Абе џабе е војска и све, кога нема компактно население. Турција има над 20% Курди. Курдите се сличен народ со Иранците. Плус тоа во моментов армијата на Турција е длабоко поделена. Ердоан почна апсења на Генералите кои му спремаа пуч во 2008 година. Војската има 2 струи во моментов. А и стратезите на Турција не се покажаа многу способни во војната во Нагорно Карабах, каде што на Турците им беше џабе надмоќното вооружување.
Башка и не се баш посилни од Пакистан кој е нуклеарна сила. Така да не можеш да кажеш дека Турција е најсилна муслиманска држава. Можеш да кажеш дека има вооружување од НАТО кое во некој степен е подобро од вооружувањето на Регионалните ривали како на пример Иран. Но за да споредиш две сили потребни се и многу други параметри.
Арапите сеуште се слаби, но не можеш да ја занемариш арапската пролет, Арабија се враќа во игра, мамелуците си отидоа од Африка. Сега цела борба на влијание се игра помеѓу Арабија и Иран врз Сирија, Либан и Палестина. Колку е Турција моќна во регионот покажува фактот што едноставно стратешки не може ни да се приближи кон оваа свера на влијание и повеќе е свртена кон Балканот, каде што силите се повеќе расцепкани и кон панТурските држави со кои и не граничи.
За разлика од Турција, како што кажав многу пати, Иран е компактен има силно културно и политичко влијание врз поширокиот регион. Опкружен со Персиско население, Авганистан, Таџикистан, во Пакистан има доста Персијци, Курдите, Сиријците, Либанците итн. САД во последните години им уништи 2 од 3 смртни непријатели. Режимот на Садам(Мамелучки режим) и режимот на Талибан (Арапски режим).