Знам јас што му е мајката, а за пејпал ке почекаме уште малку изгледа. И не дека не сакаат нашите увозници, во случајов Панкомерц, туку ретко кој ке ги купува кај нас, се броиме на прсти тие што собираме коли во размер во државава. A за цените пак, да не зборам, треба да се издвојат од минимум 70 ЕУР па до солени 120 ЕУР за една кола размер 1/18, дури и повеќе за ретки и лимитирани серии. Едноставно стандардот не дозволува кога за тие пари ке купиш 3-4 ефтини модели. За жал тоа е реалноста кај нас.