно идејата да смисли бизнис или да работи, али со тек на време ќе се научи. Никој нема да ја остави администрацијата на улица, само ќе ја научи да работи.
Плус може и неискористеното земјоделско земјиште да им се даде на 10 години да го работат. Со субвенции кој сега ги даваат на населението.
Ем кога ќе почнат да работат ќе бидат покултурни и повнимателни и така и културата ќе ја развиеме во земјава. 10 раце повеќе создаваат од една не заборавај.
 
јок, ја не знам што, прашувам. Како ќе се одрази на состојбите во Македонија. Тоа што го вели Леандра не се сложувам освен ако не се обиде самата практиочно да се пробие на тој начин во некојси икс "бизнис"...како да тебе сега ти дадат чекан и швајцапарат и да ти кажат направи ми кола, а за продажба, не знам кај да ја продадеш...Ти после 5-10-15 години си вон секој занает и наука, немаш луѓе од тој профил, немаш канали, добар капитал и врски.
Знам дека е преголема и пренатрупана, но ако одеднаш се направи рез, ќе испадне уште полошо за нејзе или тебе како приватник. Ако ти имаш пиљарче у зграда и половина маало ти го отпуштат од работа, што ќе се деси? Секој втор ден ќе ти ја обиваат продавницата, а прометот ќе ти се намали па ќе мора и да затвориш. Тоа би било упростено од она што ќе се деси со цела држава на социјален, економски и безбедносен план во крајна линија. Зошто уосталом не сакате да живеете во маало каде има голема невработеност и социјала...претежно северниот дел од Скопје, кумановскиот и велешкиот регион? Нели има музика, се е добро :)
Со актулениво статус кво ќе тапкаме во место нема лошо да ќе се крпи па ќе пукне па од ново крпење на следни избори па уште задолжување на рокада на едни со други партиски послушници.
Леандра е во прво. На почеток ќе боли ама за подобра иднина на нас и нашите деца е. Мора да се реши администрацијата и да се стимулира реланиот сектор. Дефитците и задолжување треба да се заборават. Освен за време на јака рецесија само тогаш признавам deficit spending and agregate demand бидејки народот знае да паничи многу и непотребно да штеди чиста психологија е тоа. Треба да се најде поволен момент кога не се многу лоши светски економски прилики и да се направи еден убав рез пациентот е болен мора да се оперира нема уште многу да тера по лекови е. Што побрзо тоа подобро.
 
Што значи свежи фирми...поголем џип за газда, а за работникот пак минималец? Не ми е јасно пошто и сега успешни фирми пак експолатираат до максимум.
дали ова се случи кога немаше толкава администрација? тоа ме интересира, дали пред 10 години ја развивме инфраструктурата и работниците во приватно, текстилците, продавачите...добија поголеми човечки плати? Решена си да ги занемариш животите на рецимо 50.000 луѓе, по автоматизам 200.000 во семејства...односно да ги истераш вон државата или кој како се снајде да јаде корења. Би те запрашал дали вака би размислувала доколку ти би зависела или твоето семејство од таа плата?

Веднаш од административци во газди ќе се претворите со проектот па ќе видите што останува за вас после давачките кон аждерите.
Не се случи, а требаше да се случи. Сега нека ја исправат грешката нели баравме реформи.
Едно контра прашање, а дали вие размислувате за нас кој работиме за вас цел живот? Зошто вие еднаш не размислите како ни е нас што немаме државна плата и се снаоѓаме кој како знае и умее? Или само не жалите, а пак си седите и си се нишате во државна фотеља со загарантирана плата и придонеси?
Ти дадов решение за рез, е сега ако на некому не му се работи тоа е друга работа. На улица никој нема да ги остави. Како вика рекламата, осмели се направи чекор!
 
Дури и бронзени коњи се подобри од плата на административи платата оди во ветер и јадење на увозни производи, коњите остануваат.
Ова не ти го сфаќам, шо ако остануваат коњите? Кога немаат вредност и не допринесуваат за влез на пари
 
Треба да се најде поволен момент кога не се многу лоши светски економски прилики и да се направи еден убав рез пациентот е болен мора да се оперира нема уште многу да тера по лекови е. Што побрзо тоа подобро.

Наредниве пет години нема да има подобри светски економски прилики....
--- надополнето: 24 јануари 2012 во 13:34 ---
Ти дадов решение за рез, е сега ако на некому не му се работи тоа е друга работа. На улица никој нема да ги остави. Како вика рекламата, осмели се направи чекор!

Чекорот е веќе направен со самото влегување на работа во државно :icon_lol:, инаку не е голем процентот на административци во другите градови само Скопје тепа во таа насока има 25 градоначалници 120 пратеници 20 министри заменици министри секретари пута за секој градоначалник секретарка портпаролка па шефица на кабинет :icon_lol: итн.....
 
Ова не ти го сфаќам, шо ако остануваат коњите? Кога немаат вредност и не допринесуваат за влез на пари
Чисто од естетска гледна точка поубаво изгледа бронзен коњ од дебел административец кој зема плата за да произведува купишта папирологија.:) Дури имам повисоко мислење за рамковните браќа кој седат дома и земаат плата барем не произведуваат админстративни пречки. Подобро е админстративнци дома да седат и земаат плата од колку на работа да одат само штети прават со нивната “работа и труд“.
 
Плус може и неискористеното земјоделско земјиште да им се даде на 10 години да го работат. Со субвенции кој сега ги даваат на населението.
А тие што работат во администрација а настрана има бизнис и плус искористува неискористено државно земјиште за нив чаре :icon_lol:?
 
Веднаш од административци во газди ќе се претворите со проектот па ќе видите што останува за вас после давачките кон аждерите.
Не се случи, а требаше да се случи. Сега нека ја исправат грешката нели баравме реформи.
Едно контра прашање, а дали вие размислувате за нас кој работиме за вас цел живот? Зошто вие еднаш не размислите како ни е нас што немаме државна плата и се снаоѓаме кој како знае и умее? Или само не жалите, а пак си седите и си се нишате во државна фотеља со загарантирана плата и придонеси?
Ти дадов решение за рез, е сега ако на некому не му се работи тоа е друга работа. На улица никој нема да ги остави. Како вика рекламата, осмели се направи чекор!
Дообразование е добар параван за перење пари кое вие повторно ќе го платите...и новите социјалци со намалениот промет кој ќе го имаш. Велиш дека е лесно... ако си имала исполнето некој од условите. Знаеш добро дека тукутака добра или барем стандардна фирма не се бива. Уште подобро дека ретки се случаи да се запослиш во саглам фирма без врски.
Ако се нема некој занает или ти требаат луѓе или или добар капитал или све заедно. Ете замисли ти да треба да садиш лозје и продаваш...со 5000 евра, без знаење, без луѓе во таа бранша, без возила, машини, ...не знам дали би се снашла, посебно на повозрасни години.
Едно контра прашање, а дали вие размислувате за нас кој работиме за вас цел живот?
Да, да...радо би се менувал за цирка 350 евра, ако моеш да издржиш семејство со тие пари. Инаку жена ми е приватно па работи за мене :D
 
А тие што работат во администрација а настрана има бизнис и плус искористува неискористено државно земјиште за нив чаре :icon_lol:?

Кланица, џигерче, бутче, мозоче...ќе поделиме :)
 
Него остави малку жал ми паѓа паметни убави девојки завршиле факултети кој педагошки кои за јазици нема работа па мора дрн мрн фрн проекти како ете преку невладини ова она волонтирање глупости има да пукне тоа меурот во сектор образование гадно гадно....
 
Дообразование е добар параван за перење пари кое вие повторно ќе го платите...и новите социјалци со намалениот промет кој ќе го имаш. Велиш дека е лесно... ако си имала исполнето некој од условите. Знаеш добро дека тукутака добра или барем стандардна фирма не се бива. Уште подобро дека ретки се случаи да се запослиш во саглам фирма без врски.
Ако се нема некој занает или ти требаат луѓе или или добар капитал или све заедно. Ете замисли ти да треба да садиш лозје и продаваш...со 5000 евра, без знаење, без луѓе во таа бранша, без возила, машини, ...не знам дали би се снашла, посебно на повозрасни години.
Да, да...радо би се менувал за цирка 350 евра, ако моеш да издржиш семејство со тие пари. Инаку жена ми е приватно па работи за мене :D

Еве друго да речеме, Владава ви вика вие 300 души сте вишок и од денес плата нема за вас. Што ќе правите?
 
Со актулениво статус кво ќе тапкаме во место нема лошо да ќе се крпи па ќе пукне па од ново крпење на следни избори па уште задолжување на рокада на едни со други партиски послушници..
Зависи чии деца Стефусе...секој се бори за своите. Знам дека треба да е така ама дали сме ние отворена економија, со отворен пазар на труд, конкуренција...и се она што влегува во една нормална економија? Мислам дека не сме па затоа не би да се споредуваме со Британија и Тачер затоа што и во криза британците можеа и можат да се префрлат како работници и како работодавци во другите држави, посебно во делот од Комонвелтот. Башка што таму функционираа и синдикатите и организациите за заштита на работниците. Далеку сме од нив.
Со актулениво статус кво ќе тапкаме во место нема лошо да ќе се крпи па ќе пукне па од ново крпење на следни избори па уште задолжување на рокада на едни со други партиски послушници.
не мораше да боли ако се намалеше бројот на локални единици, ако се прекинеа вработувањата осим во исклучителни случаи и ако се тргнеше со административна пензија уште со време...и уште некои активности на кои сигурно не ми текнува. Сето тоа бидна ама обратно. И некој смета дека ќе извлече поголем профит за 50.000 семејства односно 200.000 луѓе ...а заборава дека како приватник тој живее од тие луѓе. Башка ќе треба да плаќа за нивно осигурување, социјала, проекти и потпроекти, башка како невработен ќе му светнат и други идеи, нелегални...а инвестиции во она што го збориме ниту имало кога имало дупло помал број, ниту ќе има. Како да не е планирано да се развиваме.
--- надополнето: 24 јануари 2012 во 13:57 ---
Еве друго да речеме, Владава ви вика вие 300 души сте вишок и од денес плата нема за вас. Што ќе правите?
сум работел по стоваришта, ако некој на овие години ме прими, ќе товарам пак...мене не ми е срам, само со тие пари не можам да обезбедам минимум за своите деца...Дали тоа е океј нечии деца да трпат или да се бават со нелегални активности т.е. да крадат и дилаат? Ако само 1/3 пробаат со вакво нешто, ниту вие газдите ќе сте сигурни во државава...тоа те прашав уште во првиот пост. Што ќе стане со социјалата, безбедност, промет, ....
 
Администрацијата треба да работи на олеснување на процедуралната работа на реалниот сектор. Токму затоа се плаќаат сите давачки кон државата. Од тие пари зимаат плата административците.

Тоа - не се случува.

Напротив, одмага.

Нема претприемач, фирма или фабрика во Македонија која нема одреден страв од инспекциите, а треба да е обратно. Инспекциите треба да бидат помошен инструмент на фирмите, тоа е целта на инспекциите. Наместо тоа, тие се инструменти за застрашување на приватниците и инкасатори.

Со казнена политика не се полни буџет. Мислам, евидентно дека се полни, ама не доволно. Башка, го зголемува ризикот од социјална револуција која ниедна влада не би си ја посакала.

Фирмарина
Данок на увоз
Данок на продажба
Данок на имот
Давачки за инспекциски надзор
Таксени плаќања
Комуналии

Сите тие пари од сите фирми одат на едно место и згора на тоа, инспектор ти е бог и батина. Не дај Боже да те фати на пик, ќе ти го сруши биснизот за помалку од 6 месеци, освен ако си близок до моменталната власт или си спремен да го отплатуваш со рекет. Пошто ако го пријавиш, брзо стигнува пријавата до инспекторите - е тек тогаш пријави си ликвидација на време, за да не ја изгубиш битката.

П.С.

Лурц, сите контакти, канали за еден занает или бизнис не се стекнуваат од раѓање - се стекнуваат со време.
 
Знам како се стекнуваат, ова е Македонија...за жал некој ги нема. Ги знам позадините на добрите газди и бизниси, а тоа не е случајно. Или занает/бизнис од родител или од фирма кај што работел. Ретки се јунаци што сами станале газди.
 
сум работел по стоваришта, ако некој на овие години ме прими, ќе товарам пак...мене не ми е срам, само со тие пари не можам да обезбедам минимум за своите деца...

Ете така, значи ќе си заминете и ќе се снајдете. Било што за да се преживее, плус и побрзо ќе ви работи мозокот во наоѓање на решение за бизнис.

Lurtz напиша:
Дали тоа е фер, за некој газда да е уште поголем газда, нечии деца да трпат или да се бават со нелегални активности т.е. да крадат и дилаат? А ќе мораме, јас прв ќе инсистирам да влезат у таква шема...нема секој врски и пари и не е газда

Животот не е фер, да беше фер и нашите деца ќе беа на државен трошок, а немаше да одат „волонтерски“ некаде без врски и пари со невработени родители или родители под технолошки вишок.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom