Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Жалбава има само симболично значење колку да се изврши притисок колку толку,над гомната ЕХФ ама џабе.

Треба да се мисли само на Чешка баталете и жалби и се.

Реално никој од нас не мислеше дека е гол шутот на Лазаров.....

Да се надеваме дека ќе ни се врати оваа неправда некако,како што беше со русите во баскет.
 
Жалбава има само симболично значење колку да се изврши притисок колку толку,над гомната ЕХФ ама џабе.

Треба да се мисли само на Чешка баталете и жалби и се.

Реално никој од нас не мислеше дека е гол шутот на Лазаров.....

Да се надеваме дека ќе ни се врати оваа неправда некако,како што беше со русите во баскет.

Во ред се тоа што пиша,никој не очекува дека ќе се промени нешто но сепак вистината треба да излезе и тоа може да има ептен голем притисок врз ЕХФ и судиите на мечеот со Чешка.
 
Абе гол е регуларен
добро ете и да е гол. имаме БАРЕМ некаква придобивка? ја чисто сумљам дека некој ке ни пресуди у наша корист и да е и да не е официјален резултат ке го остават тој што беше т.е победа за германците со еден гол разлика. не пратам спорт искрено ама вчера ја гледав утакмицава и можам да кажам слободно дека сами сме си криви што изгубивме. имамвме многу промешени шутирања брзи и непромислени акции и дефинитивно на оваа утакмица на ракомет мислам дека падна рекордот во тепање и мавање. на самиот почеток на секоја минута имаше играч доле што се жали на повреда искрено се искршија од тепање и нашиве и нивните. толку прљава утакмица беше оваа чудо невидно. и судиите како што можев да приметам не беа нешто расположени да судат праведно него одеа повеќе према германците. ако правиме реално муабет требаше германвите МИНИМУМ 3 исклучувања да имаа повеќе само ајде ете им прогледаа низ прсти и тоа е тоа.
 
Секако нема продобивка некаоја од типот преигрување и слично,но барем ќе се знае дека неправда ни нанеле и тоа е некој притисок за судиите за мечот со Чешка.
Искрено според мене судиите ќе ни помагаат за мечот со Чешка од причина што доколку испаднеме Пионир во Белград ќе биде празен,никаков бенефит нема да има ни ЕХФ ни Србија како организатор,од неколку стотини навивачи од Чешка или Германија.
Но ако влезе Македонија во втора фаза,во Белград ќе има најмалку 6-7000 Македонци навивачи.

Доколку имаме добра игра со Чешка,судиите ќе ни помогнат уште повеќе.
Ова е некоја моја теприја
 
Од ова произлегува дека топката е еден метар надвор од линијата.
Ми нема логика ова мене...што знам:facepalm:
 
можда не се гледат најубо ама ево едно кадро

407331_10150475872880780_611445779_8912795_583506542_n.jpg
 
Иако и вчера не беше лошо, со Чешка би имале уште поголема предност од судиите, Шведска вчера ги растури па зошто ние не би можеле.И да,крајно време е Мојсо да ја води играта и да сфати дека од него се чека, да излезе од сенката на Кире, така и него ќе му го смалиме товарот се од него да се чека.
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 11:06 ---
Надвор е, овде најубаво се гледа.:D
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 11:06 ---
И темата за со Чешка никако ВФ да ја отвара.:P
 
Сеуште неможам да поверувам што ни се случи,
Имавме 2 шанси (Шведска и Германија) и двете ги прокоцкавме, не е битно кој е повеќе или помалку виновен, битен е крајниот резултат. Лесно е после битка сите да се прават генерали, лесно е да се кажува вака требаше, така требаше,,,
Фактот дека изгубивме не боли сите нас, НО
- Против кого игравме? - Игравме против 2 тима, едниот тим беше некогашната веле ракометна сила Германија, а другиот тим беа судиите, но и покрај поразот среќна сум дека и против сите достојно можеме да се носиме, рамо до рамо, конечно да покажеме дека МАКЕДОНИЈА не е вечниот аутсајдер, дека секоја група која ќе ја има Македонија ќе не гледа со респект,

За во четврток, само со ладни глави,, без притисок, како да се игра прв натпревар, веруваме во нашите момци, веруваме дека ќе го остават срцето и душата на теренот, со помош на навивачите, и со малку повеќе спортска среќа и помалку ‘‘почетнички‘‘ грешки, ќе славиме ;)

ЗА КОГО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ЗА МАКЕДОНИЈА
 
Џабе скокавме сите вчера ко прле пред магаре, сега се гледа убаво дека не е гол.
 
Овој народ не го заслужил Кирил Лазаров. Човекот со повреда игра на првенството, не знам како не можете да забележите дека откако ќе шутне цело лице му се грчи, не е човекот 100 посто физички спремен. Ама пак гине, цело време асистира и покрај тоа што постојано му се бесат на грб. Не му е брат близнак на Чак Норис па да буши и покрај 2-3 околу него. Утнал пенал, утнал. И? Големо чудо. Се дешава. Човек е, не е машина. Одбраната е крива во овој случај, што кога Диви бранеше они како посматрачи ја гледаа топката, наместо да ја зачуваат. Не знам зошто нашиве играат. Гинат, со цело срце играат, се носат рамо до рамо со најдобрите репрезентации, за што? За да ги плукаат луѓе кои ни основните правила на ракомет не ги знаат? Јас си признавам, не сум некој голем познавач на ракомет, површно го познавам спортот, ама кога некој игра со срце и душа, не ми треба знаење. Кире земале да го критикуваат. Цццц... А и за Манасков не смеете да зуцнете, даде два многу битни голови, а сега утнал, утнал. Има луѓе и со долгогодишно искуство па им се случува да промашат зицер.Има 19 години, и тие два гола беа прекрасни и одлични. И секоја му чест на малиот. Се бореа до последен здив, со последниот атом енергија, на моменти (во прво полувреме) играа и против судии. За кого? За МАКЕДОНИЈА. Не за себе, не за Трајко или Петко, туку за оваа држава. И треба да ги бодриме, а не да ги удавиме во критики, нив им е најтешко. Денес, притисокот уште не ми се спуштил, глава ме боли ко никад досега, уште ми се тресе снагата, криво ми е премногу, зашто тие момци заслужуваат да одат понатаму. Таа публика заслужува да оди во Белград. Тие се наши златни момци, подобри немаме, а сите експерти нека се пријават во Федерација, може ќе ги земат нив за селектори.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom