Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Видео од голот на Мојсоски има некаде? Стварно ептен сум разочаран. Пораз на Македонија потешко го примам отколку некој мој личен неуспех :(
 
Нема што да им се приговара на играчите...
И по пола саат не сум способен д пишам...:(
Ќе пишам вечер, мада предлагам темава да иде во канта па и нека биде избришана. Да заборавиме на овој меч побрзо :facepalm:
 
арно рече Игорче...."дај боже на крајот Лазаров да има 13 погодоци а Македонија да заврши со +1".....Лазаров имаше 13 погодоци...требаше друг да шутира :)
 
Што да напишеш после ова ајде?Влези бе шутот на Кире и готово, ох брее...А и одбиената топка можеше кај нас да се одбие, цц.ц.ц ......

Незнам што требаше да направи Хансен, за Шундовски да смени нешто, јас сварно незнам ...
 
Најмногу од се ми е криво што за влакно ги изгубивме натпреварите!
Aбе виде оваа сител едно време емитуваше со знак на германска телевизија, ај да ги тужиме како така смеат, ги нарушуват авторските права
 
Mozda ke imavme sreke da tepame ako trenerot ne go zamenese golmanot ;@@@
 
Абе бар малце, само малце спорстска среќа да имавме на првенствово сега ќе имавме 6 бода во групава и ќе бевме главни претенденти за полуфинале...
Не можам уште да си поверувам како изгубивме... :(
 
Секоја чест на Кирцава, мислам ок, најдобар е последниве години во мк ракометот ама зошто бре никој не сака да шутира друг... мислам последните 10 минути освем онај продорот на Наумче и поништениот гол мислам никој друг не се ни обиде да пристапи кон голот... само се вртеше и подаваше кон Кире... можеби требаше да шутира високо наместо ниско но то ае тоа , без неговите голови ќе ни бегаа бајаги така да секоја чест за неговата храброст... ако на првите утакмици имаше помалку од 40% реализација сега имаше 76% но џабе не тепавме :( ... тренерот тапа, мислам аман за кога го чуваше тајмаутот, за последен напад :confused:... туку што тропам... и онака тој ништо не кажува, уствари не ни знае... после ова европско мислам најбрзо што може да се најде негова замена бидеќи и вака тој по мое мислење е само на штета на репрезентацијата со неговото чутење :confused:... ех да имаше начин и можност некој на лино червар да може да му даде тренерска палка за оваа репрезентација, 99% имаме медал на секое првенство на кое би очествувале, овај шудов нема нит знаење ниту авторитет над репрезентацијава...
 
Ајде, ајде кењајте сеа сите... Сеа ви е моментот...

Селекторот ни е катастрофа - ФАКТ. Го знаевме тоа од пред ЕП, но онде фалеше и среќа, многу фалеше. Жално е да се кења по играчите, жално. Само по шутраков на клупа...

Супер игравме у прво полувреме, и глупо беше да се очекува дека истата игра ќе фати и у второ. Немаат данците „експерт“ на клупата како нашиот. Моравме да ја промениме играта, не ја променивме. Се влечевме на Кире.

Не го искористивме тоа што го искористиле Полска и Србија, немавме и среќа колку нив, се здиве Хансен (му еем тоа фацата глупа), многу збунета нашата одбрана... им се поклопија картите у второ на Данците...

Штета, криво ми е, многу ми е криво што доживуваме вакви порази. Толку блиску, а толку далеку. Од никого не бевме надиграни, сите ги јадевме до крај, но ја немавме онаа среќа која излгеда остана во септември во Литванија...
 
Абе бар малце, само малце спорстска среќа да имавме на првенствово сега ќе имавме 6 бода во групава и ќе бевме главни претенденти за полуфинале...
Не можам уште да си поверувам како изгубивме... :(
 
Не се запнувајте со тие 6 гола разлика, не е ова фудбал па да се многу и тоа во прво полувреме и тоа против вице шампион 6 разлика не е ама баш ништо! Единствено е материјал за да ја успориш играта и да нема начин да бидеш стигнат, ама кај нас нема кој да го материјализира, незнам тренерот како ќе спие вечерва. Истиот фластер што не го стави на Ким против шведска сега не со стави ни против данска.... подобро Докузоски да го трансформиравме од кошарка на ракомет, ќе најдеше некоја логика да се заврши подобро од ова.....
 
Многу ми е криво што изгубиме. Во раце ја имавме победата!И прекинете со плукање по играчите, мислам дека дадоа се од себе. Горд сум на нив и мислам дека Кире конечно ви покажа на сите кењатори каков играч е. Главната причина за поразот, не само на овој туку и на предходите два натпревари е немањето искусен селектор. Да се нема уиграна тактика за последен напад е срамота. Штета за оваа генерација која има ОГРОМОЕН навистина ОГРОМЕН потенцијал, да биде водена од ваков селектор. Мислам дека со искусен тренер ќе имавме шанси за медал. Но што е тука е, колку што имавме среќа во кошарката толку немаме среќа во ракометот.
Незнам што друго да кажам. Горд сум на сите, за нивната пожртвуваност, а посебно на Кире кој како вистински лидер собра храброст да го упати последниот шут кој за жал го одбранија.
 
Не осакати за сите пари!!!
 

Attachments

  • sundo.jpg
    sundo.jpg
    30,5 KB · Прегледи: 5
Значи, Шундовски не уби, не уби човече. Ало, до толку да се нема осет за тајм аут, фластер, промена на тактика и наметнување на игра. И пази и кога ќе викне ( обично предоцна) тајм аут, единствено шо збори е овој џингл: "Немојте само две минути да правите ". :facepalm: Кретену кретенски... Леле колку ме боли поразов, не можам ни да пишам:place:Жал ми е за една ваква брилијантна генерација на ракометари да не постигне повише.

Напред Македонија, и во радост и во солзи ние ќе те бодриме...


402485_2816672289694_1045448790_2759377_1900729706_n.jpg
 
Кога се смени коментаторот почнавме да губиме, од време на време се враќаше со краток коментар тој во Белград што е како се вика и после тотално се изгуби сигналот :D
 
И што ако тепаат со Србија?Ништо.Само некое место погоре.Зошто да не бевме во полуфинале или пак да бидеме 5-то место?
До кога ќе се задоволуваме со минимални порази и со тоа дека ја оставиле душата на терен?
Е баш дека ја оставаат душата,заслужуваат и многу повеќе.Греота е оваа генерација да не направи некој историски успех.
Ама кога имаш дрво од селектор на клупа,епилогот е повеќе него јасен.

Памти ми го зборот за Србија. Ако успееме да го добиеме тој натпревар има богови да ги направат. Мојот пост се однесува на сите оние навивачи кои гледаат спорт парцијално, само во вакви моменти, убедени дека мора секогаш да се победи.;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom