Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.256
Поени од реакции
2.593
Читам секакви постови, напишани од секакви луѓе. Но тоа е, секаква будала има пристап до интернет.
Да не ги цитирам сите, ќе пишам само на кратко:

Сите што го обвинувате Кире Лазаров, немате врска од ракомет. Толку. Поздрав до сите разумни навивачи.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Туку што е муабетов дека нашава репрезентација ќе поднесе жалба за повреда на правилата. Наводно последниот шут на Кире ја поминал линијата и било гол???????
Од каде излезе оваа информација ?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
http://www.hrsport.net/blogovi/432470/fanatik/najjaci-makedonci

другите и понатаму ни се восхитуваат...

вака земјата добива симпатии од другите, коа веќе неаме пари! :D
Грев е ваква публика да не продолжи да ги бодри своите.:cuc: Мислам дека нема подобра публика од нашата на ова првенство. Затоа се нервирав што се штедеа на гласни жици минатиот натпревар. Ама ова денес нема да им го заборавам. Се наежив од атмосферата.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.741
Поени од реакции
43.887
А што има фајда од жалбата?? Од кога можат вака да се важат головите?? Или има некое такво правило во ракометот, ако е последен шут и сл? о.O
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Ај да беа сите останати играчи сакати и инвалиди, да го форсираш Кире да го шутира секој пенал.
Ама кога имаш други 13 играчи упорно Кире да шутира е :facepalm:.
Втората клучна грешка е оставањето на Манасков во игра.Ок, детето даде 2 гола изигра супер, но во клучните моменти ли требаше да остане во игра?
За поразот никој не ни е крив освен Шундовски и лошата среќа.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Што е со линковиве од спортскиве портали кои објавија дека Македонија ќе се жали за голот... ниту една не ми отвора... :cautious:

Заговор !? :D
 
П

Паспарту

Гостин
Јас сум сосема задоволен и од двата настапи... Нормално дека секогаш може повеќе, но треба малку и ние да се спуштиме на земја со амбициите и очекувањата. Премногу некои луѓе во државава си го ставија на срце фактот што играме во Ниш, а со тоа и очекувањата ги кренаа до небо! До сабајле можеме да се лажеме дека швеѓаните биле подмладени, германците со втор состав, чесите слаби итн, но реалноста е сосема поинаква. Нас треба да не радува фактот што и против едни вакви репрезентации покажавме заби и одигравме сосема солидно, нешто што е за секаква почит. Лесно можевме да победиме против Шведска, но уште полесно можевме и да загубиме. Истото важи и за денеска, да бевме малку поконцентрирани можеби и ќе извадевме нерешено/победа, но нема простор за жалење. За 2 дена следува најважниот натпревар, а да не заборавиме дека пред ЕП само против чесите ја гледавме шансата за победа. Сигурен сум дека играчите ќе одиграат на едно високо ниво и дека ќе се пласираме во вториот круг.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.051
И да било гол нема шанси да се ни биде признаен или слично:)
али убаво е за сатисфакција и поголем притисок вбрз судиите за решавачкиот меч:D
Памтам порано Кометал кога во последни секунди отпадна од една Шпанска екипа во полуфинале или четврт финале, две години по освојувањето на титулата, истотака нашиве се бунеа на судиски одлуки пошто полошо судење никогаш не сме имале.
Долго време се збореше дека мечот ќе се преигра, ама реално тоа не се случило во ниеден спорт ниту пак ќе се случи:)
И во фудбал колку гола паднале, па никогаш не им биле додадени на крај :D
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 22:04 ---
Ја прегледавме видео-снимката и очигледно е дека топката ја мина гол-линијата. Не разбирам како можеше судиите да не досудат гол во наша корист, тоа е материјално кршење на правилата и ние веќе поднесовме официјална жалба до ЕХФ. Иако правдата е нашата страна, морам да бидам искрен дека шансите жалбата да ни биде прифатена се мали бидејќи се знае дека многу тешко се носат вакви одлуки против Германија“ - изјави Драган Начевски, координатор на македонската ракометна репрезентација.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Како прво, пу да му е*ам мајката, да му е*ам. Ми се СЕРЕ од тоа каков народ сме еј... САМИТЕ СЕБЕ СЕ ПЛУКАМЕ... затоа сме у ваква ситуација, затоа, не се почитуваме себеси... какви глупости изпрочитав... страшно !!!

За ракометов...

Самите се шитнавме, како и по навика...
Клучни беа оние 5-6 гола што ги примивме при одбарнета топка на Ангелов. НЕДОЗВОЛИВО е тоа !!! Против Германија игравме алооо !!! Ете ни се удри у глава...

Кире бе... Кире бе... зошто бе Кире !? Најголем си, сите те сакаме, ама претеруваш мајка... штом не ти иде шутирање пенали, дај му на некој друг... Нема потреба да шутнеш од 10 метри у избрзан напад, нема потреба !!! Може со тоа сакаш да се докажеш, али не треба. Ти ВЕЌЕ СИ ДОКАЖАН !!! Фантастични асистенции имаш, продолжи со нив...

Манасков немојте да го критикувате, детето има 19 години, даде 2 гола, не смее да му се замери за промашениот зицер.

СТОЛЕ, СТОЛЕ, СТОЛЕ !!! Немам зборови немам, знаев дека ќе биде откровение кај нас, но волку добра игра не очекував... ЅВЕР !!!

Одбраната беше одлична, после првите 5 минути у кој примивме лесни голови, после беа ФАНТАСТИЧНИ !!! Браво !!!

Судиите не дупеа. Не загубивме заради нивна вина, ама толку апла пристрасни одлуки да му еам мамата... :tapp: Ебати лицемерите од ЕХФ !!!

Ништо, ова беше дежаву, многу глупо неискористени шанси, немање спортска среќа, избрзување... класична македонска судбина...

Чешка мора да го изеде...
+ 1

Mи се згади од квази навивачи со рок на траење колку тоалетна хартија!

За дечките ништо лошо, само замерка за избрзаните реакции на Лазаров.
 

David^^

Ристовски
Член од
9 декември 2011
Мислења
165
Поени од реакции
42
Секој тесен натпревар е таков , како рулет, го фрлаш топчето и кај ќе падне таму.
Да се правиме силни и јаки сега лесно е после утакмицата. Сепак игравме добро , не ги искористивме на крајта шансите и тоа е тоа. Останува да собереме сили и да ја тепаме Чешка.
Туку она што мене најмногу ме изреволтира е однесувањето на нашата публика, па добро бе дали успесите треба да направат од нас СТОКИ и од фер и коректна публика да се претвориме во ПЛЕМЕ ДИВЈАЧКО и НЕИЗЖИВЕАНО. Јас други зборови немам за фрлањето запалки на теренот и ОВА...

Македонски навивачи со јајца го “нападнале” германскиот автобус пред натпреварот

вторник 17 јануари, 2012 во 21:22 | Објавено во Спорт од Здраво

Неколку српски и хрватски портали известуваат дека нашите навивачи во Ниш пред ракометниот натпревар со Германците, фрлале јајца врз автобусот во кој се превезувала германската репрезентација.
Автобусот не бил оштетен, а ниту играчите не се вознемириле поради инцидентот. “Тоа само повеќе не мотивираше за натпреварот”, изјавил Франк Карстен, помошник тренерот на германската репрезентација.
И во текот на самиот натпревар можеше да се забележи дека нашите навивачи фрлаа разни предмети и хартии на теренот, за што неколку пати беа опоменати и од нашите ракометари.
Цццццццц ова не е начин на навивање, а да не зборуваме за тоа што Германија е во добри односи со нас!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ГЕРМАНИЈА НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ОДИ ПОНАТАМУ!
Ги гледав Шведска сега, момците одлично играат, Чесите исто, ние исто, Германците само се шлепаат на стара слава. Од ова што го видов, ништо не покажаа посебно и не ни заслужуваат да одат понатаму. Се надевам дека НЕМА!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Цццццццц ова не е начин на навивање, а да не зборуваме за тоа што Германија е во добри односи со нас!
Кога ќе чујам вака немојте во добри односи сме, ми се блуе. Во спортот нема пријатели и непријатели, па и меѓу навивачите е тоа. Не дека го оправдувам ова што го направиле, идиоти, ама ако гледаме така пријатели и непријатели дајте само против Грција да си играме.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Нема што да се замараме и ние а посебно не играчите и стручниот штаб со тоа дали е гол или не (Освен ако навистина не постои некој механизам за промена на резултатот ако стварно било гол во што не верувам). Сега треба да се посвети времето на подигање на моралот, пошто после ваков трилер пораз, сигурно разочарувањето е големо. Да не се залажуваме дека Чешка е лесен противник, ќе биде многу тешко. Не треба да им ствараме притисок на играчите, треба да останеме со ладни глави сите и така да го дочекаме мечот. Ако успееме да славиме, супер (искрено се надевам дека ќе победиме)..но ако не..не треба да паѓаме во депресии, да навредуваме играчи...знаеме дека ќе се борат машки и со срце. Во добро и во лошо сме со ракометарите.
Напред Македонија!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom