Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јануари 2012
Мислења
11
Поени од реакции
2
ќе биде тешко мнооогу тешко со Данците тие се поквалитетна екипа од Шведска и Германија... наша шанса за понатаму реално гледано се Полска и Србија... Но сепак...ние сме Македонци и не се откажуваме така лесно...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нека играат исто како што играа во второ полувреме со Чешка, плус само Алуш да се разигра уште повеќе и ќе бидеме тата-мата. Само страв ми е за Миркуловски, има повреда на рамото, а вчера изеде ептен ќотек, па ме загрижува да не се доповредил. :( Него, мајко моја, кога ги гледав каков ќотек јадеа, мислам дека и мене ме болеше. Столе, очекувам да се разигра и да им парира на тоа Данците (стварно не знам со што ги ранат еј, све волови се, ама и Чесите не беа нешто поситни). Борко очекувам да е стандарден, мада и Диви си е супер, ама Борко е Борко. Мислам дека една од причините што Кире правеше толку наивни грешки беше преголемата желба за победа и преголемиот притисок да се помине во втор круг. На моменти изгледаше како цел свет да го носи на грб. Мислам дека сега ќе е помалце оптоварен и дека ќе се разигра само како што он знае и умее. :) Темелков ми е се посимпатичен како играч, знае како да разгори атмосфера и да се најде на право место во право време. Мојсо, само да најде начин да и избега некако одбраната, затоа што го имаат доста прочитано, ама во секој случај дава се од себе.

Само нека го остават срцето на терен како и досега, па и секоја грешка ќе им е простена. Вчера кога испопаѓаа на паркет, душава ми се исполни. Публиката падна во делириум, такво нешто не верувам дека “здрвениве“ Европјани виделе досега.:свиркам:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Не можам да ја дочекам утакмицава у пм.... :D
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.837
Поени од реакции
20.302
Не можам да ја дочекам утакмицава у пм.... :D
Остај мене срце ќе ме стрефи ја викам треба да ми се забрани утакмици да гледам, особено па кога играат гол за гол, хаос .....
Ко коментаторот и неговите испади „ ништо страшно, ништо страшно имаме активен резултат.... “ :icon_lol:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.983
Поени од реакции
74.045
Убеден сум дека пишав пост во темава пред 10 минути, кај ми отишол да го ебам o_O

Сакав да кажам дека сум убеден во победа над Данциве :D
Пред неколку дена бев сто посто сигурен дека попрво Франција би ја тепале отколку Данска, сега мислам дека имаме големи шанси за победа над Данска, особено по нивните порази од Полска и Србија и не така убедливото издание со Словачка.
Само треба да им се наметне нашата игра. Долги напади, сигурна завршница, бројот на изгубени топки да се сведе на минимум пошто имаат убиствена контра и да им се оневозможи да ни играат брз центар :D Пошто ако ни играат брз центар наебавме, нашиве гол слават две минути и после неможат да ги направат потребните рокади во одбрана, па вчера Стоилов неколку напади не успеа да смени и мораше да го чува тој коњот од 2 метра во одбраната.
Како не организиравме ние едно првенство во машки ракомет. Па гарантирам дека во Борис Трајковски од капацитет 8 000, ќе имаше 12 000 души и уште толку надвор :D
Па кој сака нека дојде, неможе да не победи. Полуфинале загарантирано :icon_mrgr:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нека отвори некој нова тема за новоформираната група :D
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.906
Поени од реакции
7.468
Сега само едно нешто сакам да кажам!!!!!ЕДНО!
Да ви го втерам ВГАЗ ШВЕЃАНИ ГЛУПИ!
Пу швабиве пак најдобро излегоа од групава маму им ја...со 3 бода сега ќе си го прчевме!
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Pozdrav os Nis momci,nie sme uste tuka,utre ideme za belgrad,ne se isplaka da se vrakame,mi javija drugari od Belgrad/Srbi karite se po 10,20 evra samo nekoj da ne gi otkupi pak na vreme i da si pere pari,kako i da e ideme na pobeda utre nie sme rodeni za pravenje cuda
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мислам дека една од причините што Кире правеше толку наивни грешки беше преголемата желба за победа и преголемиот притисок да се помине во втор круг.
Не знам јас како виде дека носел цел свет на рамења, кога повеќе од пола време го немаше ни во кадар додека идевме во напад.
Јас ќе си признаам дека сум лаик за ракомет и имам гледано можеби 10 утакмици во цел живот, ама верувам дека овде никој да не знае кој е Кире Лазаров, сега нема никој ни да го примети за претходниот натпревар. Сите очекуваме многу од него, затоа мене ми беше несфатливо зашто во 80% од нападите играше улога на Карик во Манчестер или Бускетс во Барса, само преподаваше топки од кои три или четири беа кон играчи на изградени позиици, другите беа сечени или подавани кон играчи кои имаат 3ца врз нив.

И капак на се ми беше славење на голот, ти кажав и на фејсбук и ќе кажам тука, не сме во маало да праиме такви ГЛУПИ грешки, бидејќи тогаш примивме гол.
Не сакам да го критикувам, ова ми падна во очи зашто на крај пак го величаат него, а уствари (според мене), сите други завршија далеку поголема работа, поготово Миркуловски. Мислам дека ова се пренесува и во репрезентацијата, каде што Кире им дава наредби на тајмаути и не верувам дека е прекоруван за ниедна од неговите грешки.

Ама реков, јас појма немам за точните тактики во овој спорт, само сакав да укажам на некои дебилности кои се случуваа вчера и се надевам нема да се повторуваат со репрезентации како Данска. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не знам јас како виде дека носел цел свет на рамења, кога повеќе од пола време го немаше ни во кадар додека идевме во напад.
.
Тоа беше повеќе метафора, затоа што уште пред почетокот на првенството сите очи беа во Кире, од Кире се очекуваше се да направи, Кире треба да биде лидерот, тој е капитен. Преголем притисок имаше околу него, затоа и реков цела тежина на светов ја имаше на грб. Премногу имаше желба за победа, па во таа брканица, во прво полувреме не личеше на себе. Тој е во суштина, како што сум приметила, стабилен играч, но сега беше игра “да се биде или не“, па затоа и малку потклекна на притисокот во прво полувреме.


И капак на се ми беше славење на голот, ти кажав и на фејсбук и ќе кажам тука, не сме во маало да праиме такви ГЛУПИ грешки, бидејќи тогаш примивме гол.
Не сакам да го критикувам, ова ми падна во очи зашто на крај пак го величаат него, а уствари (според мене), сите други завршија далеку поголема работа, поготово Миркуловски. Мислам дека ова се пренесува и во репрезентацијата, каде што Кире им дава наредби на тајмаути и не верувам дека е прекоруван за ниедна од неговите грешки.
Миркуловски беше ѕверотиња, тука нема збор, не за џабе ја доби наградата за најдобар играч на натпреварот од наша страна. И Борко и Темелков и сите останати беа одлични. Но, сепак имај во предвид дека Кире беше најчуван од сите, и самиот чешки селектор изјави дека цела одбрана ја фокусирале на Кире да не може да шутира и таа задача мање више ја обавија. Сепак во второ полувреме не може да му се замери за играта. Асистираше одлично, секој слободен сантиметар го искористуваше. Проблемот беше во првото полувреме, делуваше како да не е Кире.
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
barem si pr
Не знам јас како виде дека носел цел свет на рамења, кога повеќе од пола време го немаше ни во кадар додека идевме во напад.
Јас ќе си признаам дека сум лаик за ракомет и имам гледано можеби 10 утакмици во цел живот, ама верувам дека овде никој да не знае кој е Кире Лазаров, сега нема никој ни да го примети за претходниот натпревар. Сите очекуваме многу од него, затоа мене ми беше несфатливо зашто во 80% од нападите играше улога на Карик во Манчестер или Бускетс во Барса, само преподаваше топки од кои три или четири беа кон играчи на изградени позиици, другите беа сечени или подавани кон играчи кои имаат 3ца врз нив.

И капак на се ми беше славење на голот, ти кажав и на фејсбук и ќе кажам тука, не сме во маало да праиме такви ГЛУПИ грешки, бидејќи тогаш примивме гол.
Не сакам да го критикувам, ова ми падна во очи зашто на крај пак го величаат него, а уствари (според мене), сите други завршија далеку поголема работа, поготово Миркуловски. Мислам дека ова се пренесува и во репрезентацијата, каде што Кире им дава наредби на тајмаути и не верувам дека е прекоруван за ниедна од неговите грешки.

Ама реков, јас појма немам за точните тактики во овој спорт, само сакав да укажам на некои дебилности кои се случуваа вчера и се надевам нема да се повторуваат со репрезентации како Данска. :)[/quo

barem si prizna deka dosega si gledal 10-tina utakmici, pa glupostive nema potreba da se komentiraat...
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Абе сеа у 6 и 15 или во 4 и 15 е утакмицава?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom