Ај некој што разбира економија, пари, пазар...што би се случило ако во моментов имаше 50% помалку буџетари? Што со даноците, што со давачките, што со пазарот, прометот на приватните фирми, банките, недвижнините, трговијата...? Дали додека имаше многу помал % ај негде 60-70% како што проценуваат некои, давачките беа 30% помали и дали рестото од буџетот одеше во развој/подобрување (инфраструктура, услуги...)?
Или накратко што ќар сте имале како газди на приватни фирми и што ќар имала државата пред 15, 10 години и сега?Дали останувало повеќе па дел сте споделувале со своите работници како награда, 13 плата...?
Ме интересира врз што конкретно се базира размислувањето за мала администрација и просперитет на државата и приватните фирми...овде, во Македонија. Дали некој направил анализа што ќе се деси со пазарот во Македонија, социјалните услови, безбедноста, фирмите, банките... дали некој ги земал предвид 3-4 пати зголемените трошоци на локалната администрација (од 34 на 123 и 84 општини) за објекти, одржување, служби, ... или само нагаѓаме што би било кога би било