- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.826
- Поени од реакции
- 8.841
И што кажа што јас не кажав? Дека момчето постапило неправилно и дека требало да биде совладано, но не и претепано? Па добро, истото го кажав, се надевам го прочита дел. Е сега, пошто е претепано, и убиено, некој стои зад убиството и треба да биде казнет. Зошто сите го нападнаа баш Спасов, кога никој не е сигурен дека баш тој го убил? Каде се доказите? Сведоците виделе специјалец, ОК, но таму имаше многу специјалци. Спасов од разно-разни причини може да го признае убиството, и ако се сеќаваш се бранеше прво со молчење. Сега за сега, за мене Спасов е осуден без доволно докази, а одговорност јас не би барала од цело МВР и не би ги плукала сите полицајци. Не би одела дотаму министерката да ја бркам, но неговиот надреден да, и сите оние кои учествувале во приказнава, на пример, полицајците кои го пуштиле (ако бил тој) Спасов да си замине, а бил присутен на место на несреќата. Макар и да не бил тој убиецот, има должност да остане и да даде изјава. Да, мене тука ми е матното, но тоа што сите скокнавте и осудивте човек за кои не сте сигурни дека е виновен, не ве прави подобри од оние кои ја извртеа приказната, оние кои не можат да ги најдат снимките итн...Груевски не ни беше допрен, а Саркози (претседател на Франција, не ти посочувам зошто мислам дека не знаеш туку за каков човек станува збор, за колку моќен човек) на пример во видеово е потегнат од хотелиер, па пак хотелиерот не беше убиен туку беше совладан, приведен и му се заканува сега (ако не е веќе осуден) затворска казна како и парична казна.Еве како треба да се постапи:
За првото: тоа е веќе твое лично право, и немам ништо против тоа.Но, детево не беше насилник ако веќе лично посочуваш кон него а темава се однесува токму на него.Во првиот дел индиректно ја оправдуваш неговата реакција, а во вториот дел не се согласуваш.Еве ти видео погоре да видиш како еден службеник на обезбедување, полицаец што сака нека е постапува при такви ситуации.И овде имаш влечење, а Груевски не ни бил допрен.Важен момент.
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 02:12 ---
Кој што сака нека каже, во едно сум сигурна зошто го видов со свои очи, - тој беше на должност, и тоа ги ,,чистеше,, луѓето пред патот на Груевски, т.е. ги тргнаше на страна. Не сакам да ја поставам сликата со другарка ми, заради тоа што не сакам да го кажам нејзиниот идентитет, но заради неговата ,,чистка,, јас и другарка ми едвај потоа се најдовме со друштвото, буквално на пола не раздели и додека да помине НГ немаше спојување.не не не чекај застани!
можеби Спасов бил на должност (додека власта негираше, очигледно сакаа да ја заташкаат целата работа) и имал наредба да внимава да ги трга луѓето од Груевски али немој вакви муабети дека е жртвено јагне. Сигурно немал наредба у стилот " еј Спасов да го убиеш секој што ке се приближи до Грујо" .
Ти текнува?
А дека Спасов е жртвено јагне, е најверојатната теорија. Што ќе се случи ако ги покажат снимките? Дали е Спасов воопшто на нив? Нели?
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 02:14 ---
Или мора да гние во затвор за да си ги заштити децата. Има, се има, Холивуд зема инспирација од реалниот живот после се...Не знам. Не знам ни што точно се случило таа вечер.
Ама знам дека малиов е слеп војник!