Добар натпревар. Брзо темпо, многу шанси, убави акции. Тоа е Примера.
Мислам дека Реал сеуште не е испаднат од кризата. Се промашуваат зицери, многу погрешни пасеви, одбраната изгледа смешно. Позитивна работа од сето ова што сеуште сме на +5.
Првото полувреме Билбао беше подобар бидејќи нашата одбрана беше лоша. Во второто го поправивме тоа, и Билбао имаше се помалку изгледни шанси, а Реал ги искористи пеналите. Мада, кога се ќе се собере, заслужена победа. Можеше и многу подобро, распоредот е згуснат, на играчите само Барселона им е во главата, и добро е што на крајот победивме, дури и убедливо.
Озил играч на натпреварот, баш кога е најпотребно волшебникот се враќа во старата форма. Одличен натпревар вечерва.
Честитки и до Каљехон за уште една искористена прилика. Од натпревар на натпревар ме остава без зборови, а прославата на голот, момент да се наежи секој мадридист..
Морам да го пофалам и одличното навивање оваа вечер, посебно во последните 15 минути, кога Бернабе ечеше, Ole, Hala Madrid, Callejoon !
И така, ни следува нов натпревар со Барселона од кој не очекувам ништо. Сакам само да гледаме еден одличен натпревар и нека победи подобрата екипа. Реално и нема што друго да очекуваме.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)