Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за 20 проценти.

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Народот може да ги поддржи обидите за помагање на малиот и средниот бизнис. Кај нас не е баш така. Можат да бидат и многу против, особено ако комшијата успее да земе кредит со кои ќе отвори/прошири бизнис. :)

Инаку во повеќепартиски систем нема политичар кој би го жртвувал популизмот и власта за да се зафати со сериозно решавање на вистинските проблеми. Ваквите проблеми во западноевропските држави ги решавале кралските ложи кои никој не можел да ги смени од власт. Кај нас за да се решат мора да се надеваме во промена на перцепцијата кај народот.
Перцепцијата на народот нема да се промени од надевање, туку некој треба да излезе од матрицата на одржување на партиската војска и да почне да креира поволни економски предуслови и за домашните фирми и претприемачи. Тоа е единствениот начин да му ги презентира бенефитите на народот, ако сака да очекува некаква позитивна реакција, само што никој не се труди нешто да направи на тоа поле. А не тие да чекаат странски инвестиции ко гром од ведро небо. Првин затоа што и да дојдат тие инвестиции нивните поволности се преголеми во однос на неплаќање на даноци и царини, профитите им се огромни, а бројот на луѓе кои го ангажирале е минимален. Нема здрава економска логика да продолжуваш со таква политика од проста причина што немаме ќар, а само загуба. Второ што тие инвестиции зависат од милион други фактори кои не зависат од нас како земја.
 
Било така, самата историја не ни дала шанса да имаме држава...но не мислам дека сме предодредени за ваков скотски начин на живот...поточно не е генетска информација за да не може да се промени. Некоја од генерациите мора нешто да смени.
Прашање е дали имаме солидни млади генерации, дали имаме знаење, економисти и експерти. Ако имаме (а лично мислам дека имаме), тогаш прашање е кој е кочницата, кој ги тера да се повлечат, наведнат глава, заќутат...кој се грижи да се отстрани развојната компонента и воопшто придонесот од правите луѓе, стручни лица и млади. Некој ужива и профитира во хаосот и немаштијата..."тој" или "тие" ја имаат кочницата. Тој-тие ја смислуваат оваа стратегија на бомбардирање со чудни информации во јавноста.
Не го поседуваме капиталот. Џабе ти се сите експерти на светот, ако немаш капитал. Ќе дојде човекот со парите и ќе ти ги купи. Тие многу полесно би профитирале, кога народот е богат -- никој нема да гледа кон нив. Верувај дека никој не би бил посреќен од „нив“ доколку народот е задоволен. Балканов се врти во маѓепсан круг, а ние за жал сме меѓу последните вагони. Тука би можела да се поправи ситуацијата. Сепак останувам на ставот дека никогаш нема да го достигнеме стандардот на западноевропските држави, но тоа не значи дека не треба да стремиме кон тоа.
Зошто макар не го решат хаосот во институциите. Ако воведат ред и поредок во здравствениот, безбедносниот, судскиот па и образовниот и систем, тоа нема да значи паѓање на рејтингот...напротив.

Сето тоа чини пари и значи законско работење. А сам си кажа дека платите, вакви какви што се, па дури и кај функционерите, не се доволни за живот каков што сакаат да водат. :)
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 14:16 ---
Перцепцијата на народот нема да се промени од надевање, туку некој треба да излезе од матрицата на одржување на партиската војска и да почне да креира поволни економски предуслови и за домашните фирми и претприемачи. Тоа е единствениот начин да му ги презентира бенефитите на народот, ако сака да очекува некаква позитивна реакција, само што никој не се труди нешто да направи на тоа поле. А не тие да чекаат странски инвестиции ко гром од ведро небо. Првин затоа што и да дојдат тие инвестиции нивните поволности се преголеми во однос на неплаќање на даноци и царини, профитите им се огромни, а бројот на луѓе кои го ангажирале е минимален. Нема здрава економска логика да продолжуваш со таква политика од проста причина што немаме ќар, а само загуба. Второ што тие инвестиции зависат од милион други фактори кои не зависат од нас како земја.
Се согласувам со болдот. Цело време за тоа и зборувам. Странските инвестиции, се надеж за некој „вујче од Америка“ кој ќе ни ги реши проблемите.

Само верувај дека нема да најдеш политичар што би функционирал така. Невозможно е да се заборави на цела таа „војска“ што му помогнала да стигне до власта. Такви мерки (се согласувам дека се добри) би биле можни само од експертска влада или при систем во кој нема политичка конкуренција. Како пример, види ги економските показатели на Југославија во периодот 45-65. Доколку бил повеќепартиски систем Тито веројатно би бил неуспешна историја, а не еден од најценетите политичари што ги имало на Балканот. Денешните политичари не се решаваат за долгорочни планови, затоа што никогаш нема да ги „почувствуваат“ придобивките од нив.
 
Подобро да дава државата пари за капитални инвестиции од колку на државни административци кој не создаваат ништо. Парите кој ги трошат тие завршуваат во странство како купена странска стока многу малку се задржуваат во МК додека капиталната инвестиција 100% останува во МК и создава работни места кој плаќаат данок. Дури и еден бронзен коњ е подобар од плата за еден државен паразит коњот останува вечно а плата на админстративецот оди во увозни производи.
 
првен да кажам дека иако сме фирма шо призведува сепак сме под јавна администација иако платата сами си обезбедуваме..........не се слагам со зголемување да не разлагам акде може да се дадат парите во инфраструктура мене ако ме питат во коридор 8 и во железници до албанија.....
не требаше ваа глупост иако и мене ке ми се зголеми платата.............е тоа ми е.....барем да беа доблесни оние од извршната власт да се изземеа од покачувањето како шо се претседател пратеници градоначалници директори на јавни претпријатија и слично...........или поедноставно нека се зголемат само на оние шо земат плата под 12000...........вака е више популизам отколку мерка некоа.......ова секако ке повлече и некој % инфлација.......која може и добра да биде......
 
Подели па владеј тоа ти е, него ме лути украле овие 8 милиони евра или многу повеќе сигурно и не можат да ги фатат, а овде темата за платите и пензиите поголема ука бука има...
Него пак се тие пари за купување некој социјален мир олигархијата и големите директори и понатаму ќе ограбуваат, одвреме навреме ќе потфрлат некоја ситна пара за воз до Белград и карти за игра на која што на никој не му зависи живот.
А бе пичка ви матер да ви ја ебам јас во уста, жената во газот ќерката в пичка и домашни животни се по дома да им поебам од мачка папгали хрчаци питони се да ви ебам.
Ме лути лицемерие рамнодушност и тројни стандарди ништо друго.....
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 15:13 ---
ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААаа..........
 
Има една добра изрека или ќе ја спречиш лавата или лавата ќе дојде кај тебе .

Можеме шо сакаме да правиме ама секоја империја има крај дај не зезајте и Кинеската династија пропаднала па ќе пропадне и партиската двете партии ни го направија животот кошмар Фреди Кругер може води да им носит.

Младите до тогаш ќе бидат некаде во Шведска Данска и Аустралија.
 
Ако се зголемат платите на државните службеници и пензионерите, ќе се зголеми коповната моќ на огромен процент од населението, а со тоа ќе се зголеми побарувачката на производи и услуги. Ако се зголеми побарувачката, ќе се зголеми понудата односно нашето производството и во ова не гледам ништо лошо.

А за на тој огромен процент на населението да се наголеми куповната моќ, проектираниот зголемен профит поради очекуваното наголемување ќе го изедат давачките кои се потребни за да на наведената категорија и се овозможи наголемување....или во превод пес кој се врти во круг за да си ја касне опашката, ако си видел како изгледа тоа.

Се согласувам дека сме далеку од десничарско размислување, а уште неколку светлосни години подалеку од десничарско делување на граѓаните. Ама добро е малку да се „удира“ со десна. Во последниве 20 години имавме само квази-десничарски мерки, кои одлично и дојдоа на левичарската матрица и создадоа антагонизам кон се што е десничарско (исмевање на амбициозност, онехрабрување на секаква иницијатива...). Ова левичарење на владата, може да предизвика да се изгуби тој антагонизам кон пазарното размислување, да се види дека реалниот сектор е најбитен. И тука мислам на младите под 25 години. Останатите се изгубени генерации, за жал.

Десничарско размислување...
Отприлика собирање што поголем арач и кратење на теоретските обврски на државата кон даночните обврзници, во пракса заштитата останува само кон олигархијата.
 
Абе видете 20 проценти и не е некој биг дил 2000 -4000 денари да речеме шо ќе се зголеми со тоа ништо ќе ги дадеш на јадење и пиење или ќе ги пукнеш у кладилница.

Каква куповна моќ очекуваш од народ што рака им симнува на Грците а во нашите дуќани се изживува врз продавачите
 
Ооооо па редно беше платите во јавниот сектор да се зголемат за 20 проценти,ама дали стопанството да го издржи и овој удар или ќе земаме уште кредити за плати и пензии
 
Западноевропските држави го имаат веќе во начинот на размислување вградено својот колонијалистички и надмен став. Не сакам да ширам песимизам, ама никогаш нема да го достигнеме нивниот стандард. Дури и да произведеме во лабораторија совршени политичари, а нашиве да им ги дадеме нив. Тоа е така со векови, така и ќе остане.

Инаку, нас голем проблем ни е и тоа што лошо ги детектираме проблемите. Не ни се најголеми проблеми невработеноста и ниските плати. Тие не се проблеми, тие се последици на лошата економија и неинветивноста. Овие 3-40 милиони евра ќе беа многу покорисни ако се дадеа како поддршка за малиот и средниот бизнис, отколку да се зголемуваат плати. Ама со таква мерка не се постигнува посакуваната политичка корист, бидејќи кај народот нема свест за значењето на реалниот сектор. Ја гледаат невработеноста и сиромаштијата, сама по себе, како изолиран проблем и многу полесно проаѓаат популистички мерки кои се „борат“ против нив директно, отколку вистински мерки кои би го решавале вистинскиот проблем.


Како и секогаш, даваш одлична слика на тоа што ни се случува спрема тоа што стварно треба да се направи...

Не знам стварно од кај ќе ги најдат парите за ова покачување, некој тие пари треба да ги заработи или пак да ги позајми...
 
Десничарско размислување...
Отприлика собирање што поголем арач и кратење на теоретските обврски на државата кон даночните обврзници, во пракса заштитата останува само кон олигархијата.
Идеолошки разлики, може да дебатираме до догодина и пак нема да се согласиме. Да имаше правилен избор, досега ќе беше направен. Најдобро е балансирање и прагматизам, секој екстрем е лош. Само, според мене, ни треба десничарско делување во моментов. Ама она вистинското, не екстремно десното што ја обожава олигархијата.
--- надополнето: 24 јануари 2012 во 10:26 ---
Не знам стварно од кај ќе ги најдат парите за ова покачување, некој тие пари треба да ги заработи или пак да ги позајми...
Колку само ти е точен потписот. Дури и за темава одговара. :)
 
Се додека народот власта му ја дава на личности како сегашниот премиер Лопатарко Споменичарски, нема иднина за подобро утре.....
 
Не знам стварно од кај ќе ги најдат парите за ова покачување, некој тие пари треба да ги заработи или пак да ги позајми...

Да ги заработи тешко со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Еу, што значи одиме на втората варијанта. Но и тоа има граница, потоа?
 
Но и тоа има граница, потоа?
Потоа, ќе си заминат од власт, ќе има апсење и судење на некои од помалите ешалони и целиот тој товар од долгови во кои не впуштија ќе треба да ги враќаме наредните 20-30 години (по моја слободна проценка) иако во меѓувреме и новата влада ќе зема кредитни пакети од ММФ, ЦБ и ЕЦБ (тие поситните не ги ставам во оваа група пошто се наменски). Баш ми е криво што целата младот и живот на мојата генерација и тие малку пред и после нас ќе живеат на кратка черга заради ваквата политика на оваа влада.

Трендот на задолжување од 2006та навака е 1 милијарда евра годишно. Можеби не е многу ако се земе предвид заложувањето на земјите од регионот, ама за економија каква што има Македонија е премногу.

Досега администрацијата од буџетот чинеше близу 600 милиони евра (на буџет од 2 милијарди евра) што е 30%. Со секое покачување на платите, се зголемува и процентот на колачот што го зема администрацијата од буџетот.

Грција во моментов во својот двор највеќе пати од администрацијата, а тоа се рефлектира на приватниот сектор. Груевци според сите показатели, одат по истиот пат...
 
Овие 3-40 милиони евра ќе беа многу покорисни ако се дадеа како поддршка за малиот и средниот бизнис, отколку да се зголемуваат плати.
Можеби ќе изгледа дека сум надвор од темата, но деновиве низ весниците сретнав вест дека низ буџетите на општините во Македонија се „ вртат “ околу две милијарди евра. Според член 22 од Законот за локална самоуправа, како надлежност на општината е предвидено : 3. Lokalniot ekonomski razvoj - planirawe na lokalniot ekonomski
razvoj; utvrduvawe na razvojnite i strukturnite prioriteti; vodewe na
lokalna ekonomska politika; poddr{ka na razvojot na malite i srednite
pretprijatija i na pretpriemni{tvoto na lokalno nivo i vo toj kontekst,
u~estvo vo vospostavuvaweto i razvojot na lokalnata mre`a na institucii i
agencii i promovirawe na partnerstvo
Мислам дека го занемарувате овој факт и се префлате на Владата, Државата Народната банка, со еден збор на високата политика. Општините ништо од ова не прават. Најголем „ дострел “ им е што поставија и почнаа да „ стопанисуваат и поштено заработуваат “ со рампи, зони и пајак-возила.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom