Најпотценети и најпреценети актери/актерки?

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
^
Многу го почитувам Гери Олдман затоа што толку различни ликови има одиграно (квалитетно), толку трансформации има направено...

А овие постовиве погоре, Пачино и ДеНиро што играат денеска во лоши филмови...
Кристофер Вокен си кажа еднаш дека досадно му е, нема хоби, нема деца, ако не снима филмови, не знае што да прави па затоа денеска го прифаќа секое сценарио што ќе му го пратат, не го ни чита... Не му е за парите, досадно му е на човекот :)

--- надополнето ---

ЗАборавив да допишам за Г. Олдман - кога го гледаш него во некој филм го гледаш ликот што го глуми, а не Гери Олдман. Тоа се бара.
За разлика од на пр. ДиКаприо во поновиве филмови, на пр. Шатер Ајленд , неприродно, вештачки ми игледаше како детективот, што се обидуваше да го одглуми...
На помлади години многу подобро глумеше, доволно е да се спомне само Што Го Јаде На Гилберт Грејп...
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Ерик Робертс. Потценет актер кој не доби вистинска шанса, заглави во еден куп лоши филмови, немаше кам-бек како Мики Рурк (кој пак, исто, заглави во лоши филмови) и остана во сенка на сестра му Џулија Робертс.
 

Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Најпотценет актер Daniel Day Lewis. Мал број на филмови, малку познат за послабите познавачи на филмот, а одамна докажан како огромен талент.There Will be Blood - една од најтешките улоги некогаш одиграни на филмското платно, маестрално одиграна, според мене една од најдобрите.
 

Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
А преценет...хмм морам тука да го спомнам Nicolas Cage...огромна заслуга за неговиот просперитет има неговиот роднина F F Coppola и ќе споменам иако оф топик има оскар за најдобра главна улога :pos:оскар ! Нешто за што сонуваат Tom Cruise, Ed Harris, Johnny Depp, Brad Pitt, Leo Di Caprio и многу други далеку подобри актери...Al Pacino има 1 оскар, Nicolas Cage има 1 оскар хаха нема проблем :tapp:
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Најпотценет актер Daniel Day Lewis. Мал број на филмови, малку познат за послабите познавачи на филмот, а одамна докажан како огромен талент.There Will be Blood - една од најтешките улоги некогаш одиграни на филмското платно, маестрално одиграна, според мене една од најдобрите.



Daniel Day Lewis го нема во голем број на филмови, не затоа што е потценет, напротив, туку затоа што самиот е многу пребирлив во врска со улогите... И со право.

Меѓу потценетите би ги ставила: Robin Williams, Ray Liotta, Samuel L. Jackson, Kathy Bates, Danny Aiello, Liam Neeson, Stanley Tucci, Jim Broadbent, F. Murray Abraham , Ben Kingsley , Helena Bonham Carter, Maggie Smith

Преценети: Leonardo DiCaprio (во последниве неколку години преглумува), Nicolas Cage ( дефинитивно), Kate Winslet, Reese Witherspoon, Angelina Jolie, Natalie Portman, Nicole Kidman, Johnny Depp... и тако даааљеее:)
 

Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Daniel Day Lewis го нема во голем број на филмови, не затоа што е потценет, напротив, туку затоа што самиот е многу пребирлив во врска со улогите... И со право.

Меѓу потценетите би ги ставила: Robin Williams, Ray Liotta, Samuel L. Jackson, Kathy Bates, Danny Aiello, Liam Neeson, Stanley Tucci, Jim Broadbent, F. Murray Abraham , Ben Kingsley , Helena Bonham Carter, Maggie Smith

Преценети: Leonardo DiCaprio (во последниве неколку години преглумува), Nicolas Cage ( дефинитивно), Kate Winslet, Reese Witherspoon, Angelina Jolie, Natalie Portman, Nicole Kidman, Johnny Depp... и тако даааљеее:)
дај не зезај Johnny Depp преценет....еден филм гледај - "Blow". Ништо повеќе не барам.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Најпотценет
Питер Селерс
Ли Ерми


Најпреценет
Николас Кејџ
Сталоне
Шварценегер

 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Преценет: Метју Меконахи. Да не му беа тоа мускулите, што ли ќе правеше човекот. Тоа не е актер, човеков е во филм дека е актер. Го гледав во The Lincoln Lawyer и просто се чудев колку се занесува, а всушност не глуми. Се изнамачил да изгледа како кул адвокат, фраериште, а на крај резултатот фарса. Веројатно сакал да го изглуми Ричард Гир во Primal Fear ама штета за него што не му е ни до колена.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
дај не зезај Johnny Depp преценет....еден филм гледај - "Blow". Ништо повеќе не барам.





Да не се разбереме погрешно... Ги имам изгледано повеќето филмови со Johnny Depp.
Не велам дека е лош. Добар е, ама само за одреден тип на улоги, а тоа се претежно мрачни типови или mild freaks.
Не e баш сестран глумец.
 

Rage!

Анархист
Член од
23 ноември 2011
Мислења
78
Поени од реакции
33
Тој е специфичен лик и најмногу му одговараат специфични улоги. Не дека не може да биде обичен. Пример, Finding Neverland или What's eating Guilbert Grape игра прилично секојдневен човек, со вообичаени карактеристики.
Секако, најмногу му лежат улоги каде е специфичен, затоа и соработува со специфичен режисер Tim Burton. Кој има лош збор за Edward Scissorhands ? Перфектно одиграна улога, според мене и неможеше да биде подобро.
Можда Џони не е подобар од другите гиганти во нормални улоги, но во специфичните, фантастичните, е недостижен.
--- надополнето: 14 декември 2011 во 00:29 ---
А убаво е да се спомне овде и Robert Carlyle а и другиот Robert Downey Jr.
За првиот, можам да кажам дека е навистина добар сестран глумец, и би го ставил во исклучително потценети актери. Вториот, ептен ми е фаца, навистина уживам кога го гледам во сите филмови, а нема некоја почит во Холивуд.
Сега со Iron Man и со Sherlock Holmes се проби малце повеќе, но сепак би рекол и за него дека е навистина потценет. Знам дека многумина нема да се сложат со мене за Downey Jr. , не го почитуваат, но според мене, навистина создава атмосфера човекот околу него, има убав сарказам и интересно однесување што не го менува во ниту една улога, од ситен џепчија до супер херој. :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Мене Леонардо Ди Каприо воопшто не ми е преценет, тоа што е распространет во светот на новинарите не значи дека е преценет.

Преценет: Џорџ Клуни, Анџелина Џоли,Камерон Дијаз,Том Круз, Ештон Качер...

Потценет: Robert Downey Jr., Jamie Lee Curtis, Zooey Deschanel
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Оh my!

Како сум можел да не го приметам невидениот талент на Claire Danes!

Колку е само добра неможам да опишам, препорака до сите за гледање на серијата Homeland, најмногу заради неа, маестрална е!

Како и да е, дури и ако не сте нејзин фан, или не ви се допадне нејзината глума (чисто сумљам) во секој случај серијата е многу добра, (одлична глума, приказна, сценарио, генерално) така да немојте да пропуштите!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Ех Псај не заебавај, во една серија одглумила добро и одма - потценета. :) За колку актери така би требало да кажеме дека се потценети...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Ех Псај не заебавај, во една серија одглумила добро и одма - потценета. :) За колку актери така би требало да кажеме дека се потценети...
Му се случува периодична ова, му мине брзо, не го карај. Нели псај? http://www.imdb.com/name/nm0001303/ :icon_lol:

Инаку, fame-wise нема да зборам, Том Круз, Ештон Качер.. ок нели.. ама овој не го варам
--> Ray Fuckin Liotta. Преценет "aктер". Не преценета убава фаца. Да позбориме за глума малку, доста со Качер или пример рецимо, Никола Скејџ. :)))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom