Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за 20 проценти.

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да си гризнам јазик, иако ветив дека нема да пишувам на темава ама гледав нешто бројки
Aj да се држиме до факти. Официјана бројка на административци нема. Никој за 20 години не сака да ги избори административците. Очигледно е тоа намерно.
Но знам колку чини еден административец има бруто плато во просек од 5-600 по 12 месеци= 6-8000 евра годишно.
Не знам, сигурно е намерно пошто се раскости приватниот сектор па за апсорпција го искористија јавниот. До кога ќе апсорбира без да се отворат границите и без некои други услови...сепак ние сме мала и кревка економија. Гледав нешто број на работници па мислам дека чиста администрација (сосе локална) не би била над 45-50 илјади. Другото е отприлика здравство, образование, војска и полиција. Имаше едни податоци и за работно место кое го чини работодавецот за одредени дејности. Таму отприлика колку се сеќавам државна служба чинеше негде 450 илјади ден. годишно што е прилично висока сума можда заради тоа што во групата влегува и јавна одбрана. На исто рамниште е со рударство и снабдување со електрична ен. а повисоки трошоци имаат само финансиските услуги и посредување. Неис, годишно овие 50000 би чинеле околу 350-360 милиони евра, а со намалување за 1/3 би чинеле околу 250 мил. евра. Од друга страна 5% на просечни 25.000 денари просечно нето месечно во тој сектор доаѓа годишно плус милион евра, а бруто (не знам дали 5% е на бруто или на нето) би дошло 1.5 милиони евра годишно. Ете тоа е, ако сум згрешил во некои пресметки пошто набрзина и упростено сметам, корегирајте слободно :)
Што фабрики би се изградиле со тие пари...
дали некогаш и кога бројот бил помал се десило вакво нешто...колку што се сеќавам не ги сервисираа ни т.н. загубари туку ги оставија сами на себеси. Ги испумпуваат парите, не ги внесуваат во промет.
Да не збориме што словенците пример имаат автопати уздуж и попреко, ние сеуште сме на истите скоро од посттитово време ;)
 
Ај да си гризнам јазик, иако ветив дека нема да пишувам на темава ама
На вакво нешто во иднина не смееш ниту да помислиш. Познавам барем еден кој ги чита твоите постови.
 
Тргнавме во погрешен правец, во лични примери што мислам дека треба да се избегне. Никој никому не дава, секој се труди да работи чесно...и да не постоев јас и уште 10.000 луѓе, на приватникот сигурно немаше да му ги намалат давачките оти колку што знам слични давачки има во повеќето европски држави. Затоа ме интересираше некоја логика, а во логика дека Македонија со отпуштање на 15000 лица ќе процвета се сомневам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom