Најпотценети и најпреценети актери/актерки?

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.762
Поени од реакции
5.046
^На Лиота доста му беше улогата у Гудфелас ( и шо позајмуа глас у ГТА Вајс Сити):D вреди колку се друго шо напраил заедно.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Преценет според мене (само молам,без тепање,пцуење и сл. кон мене :)) е Ал Пачино.Од поодамна сум го имал овоа мислење за него.Според мене,не е толку добар глумец како што е "поминат" низ луѓето.Мислам дека има добри улоги,ама повеќето му се-ништо посебно.
Како добри улоги,од тоа што јас го имам гледано,би ги издвоил-Scent of a woman и Scarface.The Devil's Advocate -dont ask me... Мислам дека добро си ја свршил работата,ама јас да бев режисер,ќе одберев друг глумец,да бидам искрен.
Во Кум,како Мајкл,ништо посебно.Изглуми само добар став на еден зрел и стабилен човек,и ако видите подетално-ништо посебно again :mad: Сепак тоа е мое мислење
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Carla Gugino не е добра глумица, но е прекрасна :) никогаш не сум рекол дека е добра актерка.

@ Vlatko, Кога се работи за Clarie Danes, не е една серија него се 2. Во првата на 15 годишна возраст победи во конкуренција на многу по сериозни и стари добри актерки, од друга страна серија не е баш малце, т.е. во случајов две како што реков веќе. Теоретски гледано според квантитет, една серија е еднаква на 10-на филма и е далеку од малце глума, ( во која се бара константност на подолг период) let alone 2. Погледни ја Homeland ќе видиш зашто сум толку импресиониран :)

I got a thing for psycho - characters!
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Му се случува периодична ова, му мине брзо, не го карај.
Се гледа дека го држи еуфорија од серијата. :)

@ Vlatko, Кога се работи за Clarie Danes, не е една серија него се 2. Во првата на 15 годишна возраст победи во конкуренција на многу по сериозни и стари добри актерки, од друга страна серија не е баш малце, т.е. во случајов две како што реков веќе. Теоретски гледано според квантитет, една серија е еднаква на 10-на филма и е далеку од малце глума, ( во која се бара константност на подолг период) let alone 2. Погледни ја Homeland ќе видиш зашто сум толку импресиониран :)
Ех 2 серии едната пред 15 години и тек сеа. :) Ја имам гледано само во таа првата порано 2-3 епизоди ама одамна беше и во Терминатор 3. Знам ЗА новава серија ама не ме влече да ја гледам, дали е овој шпиун или не е. BTW Колку лошо измутира оваа , као тинејџерка беше многу слатка сега има некоја коњеста фаца :unsure: како Сара Џесика Пaркер. :LOL:

I got a thing for psycho - characters!
http://www.imdb.com/name/nm0000374/ мора да ти е омилен актер. :):)
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
Преценета актерка - Џенифер Анистон а.к.а. Анастасакис гркинката, преценета у тој поглед што ја пикаат у секој филм денеска а ни има појма од глума ни па е многу убава а уште ја прогласуваа и за најсекси жена :ROFLMAO: (изгледа го имаше наместено изборот за да и врати на Џоли што и го украде маж и :cautious: ). Имаше среќа да се пикне у една таква серија како Френдс (од која порано не пропуштав ниедна епизода на А1, а сега не можам да ја смислам, хуморот ми е сега толку глуп а ликовите нереални). Добро што не го упропасти Офис Спејс кога ќе се појави, толку е добро филмчето. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Преценет според мене (само молам,без тепање,пцуење и сл. кон мене :)) е Ал Пачино.Од поодамна сум го имал овоа мислење за него.Според мене,не е толку добар глумец како што е "поминат" низ луѓето.Мислам дека има добри улоги,ама повеќето му се-ништо посебно.
Како добри улоги,од тоа што јас го имам гледано,би ги издвоил-Scent of a woman и Scarface.The Devil's Advocate -dont ask me... Мислам дека добро си ја свршил работата,ама јас да бев режисер,ќе одберев друг глумец,да бидам искрен.
Во Кум,како Мајкл,ништо посебно.Изглуми само добар став на еден зрел и стабилен човек,и ако видите подетално-ништо посебно again :mad: Сепак тоа е мое мислење
таква серија како Френдс (од која порано не пропуштав ниедна епизода на А1, а сега не можам да ја смислам, хуморот ми е сега толку глуп а ликовите нереални).
Не знам на кој јазик зборувате ама ништо не ве разбирам :)

Carla Gugino не е добра глумица, но е прекрасна :) никогаш не сум рекол дека е добра актерка.

@ Vlatko, Кога се работи за Clarie Danes, не е една серија него се 2. Во првата на 15 годишна возраст победи во конкуренција на многу по сериозни и стари добри актерки, од друга страна серија не е баш малце, т.е. во случајов две како што реков веќе. Теоретски гледано според квантитет, една серија е еднаква на 10-на филма и е далеку од малце глума, ( во која се бара константност на подолг период) let alone 2. Погледни ја Homeland ќе видиш зашто сум толку импресиониран :)

I got a thing for psycho - characters!
Се надевам дека серијата не е пропагандно срање зошто така ми изгледа од постерот. Имам одбивност кон таквите во последно време и да се квалитетни пак не можам да ги гледам. Claire Danes ја поштуем од „Мојот таканаречен живот“ , серија која се пренесуваше во времето кога нашите телевизии сеуште пренесуваа нормални серии. Кога ја спомна, се сетив на еден помалку познат филм, солиден ништо посебно, но да го препорачам http://www.imdb.com/title/tt0120620/
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Преценети: Leonardo DiCaprio (во последниве неколку години преглумува), Nicolas Cage ( дефинитивно), Kate Winslet, Reese Witherspoon, Angelina Jolie, Natalie Portman, Nicole Kidman, Johnny Depp... и тако даааљеее:)
Леонардо прецент, лол. Кејт Винслет, Никол Кидман, Анџелина... извини немам лоша намера ама мора да се шегуваш. Чисто информативно ги гледаш само новите филмови или и нешто постаро.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Не знам на кој јазик зборувате ама ништо не ве разбирам :)
Ај уште еднаш и ако сум го погодил некого за омилената серија/филм немора одма да рипа. ;)

Френдс. Порано ми беше омилена, не пропуштав ни една епизода како што реков, и со Бред Пит, и со Кристина Еплгејт итн...Сега, ич не ми е смешна било која епизода и да погледнам, хуморот изнасилен исто како ликовите кои се однесуваат нереално, претерано. Сега ми е како бледа копија на Сајнфелд. Не ми се случило вакво нешто за друга серија која сум ја гледал порано, да го свртам мислењето за 360 степени, само за оваа. :) Може затоа што ја гледав како тинејџер а сега имам поразвиен укус :D и/или не остарела добро со времето зашто Сајнфелд и денеска кога ја гледаш е топ, а и по 20 години ќе биде исто.
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 02:09 ---
Леонардо прецент, лол. Кејт Винслет, Никол Кидман, Анџелина... извини немам лоша намера ама мора да се шегуваш. Чисто информативно ги гледаш само новите филмови или и нешто постаро.
Па, и за мене Анѓа Војт е преценета. Стана популарна поради сексапилот а не поради глумата. Во Girl, Interrupted искрено не видов зашто и дадоа Оскар. Единствен филм во кој добро одглумила според мене е Gia и тој го имам одамна гледано, може и грешам. Changeling oд Клинт ИСтвуд го немам гледано и нема, е може таму одглумила добро... и колку се тоа - 2-3 филма..

*го очекува бесот на Рокенрола*
што ми требаше ова...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Ај уште еднаш и ако сум го погодил некого за омилената серија/филм немора одма да рипа. ;)

Френдс. Порано ми беше омилена, не пропуштав ни една епизода како што реков, и со Бред Пит, и со Кристина Еплгејт итн...Сега, ич не ми е смешна било која епизода и да погледнам, хуморот изнасилен исто како ликовите кои се однесуваат нереално, претерано. Сега ми е како бледа копија на Сајнфелд. Не ми се случило вакво нешто за друга серија која сум ја гледал порано, да го свртам мислењето за 360 степени, само за оваа. :) Може затоа што ја гледав како тинејџер а сега имам поразвиен укус :D и/или не остарела добро со времето зашто Сајнфелд и денеска кога ја гледаш е топ, а и по 20 години ќе биде исто.
Колку и да објаснуваш нема да те разберам :)

Шала. Работата е што повеќето од нас Френдс фанатици ја имаат гледано секоја епизода по 10 пати и уште им е смешна. Ти си првиот за кој знам дека му здосадило. Не ќе да е дека го имаш развиено вкусот, повеќе ми личи на моментална блокада :)

Пак шала де...

Како и да е, не можеш да очекуваш којзнае какви способности од актери во сит-ком. Ретки се тие што отскокнуваат, како Метју Пери, Чарли Шин, Мајкл Џ.Фокс итн... под ова „отскокнуваат“ подразбирам да имаат капацитет за „големото платно“. Повеќето од нив се стриктно за сит-коми, оследен пример Барни од HIMYM кој покажа едно големо ништо во Штрумфови. Се согласувам за Анистон дека не е некаква актерка ама не знам зошто те чуди што глумела во толку филмови: си ги гледал филмовите во кои глуми? Кој од кој полош. Освен Office Space, ама јас мислев на оние во кои има покрупна улога. Мене не ме чуди воопшто затоа што Френдс бандата беа непознати деца собрани од улица, само Швимер имал некакво искуство а ЛеБланк од првата плата си купил топла вечера. Како и да е, ја остварија замислата на сценаристите, станаа ликови кои публиката ги сака и створија хемија во шоуто.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Преценет според мене (само молам,без тепање,пцуење и сл. кон мене :)) е Ал Пачино.Од поодамна сум го имал овоа мислење за него.Според мене,не е толку добар глумец како што е "поминат" низ луѓето.Мислам дека има добри улоги,ама повеќето му се-ништо посебно.
Како добри улоги,од тоа што јас го имам гледано,би ги издвоил-Scent of a woman и Scarface.The Devil's Advocate -dont ask me... Мислам дека добро си ја свршил работата,ама јас да бев режисер,ќе одберев друг глумец,да бидам искрен.
Во Кум,како Мајкл,ништо посебно.Изглуми само добар став на еден зрел и стабилен човек,и ако видите подетално-ништо посебно again :mad: Сепак тоа е мое мислење
Значи можам да проголтам за секој актер што постои и што постоел, ама неможам да не ти реплицирам кога зборуваш против легендата на филмовите и за мене ол тајм фејворит Ал Пачино.
Значи човеков како што знае да одржи говор никој така незнае (оди во темана за најдобри говори и увери се самиот).
Значи Scent of a Woman, The Devil`s Advocate, Heat, Godfather, Carlito`s Way, Donnie Brasco, Scarface, Serpico, City Hall, Any Given Sunday и ред други се све филмишта кои ако не беше он, немаше да бидат тоа-тоа.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Па, и за мене Анѓа Војт е преценета. Стана популарна поради сексапилот а не поради глумата. Во Girl, Interrupted искрено не видов зашто и дадоа Оскар. Единствен филм во кој добро одглумила според мене е Gia и тој го имам одамна гледано, може и грешам. Changeling oд Клинт ИСтвуд го немам гледано и нема, е може таму одглумила добро... и колку се тоа - 2-3 филма..

*го очекува бесот на Рокенрола*
што ми требаше ова...
Треба да го погледеш филмот. Квалитетот на нејзе не е само во сексипилот, има милион убави и сексипилни, па не се, ниту можат да бидат Анџелина Џоли. Таа може да одглуми било каква улога и во тоа е нејзината големина. Не е како некои кои константно се држат до ист жарн на филмови, а мора да признаеме дека е солидна во сите свои улоги. Сега тоа што денешните филмови се да не речам до колена на оние од поодамнешно време, не ги прави и актерите помалку квалитетни.

П.С. За оние кои се против Бред Пит, покрај сите негови одлични улоги мислам дека ја заборавивте и онаа во "The Curious Case of Benjamin Button"
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Не знам на кој јазик зборувате ама ништо не ве разбирам :)


Се надевам дека серијата не е пропагандно срање зошто така ми изгледа од постерот. Имам одбивност кон таквите во последно време и да се квалитетни пак не можам да ги гледам. Claire Danes ја поштуем од „Мојот таканаречен живот“ , серија која се пренесуваше во времето кога нашите телевизии сеуште пренесуваа нормални серии. Кога ја спомна, се сетив на еден помалку познат филм, солиден ништо посебно, но да го препорачам http://www.imdb.com/title/tt0120620/
Делумно е таква, но од друга страна и не е, затоа што во серијава не се плашат да ја откријат слабоста и внатрешните проблеми во самата власт на Америја, не се покажани како мадерфакери, него како слаби и лесно допирливи од страна на непријателските земји, дава и солидна слика за лажен патриотизам и слично, се зависи со каков став ке почнeш да ја гледаш ако се прашувам јас :)

Реков не е Breaking Bad, ама доста солидна е. Сепак врвот од нова продукција и го давам на Downtown Abbey, (класична драма) ама кине (y)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Значи можам да проголтам за секој актер што постои и што постоел, ама неможам да не ти реплицирам кога зборуваш против легендата на филмовите и за мене ол тајм фејворит Ал Пачино.
Значи човеков како што знае да одржи говор никој така незнае (оди во темана за најдобри говори и увери се самиот).
Значи Scent of a Woman, The Devil`s Advocate, Heat, Godfather, Carlito`s Way, Donnie Brasco, Scarface, Serpico, City Hall, Any Given Sunday и ред други се све филмишта кои ако не беше он, немаше да бидат тоа-тоа.
Глеј,јас не викам дека е мал актер,да не се разбереме погрешно.Само мислам дека е пренагласен неговиот талент.За говорите се сложувам..
Некако, му лежат улоги како во Heat да речеме,и од тоа што јас го имам гледано,сум проценил дека го бираат режисери во таков некој шаблон.Ги немам гледано сите филмови од него,така да еве ај..да не зборувам напамет.:)
Ај ке ги изгледам тие шо ги немам гледано,па ќе прокоментирам,мада не ми се верува да го сменам мислењето..Значи сакам да кажам,не "ризикува" во тоа да одбере некој интересен карактер за да го игра..
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Треба да го погледеш филмот. Квалитетот на нејзе не е само во сексипилот, има милион убави и сексипилни, па не се, ниту можат да бидат Анџелина Џоли. Таа може да одглуми било каква улога и во тоа е нејзината големина. Не е како некои кои константно се држат до ист жарн на филмови, а мора да признаеме дека е солидна во сите свои улоги. Сега тоа што денешните филмови се да не речам до колена на оние од поодамнешно време, не ги прави и актерите помалку квалитетни.
Ех какви различни улоги, све акции + си видел колку пати била номинира за најлоша актерка 2001-2004 :
http://en.wikipedia.org/wiki/Golden_Raspberry_Award_for_Worst_Actress

Колку и да објаснуваш нема да те разберам :)

Шала. Работата е што повеќето од нас Френдс фанатици ја имаат гледано секоја епизода по 10 пати и уште им е смешна. Ти си првиот за кој знам дека му здосадило. Не ќе да е дека го имаш развиено вкусот, повеќе ми личи на моментална блокада :)
Не знам. :) Сајнфелд ја гледав по втор пат, и по трет пат да ја гледам ќе ми биде смешна. Ало Ало кога ја даваа сега пак, исто (до тие последните епизоди кога ја издолжуваат непотребно и опаѓа квалитетот). Only Fools For Horses, итн. (Не е до укусот? :)) Ама Френдс - јок ич не ми е интересна сега. т.е . смешна.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Ех какви различни улоги, све акции + си видел колку пати била номинира за најлоша актерка 2001-2004 :
http://en.wikipedia.org/wiki/Golden_Raspberry_Award_for_Worst_Actress .
Па, и не се сите акции, ама како и да е.
Ова второто само по себе ништо не значи.
Ако не се лажам ( поправете ме) Сандра Булок во иста година доби награда за најлоша улога, но и Оскар за најдобра улога.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
И тоа да видиш Сандра Булок да добие Оскар :P (а позната по лесни улоги во комедии, романтични, и по некоја акција). Никогаш нема да знаеме колку некој/а актер/ка може добро да оглуми се додека не се најде некој режисер кој ќе им даде шанса во добар/сериозен филм и ќе го извади максимумот од него/неа. На пр. Хит Леџер познат беше по тинејџ филмови, никој не веруваше дека ќе може да одглуми така добро еден лик како Џокерот ама под палка на Нолан...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom