Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

Г

Грејвдигер

Гостин
Хах, ниту еден филм немаш симнато? За музика и софтвер сите некако ќе се снајдеме...
И ја ти користам GNU/Linux, целиот друг софтвер ми е бесплатен, игри не играм многу и единствена игра што ја имам е Teeworlds (пак бесплатна), музика низ Youtube, Last.fm (платено, али го баталив), нешто низ еден куп радио станици што ги имам во Clementine и единствена музика што ја имам на HDD е некоја што е издадена под слободна лиценца.

Ама филмови... да купуваме, е мало морген. И онака сите гледаме по неколку филмови неделно и замисли сите да ги купуваме колку пари ќе ни отидат по нив, а во нашата убава ни Македонија едвај човек сврзува месец за месец. И немој да ме јебеш у здрав мозок дека се ти е легално.

Ако си купил од продавница што продава оригинални игри, нема шанси да те зезнат, а тие од тезгаџиите се далеку од оригинал. :) И џабе ти е објаснување ако си ја купил од било каде, кај тебе е... не можеш да докажеш.

Едит: Некои се легално качени на YouTube, ама не се само тие... ги има еден куп кои се прикачени од обични корисници. Не само музика, има и цели филмови.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Дечко, на јутјуб пеачите сами си ги качуваат песните, а и да е, мене не ми е гајле. Јас не симнувам во мој пц ништо од јутјуб така што, се додека е онлајн имам право да го гледам. Инаку, ако на некој му се прекршени авторските права, јутјуб го блокира видеото. Тоа мегауплоад не го правеше. Епа, чорба.
Сакаш да кажеш дека сите можни музички клипови се качени од изведувачот?
--- надополнето: 21 јануари 2012 во 01:32 ---
Едит: гледам Грејвдигер убаво објаснил.

П.С. Имав еден професор во средно што предаваше информатика и тој е поборник на пиратеријата. Но, ни објасни дека под пиратерија спаѓа и ако слушаш песна неприкачена на јутјуб од изведувачот. Значи и ти спаѓаш во нас, тоа е се што сакам да ти кажам. Или па и ги бираш песните на јутјуб да се од изведувачот?

Може сега бараш пари од твоите за да купиш се ама ќе видиш сам кога ќе живееш дали така лесно ќе бидеш противник на пиратеријата.
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
http://www.disneystore.com/ Се заиграле дечките, инаку пиратеријата мора да ја има, за нас земјите со низок стандард. На едно предавање го прашав Дејан Димитровски или така нешто главниот на Microsoft Macedonia дали ја оправдува високата цена на производите на Microsoft, и одговорот што го добив беше дека Microsoft не се грижи за цената на пример Windows 7 туку придонесува за подобро користење на истата во нашата земја. т.е превод на windows office итн итн, додека цената морала да биде стандардизиран.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Пиратеријата никогаш нема да се искорени, тоа е точно. Најверојатно целта им е да и ја сменат формата. Со торент сајтовите веќе никој не купува пиратско CD, сите симнуваат. Со новиве регулативи веројатно тоа ќе го забранат и пиратеријата ќе остане дозволена само во земји како Кина и Русија. И од таму ќе тече кон САД и Европа, ама повторно ќе се продава на CD. Се повторно ќе си биде како во старите добри времиња кога сиротите Индијци, Пакистанци и жители на Источна Европа го заработуваа лебот продавајќи ефтини копии по тезги и бегајќи од полицијата, а не како сега кога им конкурираат за работа на „повисоката раса“ и им ги намалуваат платите.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Се додека piratebay е он ќе си имам убав и спокоен живот. :D
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.558
Поени од реакции
4.492


Преку ваквото од оние кои го поддржуваат овој глуп закон и кој мислат дека ова е вистинскиот потег за да се спречи пиратеријата...Демек се што имаат во нивните хард дискови му е лиценцирано.
Таламбаси.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.947
Поени од реакции
1.498
Почитувани човечиња кои што ја жалат „сиротата“ западна музичка/филмска/забавна/whatever индустрија - потполно Ве разбирам и океј е да заработи некој нешто за својот вложен труд безразлика каде е и кој е.

Проблемот е што често се поставуваат нереални цени за вложениот труд придружени со fake advertising, при тоа корисниците прават ирационални економски одлуки (пр. купуваат безвреден производ за огромна цена) а тоа помага во креирање на значителен економски дисбаланс кој што придонесува до економски колапс.

Пиратеријата дозволува да видиш нешто какво е, без при тоа да те лажат со маркетинг и слични трикови и доколку одлучиш дека навистина ти се допаѓа и дека цената е реална за трудот тогаш ќе го поддржиш авторот, тогаш ќе го наградиш авторот за неговиот труд.
Пиратеријата помага информирајќи, креирајќи пореална слика од маркетингот (кој што може и најчесто е тотално лажен) и при тоа пиратеријата спроведува економски баланс поддржувајќи рационални одлуки од страна на клиентите во изборот на продукти што ќе ги купат.

Да не беше пиратеријата на пример Windows немаше да биде волку популарен, Microsoft со мавање лиценци на фирми сега профитира баш поради таа пиратерија што се случувала веќе некое време, таа пиратерија што ја искористиле како еден вид бесплатен маркетинг и проба - фирмите што одлучиле дека Микрософт е океј ќе одат со лиценциран Микрософт, фирмите што одлучиле дека Микрософт не е океј ќе се лиценцираат со нешто друго.

Чисто информативно, јас сум стриктно Linux корисник, и поштувам продукциски куќи кои што дозволуваат да го видиш материјалот легално па макар и со реклами во него пред да го купиш, тоа е прилично фер и не е мачка во вреќа технологија - како корисник имаш право рационално да одлучиш дали нешто вреди или не за таа цена.

Исто така апсурдно е да се дозволи продукциска куќа да биде над законот, за се си има суд и тој одлучува што-како.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
И да не се лажеме: нема ни 5 луѓе на форумов што било кога платиле за лиценциран антивирус. Не глумете лудило.
Јас сум еден од тие малце :)
моментално имам купено лиценциран Авира, купен од официјалниот сајт, но за филм или музика не би платил .
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Абе ви се чудам на логикава ваша. Да користиш пиратерија било демократија. Во светот на бајките живеете вие? Која демократија, тоа е кршење на авторски права (а ако некој ти го крши правото, тогаш тоа не е демократија). Сакате филмови, игри, музика итн? Купете си ги. Кој ви го прекршува тоа право?
Мене ми се смеевте во темата која ја отворив за помош со купена игра, зошто сум купувал игри. Па логично е нешто ако сакам да го имам, да го купам.
Јас сум огромен противник на пиратеријата и се надевам дека конечно ќе се укине. На кој не му се плаќа - има и слободен (бесплатен) софтвер.
Море не трескај глупости

вака сега да купиш оргинал игра ти е некаде околу 50 до 100 долари па нагоре

е сеа пиратеријата има една голема предност во однос на оргиналот што значи тоа значи играта ако ти е оргинал мора стрикно да ја играш само со CD, пиратеријата е ти е сосема друго можеш да ја играш без цд башка не фрлаш пари за глупа игра која има гејм плеј 5 саати

сакаме музика и филмови ? и да си ги купиме ? ти кај работиш во MS зимаш плата 50000 долари ?

кај ке ни биде крајот ако купуваме песна од 2 мб да ја плакаме 5 долари АЛООО

за филм да давам 5000 денари за да ги гледам бонус цените како се снимал филмот глупости и плус да ми минат досадни реклами па да не можам да го вртам кај што сакам ?

има многу начини за заштита на авторски права ама не е овој

ајде viva la piraterija :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

David^^

Ристовски
Член од
9 декември 2011
Мислења
165
Поени од реакции
42
Сакаш да кажеш дека сите можни музички клипови се качени од изведувачот?


П.С. Имав еден професор во средно што предаваше информатика и тој е поборник на пиратеријата. Но, ни објасни дека под пиратерија спаѓа и ако слушаш песна неприкачена на јутјуб од изведувачот. Значи и ти спаѓаш во нас, тоа е се што сакам да ти кажам. Или па и ги бираш песните на јутјуб да се од изведувачот?

Може сега бараш пари од твоите за да купиш се ама ќе видиш сам кога ќе живееш дали така лесно ќе бидеш противник на пиратеријата.
Добро бе како да ти се објасни тебе нешто толку едноставно? АКО АВТОРСКИТЕ ПРАВА СЕ ПРЕКРШЕНИ, ЈУТЈУБ ГО БЛОКИРА ВИДЕОТО.
Второ, мене ич уво не ме боли за твојот професор по информатика.
ДА, сега барам од моите и си купувам, а кога немам не си купувам, кога ќе заработувам сам ќе си купувам ПАК, а ако немам нема да си купувам. Што е толку факинг тешко да се разбере?
и да, никогаш не сум купил било што од тезга, па игра ќе купувам. Какви невистини ќе кажете за човек, само за да дојдете на вашето.
Преку ваквото од оние кои го поддржуваат овој глуп закон и кој мислат дека ова е вистинскиот потег за да се спречи пиратеријата...Демек се што имаат во нивните хард дискови му е лиценцирано.
Таламбаси.
ДА, СЕ ШТО ИМАМ НА МОЈОТ ХАРД ДИСК е лиценцирано. Тоа па и не е твоја работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom