Илјада билети и бесплатен превоз со воз за Македонија-Полска

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Ја насмеан до уши , ала да ви е на сите од прва до последна страна се прочитав .
Ако успеам да издржам до 4 ќе стаам слика од железничка , од тераса глеам се :):)

па излези на терасата јеботе! :D

eх, Види Фотос ме претркал... :oops:
 
Иначе Јас се осеќам ко да сум добил карта. У соба ми е ладно ко на железничка да дремам.
Не за џабе 35. по ред бев на списокот.:D

/sign out
 
Да му отидеме пред зграда за саат време, и да му пееме Излези момче... :pos:

не не, појако ќе биде другиов Мартин што го извлекоја (мислам дека Миланез е), да му пее на Мартин (Интерашов) - Излези момче... тоа е љубов! :pos:

него, штом сме веќе кај тоа, и така сме оф-топик....

ова е тоа „обединување“ што се случува при успех на наша репрезентација, го има у воздухот, секаде се приметува, еве дури и на Кајгана... коа се работи за ракометариве, фрчат лајкови меѓу Интераши и Миланези, Мадридисти и Каталонци, атеисти и верници, Леандра и Цитро.... едноставно, љубов! :pos:
 
Никој незнае во колку саат трга за назад ? :(
Во 22:30.
Ќе треба два дена да не одам на работа, или кога ќе се вратиме право на работа... :place:
 
Од мојот град знам тројца што добија карти,а нема да одат..
гледам јас после ке отидат 500 души од тие 300 со карти..
 
А замисли да имаш воз за фаќање за неколку саата а уште дремеш на кајгана :icon_lol:
Ако си блиску, уште подобро ќе ти помине времето, само да си спремена како што треба. :icon_lol:
 
А кога не одат што кој к** се пријавуваат? Еве можев и јас да се пријавам, али испитот не ми дозволува и поштено си направив игнор на целата ситуација.
 
Од мојот град знам тројца што добија карти,а нема да одат..
гледам јас после ке отидат 500 души од тие 300 со карти..
Не грижи се ти, ќе го пополнат местото другите што не добиле, а ги има многу. :pos:

Леее не знам што пишувам, само се едитирам! Ми се спие. :facepalm:
Ајде лека ноќ на сите фала ви што ме насмеавте, се читаме утре! :P
 
А замисли да имаш воз за фаќање за неколку саата а уште дремеш на кајгана :icon_lol:
А ако си од далеку ќе чекаш до 4 дремејќи на кајгана со надеж дека некој ќе те телепортира до Ск :)
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 03:16 ---
А кога не одат што кој к** се пријавуваат? Еве можев и јас да се пријавам, али испитот не ми дозволува и поштено си направив игнор на целата ситуација.
Не се сите поштени како тебе. :D
Инаку јас знаев дека нема да можам да појдам одма до СК па не се ни пријавив
 
ова е тоа „обединување“ што се случува при успех на наша репрезентација, го има у воздухот, секаде се приметува, еве дури и на Кајгана... коа се работи за ракометариве, фрчат лајкови меѓу Интераши и Миланези, Мадридисти и Каталонци, атеисти и верници, Леандра и Цитро.... едноставно, љубов! :pos:

Море остај тоа....него оваква еуфорија ме мавна коа игравме кошарка со Шпанија.....вечерта око не склопив.

А денес додатен филинг ми се дечкиве што ќе имаат најубава авантура во младоста,патување со воз до Белград ,а никој не познаваш,се со цел да си ги видиш хероите на терен и да си ги бодриш.

Дечките рачунајте денес секој од нив во просек да има станато во 11h....до 5h кога тргнува возот,ќе имаат зад себе 18h будност.....по возот поголемиот дел нема око да сколопат....а од кога ќе стасаат таму 14.30-15h до 22.30h ќе нема кај ни да се потпрат,а камо ли да дремнат.....значи вкупно околу 36 саати:eek: ,поголемиот дел од нив нема да има око склопено.....а рачунајте каде е тука заморот од навивање и сл.

Јака им душа....ама ќе го памтат ова цел живот.:)
 
Ја не ни аплицирав ебате,, немам срека во вакви работи. Последен пат најблизу бев во Супер Бинго кога за малце ке добиев 50 денари доколку ми паднеа последните 2 бројки од серискиот број. Ја имав 34 а падна 43.

Срекен Пат на оние кој ке патуваат за Белград.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom