Од граѓанското движење “Разбуди се!“ реагираат на “скандалозното навивање на навивачите на ракометната репрезентација на Македонија на вчерашниот натпревар со Чешка, но и на претходните натпревари на Европското ракометно првенство во Србија“.
“Разбуди се!“ реагира на скандирањето на песна во која, според нив, се навредуваат Албанците од страна на играчите на ракометната репрезентација на Македонија по натпреварот заедно со навивачите.
“Очекуваме дека Министерството за внатрешни работи ќе поведе постапка за ширење на етничка нетрпеливост против играчите и навивачите за ова скандалозно и неприфатливо поведение. Истотака, очекуваме и реакција од страна на Ракометната Федерација на Македонија која што мора да се огласи за овие рацистички испади на играчите и навивачите“, се вели во соопштението на Здружението.
Од Здружението велат дека “додека во Ниш се пишуваат пароли од страна на Србите на кои пишува дека Македонија е српска земја и истите парадираат со грчки знамиња во обид на провокација како и не ја признаваат Православната Црвка на Македонија, додека Грција го негира идентитетот на Македонците и името на државата, додека Бугарија го негира јазикот и историјата и вели дека Македонија е најромантичното место на Бугарија, навивачите на Македонија својот неразбирлив гнев го упатуваат кон Албанците иако играат со Шведска, Германија, Чешка“.
Имено, Здружението го честита успехот на репрезентацијата на Македонија, нагласувајќи дека нема да прифати “изливи на албанофобија, кои се резултат на несигурност во својот идентитет од страна на таа изолирана група која го предизвика овој скандал и ги повикува сите спортски работници и медиуми да го осудат ова поведение за да се избегне повторување“.
На кој до што му е ...
Линк