Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Значи ми се полни душава кога Каљехон ќе даде гол и ќе покаже на логото на Реал со гордост,браво!
А Пипа ужасно ме потсети на утакмицата со Лион пред неколку години:pos:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Озил си се изнаигра, браво. Арбелоа ЛОШО, нека одмара додека не влезе во форма молимте, десно моментално АлтинТОП
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Пеналдо :icon_lol:

Алонсо за гревови. Неможам да го гледам веќе....
Гранеро? Уште ли е во Реал...ај летоска во Леванте или Депортиво на позајмица.....
Одбрана боранија. Среќа терористиве не се којзнае каков тим па не не казнија убаво. Со ваква игра на Кампот јадеме 5че со кромид.

Само пофалби до Озил,Роналдо и Рамос. Друго се за туршија. Капитенот секој шут у неговиот гол е гол. На Бернабе немаме клин-шит од прошлата сезона.....страшно.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
ја и понатаму нема да очекувам пресврти... :свиркам:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Месутчо топ, иако се вцрви и испоти ко стално шо прај кога игра >50 минути до крај борбено и неколку маестрални потези. Фалеше да закити со асистенција, но тоа не се случи, не по негова вина. Одлична победа, не толку од аспект на играта, туку од аспект на психолошкиот моментум, кој се уште е кај нас.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Пеналдо :icon_lol:

Алонсо за гревови. Неможам да го гледам веќе....
Гранеро? Уште ли е во Реал...ај летоска во Леванте или Депортиво на позајмица.....
Одбрана боранија. Среќа терористиве не се којзнае каков тим па не не казнија убаво. Со ваква игра на Кампот јадеме 5че со кромид.

Само пофалби до Озил,Роналдо и Рамос. Друго се за туршија. Капитенот секој шут у неговиот гол е гол. На Бернабе немаме клин-шит од прошлата сезона.....страшно.
Непомаже Хук Кампа...:icon_mrgr:
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Рамос човече.... шта си радио ночас :D Озил маестро, кај Роналдо забележав подобрување во последните 3 утакмици, односно после критиките, се враќа назад, расчистува и краде топки. Почна по ватрен да стануе колку толку. Штета Игуаин што не даде гол, али затоа е тука Каљехон. Ја од коа гледав, добро играа нашиве. Среќа што пропуштив тоа лошото. :) Пс. Озил парче правеше.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.622
Поени од реакции
14.527
Добар натпревар. Брзо темпо, многу шанси, убави акции. Тоа е Примера. :cool:

Мислам дека Реал сеуште не е испаднат од кризата. Се промашуваат зицери, многу погрешни пасеви, одбраната изгледа смешно. Позитивна работа од сето ова што сеуште сме на +5.

Првото полувреме Билбао беше подобар бидејќи нашата одбрана беше лоша. Во второто го поправивме тоа, и Билбао имаше се помалку изгледни шанси, а Реал ги искористи пеналите. Мада, кога се ќе се собере, заслужена победа. Можеше и многу подобро, распоредот е згуснат, на играчите само Барселона им е во главата, и добро е што на крајот победивме, дури и убедливо.

Озил играч на натпреварот, баш кога е најпотребно волшебникот се враќа во старата форма. Одличен натпревар вечерва.
Честитки и до Каљехон за уште една искористена прилика. Од натпревар на натпревар ме остава без зборови, а прославата на голот, момент да се наежи секој мадридист..

Морам да го пофалам и одличното навивање оваа вечер, посебно во последните 15 минути, кога Бернабе ечеше, Ole, Hala Madrid, Callejoon !

И така, ни следува нов натпревар со Барселона од кој не очекувам ништо. Сакам само да гледаме еден одличен натпревар и нека победи подобрата екипа. Реално и нема што друго да очекуваме. :)
 
O

ob1

Гостин
The fuck беше она меѓу Чаби и Роналдо?
Со право се лутеше Роналдо. Судијата му даде жолт картон на првиот старт што го направи Роналдо, може беше опасен старт, али Роналдо објаснуваше дека врз него се прават цело време прекршоци и никој не добива жолт картон додека он направи еден и одма доби жолт картон. Беше лут поради ова и нејќеше да го прими жолтиот картон. Чаби Алонсо се улета и го бутна Роналдо во насока на судијата, демек да го прими жолтиот картон, стварно непотребен потег од страна на Алонсо, еве и видео..

 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Свирежите на адреса на Мурињо беа упатени поради фрустрациите од уште едниот пораз во дуелите со лутиот ривал Барселона, и начинот на кој Кралевите загубија во натпреварот со Каталонците во средата во Копа дел Реј.

По финишот на средбата со Атлетик Билбао, на која Реал стигна до победа од 4-1, Португалецот реши да не им придаде големо значење на свирежите.

Иако за прв пат стратегот беше исвиркуван од домашните фанови, Мурињо вели дека тоа не е проблем, бидејќи публиката на Сантијаго Бернабеу во минатото упатувала свирежи и на адреса на голем фудбалер како Зинедин Зидан.

“Не ми пречи тоа што бев исвиркуван.” – рече Мурињо. “Не е проблем и покрај тоа што ми се случува за прв пат. Никогаш не ми се случило нешто вакво во Порто, Челзи и Интер. Но за се има прв пат.”

“Тука фановите го исвиркуваа Зидан. Роналдо исто така беше исвиркуван, а тоа му се случи и на Кристијано, кој е актуелниот освојувач на ’Златната Копачка’.”

“Па зошто и јас да не бидам исвиркуван? Зидан, Роналдо и Кристијано одговорија со перформансите на теренот. Јас ќе одговорам со напорна работа.”

“Доколку ме исвиркуваа во клуб како Челзи, каде фановите не исвиркуваат никого, ќе ми беше тешко да го прифатам тоа.”

“Но со оглед на тоа дека на овој стадион биле исвиркувани големи фудбалски имиња, нема никаков проблем.”
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Остави поразот од барселона траги во играта. Одбраната ни е очајна, освен Рамос и Варан другото е се тутун, мора нешто да се среди. И баш ме интересира за првиот гол што правеше Марсело !? Не се врати назад на време и остави дупка во одбраната која не кошташе гол. Да ги реализираа шансите Атлетик гарант ќе го изгубевме вчерашниот натпревар.

Роналдо, па тоа мајсторе се очекува од тебе, да трчаш цело време, да играш за тимот и да даваш се од себе. БРАВО !
Озил се врати во форма што е многу добро за нас и очекувам да ја подобрува неговата игра уште повеќе во наредните натпревари.

И мора да се пофали играчот кој игра со срце за тимот,си ги искористува шансите максимално и станува миленик на навивачите. Ретки се играчите како него на денешницава каде што повеќето фудбалери играат за пари.
Очекувам да продолжиш со добрата игра (и да се подобруваш) и со сигурност ќе бидеш легенда на Реал Мадрид.

Ladies and gentlemen Jose Maria fucking CALLEJON !

Џагоев од ЦСКА изјави дека уживал во играта на барселона во последното Ел Класико, а кажа дека играта на Реал била катастрофална.


“Barselonina igra je pravo uživanje. Na drugoj strani, Real Madrid je bio žalostan”, rekao je Džagoev.
“Volio bih da Real Madrid može jednom ljudski da im se suprotstavi. Baš su igrali katastrofalno”, naglasio je napadač CSKA.
Na kraju je Džagoev prokomentarisao glasine o prelasku u Real Madrid.
“Ozil nije uvijek u startnoj postavi, a Kaka sjedi na klupi. Ne znam zbog čega bi doveli Džagoeva na tu poziciju?”, upitao je Rus.
Епа другарче баш ме интересира што ќе изјавиш после петардата на Бернабе што ќе ја кркате.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Со право се лутеше Роналдо. Судијата му даде жолт картон на првиот старт што го направи Роналдо, може беше опасен старт, али Роналдо објаснуваше дека врз него се прават цело време прекршоци и никој не добива жолт картон додека он направи еден и одма доби жолт картон. Беше лут поради ова и нејќеше да го прими жолтиот картон. Чаби Алонсо се улета и го бутна Роналдо во насока на судијата, демек да го прими жолтиот картон, стварно непотребен потег од страна на Алонсо, еве и видео..

непотребен потег на Алонсо??? а што требаше роналдо да направи,да бега од судијата и на крај црвен да добие??? можеби не беше праведен жолтиот ама нека не бега како пиче, не е крај на светот!!
 

iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Кака вчера одигра солиден натпревар. Повлече неколку контри и имаше добри потези. Јас би го играл у првите 11 за среда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom