Физички изглед

  • Креатор на темата Креатор на темата sagaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Си имам и јас свои периоди кога се преокупирам со изгледот.. Тогаш стојам пред огледало и си ги наоѓам маните.. Дека треба да симнам некое килце.. Да ги нема образиве..
Али некогаш за ништо не се грижам.. се случува да излезам и без шминка.. онака со бушава виткана коса.. :toe:
 
Не сум многу опседната со тоа, ама сепак водам грижа. За да одржувам кондиција и добра форма одам на фитнес, спортувам, чат пат до сауна и слично. Кога одам некаде обавезно со мене носам торба со козметика (од парфеми, шминки, млеко за тело, силиконски капки, млеко за чистење на лицето до маска за коса и други такви тракатанци со кои си го празнам џебот:kesa:) Секогаш гледам да сум топ средена па и ако сум дома и никој не ме гледа, едноставно сакам убаво да се чувствувам:wink:
 
Најголема опсесија ми е косата ! Мора секогаш да ми е средена... за облека да секако сакам убава облека , посебно убави патики.. за физичкиот изглед не се жалам :P глеам повеќето кажуваат 'стомачето да го стегнам' хах ... неам 'Пивско Меше' хах ... али пак имам проблем со килажата -.- висок сум 1,73 а тежок 51кг... -.- сакам да накачам некое килце али никако да успеам :S ...
 
Онака, нормално .. Колку што и си треба. Без гнасно запоставување, односно преголема помпа. Сега сум топ. Си ја вратив оптималната тежина, имав добар вишок на врз мене еден период.

Е сега уште да ги решам подочњаците, и се ќе биде под конец .. Учењето на вечер си зема данокот. -.-
 
Не се преокупирам ама не дека не внимавам. Се чмаам по теретани со што си направив тело кое што ќе ми изгледа мене пред се пријатно на око ама од друга страна не преферирам да го експонирам истото како некои.
За облекување претежно сум умерено загрижен - колку да е чисто и испеглано но некогаш на посебни прилики знам да сум ептен избирлив и ми иде да се мавнам себеси .
 
Воопшто не се замарам.Знам дека сум преубав и тоа за мене не претставува ништо посебно.
Се разбира,не сум најубав на светот,но сигурно сум меѓу првите пет.
 
јас сум да ме грабиш и да бегаш
 
Јас сум многу убав...

... барем мама вели така.
 
Дечко со просечен изглед мило ми е што не сум лепотан ќе се плашев цел живот да не ми стегнат бокс и убавите заби да ми ги искршат а забиве ми служат за отварање флаши кога немам отварач :)

Шала на страна не ми е толку важен бидејќи повеќе преовладува шармот кај мене отколку изгледот, а да имаш изглед без шарм џабе ти е ;)
Иначе тоа со флашите е true story :)
 
некоја средина.. али повеќе на физички изглед :)
 
Обраќам внимание на изгледот, така со долгичка коса но сега овие денови ќе се РАШИШАМ. :icon_lol:
 
Немам некое многу определено мислење за себе . Имам многу убави црти на лицето,но ме мачи комплекот дека сум подебела и покрупна во фацата...Не знам како да престанам да се замарам со физичкиот изглед...Мислењето ми варира , нон стоп ми се менува ,, понекогаш имам самодоверба понекогаш немам...тоа всушност понекогаш и делува врз моето расположение...
 
ич не се замарам со мојот изглед, за облека се трудам да делувам уредно и чисто, не ми е гајле дали чорапите ми одговараат со чевлите и дали носам часовник од 200 ден или 200 евра, битно да ме служи, додуша не носам часовник ама се дешава и тоа..единствено што сакам кај мене е косата која порано ми беше долга сега е пристојно долга за чоек на мои години:icon_mrgr: и не верувам дека некогаш би а носел кратка освен ако самата не ми опадне да чукнам у дрво:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom