M1K1 007
не у еу
- Член од
- 7 јули 2009
- Мислења
- 1.796
- Поени од реакции
- 571
2012 FIA Formula One World Championship Race Calendar
01 2012 FORMULA 1 AUSTRALIAN GRAND PRIX (Melbourne) 16 - 18 Mar
02 2012 FORMULA 1 PETRONAS MALAYSIA GRAND PRIX (Kuala Lumpur) 23 - 25 Mar
03 2012 FORMULA 1 UBS CHINESE GRAND PRIX (Shanghai) 13 - 15 Apr
04 2012 FORMULA 1 GULF AIR BAHRAIN GRAND PRIX (Sakhir) 20 - 22 Apr
05 FORMULA 1 GRAN PREMIO DE ESPAÑA SANTANDER 2012 (Catalunya) 11 - 13 May
06 FORMULA 1 GRAND PRIX DE MONACO 2012 (Monte Carlo) 24 - 27 May
07 FORMULA 1 GRAND PRIX DU CANADA 2012 (Montréal) 08 - 10 Jun
08 2012 FORMULA 1 GRAND PRIX OF EUROPE (Valencia) 22 - 24 Jun
09 2012 FORMULA 1 SANTANDER BRITISH GRAND PRIX (Silverstone) 06 - 08 Jul
10 FORMULA 1 GROSSER PREIS SANTANDER VON DEUTSCHLAND 2012 (Hockenheim) 20 - 22 Jul
11 FORMULA 1 ENI MAGYAR NAGYDÍJ 2012 (Budapest) 27 - 29 Jul
12 2012 FORMULA 1 SHELL BELGIAN GRAND PRIX (Spa-Francorchamps) 31 Aug - 02 Sep
13 FORMULA 1 GRAN PREMIO SANTANDER D'ITALIA 2012 (Monza) 07 - 09 Sep
14 2012 FORMULA 1 SINGTEL SINGAPORE GRAND PRIX (Singapore) 21 - 23 Sep
15 2012 FORMULA 1 JAPANESE GRAND PRIX (Suzuka) 05 - 07 Oct
16 2012 FORMULA 1 KOREAN GRAND PRIX (Yeongam) 12 - 14 Oct
17 2012 FORMULA 1 AIRTEL INDIAN GRAND PRIX (New Delhi) 26 - 28 Oct
18 2012 FORMULA 1 ETIHAD AIRWAYS ABU DHABI GRAND PRIX (Yas Marina) 02 - 04 Nov
19 2012 FORMULA 1 UNITED STATES GRAND PRIX (Austin) 16 - 18 Nov
20 FORMULA 1 GRANDE PRÊMIO DO BRASIL 2012 (São Paulo) 23 - 25 Nov
п.с и нека му е среќен роденденот на Шуми (43) и нека си дочека барем 50 (за во Ф1 мислев а зошто да не и барем една победа)
ете и тука пиши (сега видов)
Шуми наполни 43, Фанџо бил шампион на 46
Михаел Шумахер денеска го прославува својот 43 роденден, со што ќе биде највозрасниот возач на патеката оваа сезона, кога за прв пат ќе се натпреваруваат дури шест светски прваци на Формула 1.
Германскиот пилот влегува во својата трета и последна сезона од најавениот ангажман во Мерцедес, кога го направи неочекуваниот кам-бек. Иако претходно тимот го продолжи договорот на Нико Розберг, прашањето за обновување на договорот на Шуми е одложено за средината на сезоната, што укажува дека одлуката ќе биде донесена откако добро ќе се согледаат капацитетите за 2012 година, а ќе биде почнат и развојот за сезоната потоа. При објавувањето на кам-бекот, Шумахер најави дека има цел да освои шампионска титула со Мерцедес, но минатите две сезони ги помина во битки за позиции од средината на табелата. Лани, во екипата Мерцедес на Рос Браун му се приклучија уште тројца врвни инженери, поранешниот технички директор на Рено, Боб Бел, поранешниот технички директор на Хонда, Џоф Вилис, и поранешниот технички директор на Ферари, Алдо Коста. Тие би требало да помогнат сребрениот болид конечно да фати приклучок со врвните конструкции и да им помогнат на Шумахер и Розберг да остварат позначајни резултати.
Германскиот весник Билд во 2010 година објави дека Шумахер воопшто не заостанува со кондицијата и дека се уште е фит како порано, што наводно го должи на добрите гени и на сопругата Корина, која го „одржувала млад“. Неодамна и Фернандо Алонсо кој на почетокот на својата кариера беше лут ривал со Германецот, изјави дека Шуми нема потреба да се докажува повторно по седум освоени титули. Сепак, англиските медиуми денеска потсетија дека големите шампиони од минатото освојувале титули на уште поголема возраст, па така Фанџо нанижал четири светски наслови на возраст од 43 до 46 години, а Џузепе Фарина во 1950 имал 43 години и 308 дена кога станал светски првак. Шумахер на трката за Големата награда на Белгија во 2011 година, одбележа јубилеј од 20 години учество во Формула 1 трките, отворајќи пивско буре од родниот регион на Келн.
http://www.f1almanah.mk/formula1/aktuelno/10690-sumaher-napolni-43-godini
Не е лесно да си ФИА во 2012
Повеќе проблеми се истопорени пред светската автомобилистичка федерација, а нивната разврска во текот на 2012 година може да предизвика извесни рефлексии и врз најелитното спортско натпреварување – Светското првенство на Формула 1.
Откако календарот беше потврден со 20 трки, се актуелизира прашање за одржување на трката во Бахреин, бидејќи немирите во малечката земја на Средниот Исток се уште се далеку од надминати. Ставањето на трката повторно во календарот значи поддршка на тамошната влада, како што тоа претходно тоа се случи и со презакажувањето на трката во текот на 2011 година, наспроти фактот дека во декември при демонстрации на плоштадот била убиена 27-годишна девојка при полициската реакција. Се проценува дека штетата од откажувањето на трката е најмалку 30 милиони долари, а ако тоа се случи и идната сезона, ќе има посилен одраз, особено што Бахреин како домаќин се јавува и во други првенства под капата на ФИА.
Дополнително, компанијата која што раководи со ТВ правата, Си-Ви-Си Капитал, е во фаза кога јавно објави дека има заинтересиран инвестициски фонд да го откупи бизнисот што тие своевремено го преземаа од Берни Еклстоун, иако го оставија за прв оперативец. За таква зделка да се случи, потребна е согласност од ФИА, бидејќи договорот што Берни го потпиша со федерацијата е со времетраење од еден век, а во него се предвидува таква клаузула бидејќи не е возможно да се дозволи секому да биде промотер на спортот и евентуално да го наруши системот кој што го храни спортот со средства од телевизиските компании. Сличен трансфер се случи и со компанијата Норт Пол која што ги продаваше правата за светскиот рели шампионат, но новите сопственици потоа пропаднаа и ја вовлекоа федерацијата во правни заврзалми. Светската криза остава печат насекаде, па така во бизнисот со медиумите се проценува дека актуелните сопственици на Ф1 правата, Си-Ви-Си Капитал, минатава година загубиле околу две милијарди долари во една друга зделка при откупот на австралиската групација Најн Ентертејнмент, во чиј склоп делуваат повеќе канали и издавачки куќи. Оттука, потпишувањето на новиот Конкорд договор за регулирање на правата и обврските меѓу организаторите и учесниците во Формула 1 се случува во прилично затегнат период, бидејќи сегашниот истекува на крајот од годината.
Сето ова надополнето со последните промени во правилата, укинувањето на издувните дифузери и распаѓањето на ФОТА, ја зголемува одговорноста на ФИА во целата ситуација да ги задржи конците во своите раце. Идната 2012 година е клучна за многу нешта, но ќе претставува вовед во изборите што треба да се одржат во 2013 година, а за кои се верува дека Жан Тод нема да биде кандидат согласно неговите изјави дека нема енергија за повеќе од еден мандат. Оттука, лесно е да се претпостави дека годината што ни претстои речиси сигурно ќе биде турбулентна и стресна, па политичките теми повторно ќе испливаат на ударните места во медиумите пред спортските. Единствена надеж е дека сите промени во правилата ќе дадат навистина голем ефект и на асфалтот ќе видиме одлично шоу, кое би ги засенило политичките надмудрувања и ќе не потсети за што всушност ја сакаме и гледаме Формула 1
http://www.f1almanah.mk/formula1/tekstovi/10684-ne-e-lesno-da-si-fia
како батина да се еклстоун и тод
двата куси